Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Драга,
Дошло 5 години од матура. Треба да се осеќам старо? Ама, јас не се осеќам ко 5 да прошле :icon_lol: Се израдував кога видов дека некој се нафатил да организира, ама среќата ми траеше се` додека не сфатив дека нема шанси да одам :( Сеа ќе треба да чекам уште 5. Не дека нешто многу ми фалат сите, ама ми се идеше, онака забавно ќе биде ми се чини, башка што не е у кафана (!!!)
Мислам дека ти имам кажано колку мразам кога нешто не иде како планирано. Вчера требаше да си имаме дејт откако ќе завршиме некои работи по дома. И испадна дека требаше 100 пати да се вратиме до продавница затоа што го потценивме кучето. И ништо од дејтот. И тапа ми беше ама си викам ај нема везе, ионака и утре може да идеме. Може, шипинци.... Денес пак на работа! Пошто некој решил дека не почнува оваа недела. А требаше и Старбакс да си пиеме. И не ми е толку за Старбаксот, колку што ми се искача без кучињава бар на кратко. Си ги сакам и се` тоа, ама сакам и одмор :D Гледам, ќе бидам супер родител :D А дури 4 сакав. Младост лудост :pos:
Битно имам на што да ја вадам љутината. Имаме стршлени и вчера сум си купила една палка/ракет (бонус опција, се ставаат батерии и можеш да ги спржиш) и денес дури 4 убив (без помош на струја) :D Нека му ја мислат. Нашле тука да ми се котат и мислат ќе седам и ќе ќутам. Мразам инсекти, требало да се распрашаат наоколу :icon_lol:
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.536
Поени од реакции
17.951
Метеопат сум или што сум,за мене едино е лекот само ко е мирно времето,ова не се издржува,временска прогноза,г***а да јаде,ја сум измислен за нив.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.147
Поени од реакции
16.082
Драга,

Ти се плукнам во среќата моја, да полагаш два колоквиума, со едвај 2 саати спиени, со температура, воспалено грло, затнат нос и главоболка.
Не се жалам за неспиењето, али у пм, каде најде баш сега да се разболам? Оди до факултет, врати се, пак оди, пај врати се, умрееееев.
На едниот ми ги сменија прашањата бајдвеј, али предозирана сум со парацетамоли и антибиотици за да се секирам моментално.

Поминав некои време со братучед ми и цимерите негови. Машки, кујна лом, секој си фура свој филм, на лаптоп резултати, на тв пак фудбал. Али затоа ваљда секогаш ми било поинтересно со машки да си поминувам време, не замараат за муабети за кои мене ме боли таквото (шминки, фризури и штикли), искулирани си се, не ти го тумачат значењето на секој збор, едноставно, машките се едноставни.
Во средно додека си пратев фудбал (не за да го гледам Кристијано, ко што правеа 90% од женскава популација, незнаејќи што е офсајд) си седев често позади со машкиве во понеделник на класен час и си правевме муабет за кој излегол ропак викендот. Тоа многу повеќе ми правеше ќејф од глумењето на кокошките во клас една пред друга.
Пораснав со машки претежно, што да правам, не е моја вина. :D
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Демек ногу сум хејтал кај мАгда Бет(к)а на роденден, ахм. #нечудагавидим #нигласадамучуем #некатугује

- Ги неќам луѓето кои одат на први и втори спрат со лифт.

- Ги неќам наречниците кои беа дежурни на мојот деливири момент на овој свет. Квешчн: Абе ја рамни стопала посакав или рамен стомак? #мамицатавашакорумпирана

- Тоа шо на овој народ само мртов човек, му е добар човек.

- Тоа шо никој не му поверувал на Марадона дека е он.

„Овде еден мисли дека е Наполеон, друг мисли дека е Хитлер, а мене никој не ми верува дека сум Марадона." - Диего Армандо Марадона по излегувањето од центарот за лечење на зависности во Куба.

- Тоа шо Чарли Чаплин не бил во право:

„Филмот (киното- ватевр) е минлив тренд. Публиката сака луѓе од крв и месо на сцена". #добројединозабрејкингбедисиксфитандерпраимепупуневажи

- Неќам шо ко ќе одам у театар не се концентрирам на дејствието на претставата, туку сум расист. Вемро е - не е, Вемро е - не е, Вемро е - не е, Вемро е - не е, Вемро е - не е, Вемро е - не е... #иуштеповеќесенаоѓамкаконагаѓамкојаодкурвитенасценасамонаречениактериќебиденашиотнареденградоначалникпратеникминистерзакултура? :(

- Неќам шо Сител Тв на 22.01.14 славеше полнолетство според амерички закони. Македонските медиуми со тоа одбележаа 21 година од својата смрт. :(

- Неќам ко ќе ми речат дека не сум се разбирал и не сум прател ракомет, а ја мајке ми редовно ги пратам ракометарките на ЖРК Вардар после тренинг до дома.

- Неќам шо не сум дожд, за да постојано бидам над кираџискиот стан на Џамбазов, како истиот не би излегол од дома за да престане да се бламира по медиумитетететете. #сигисакамхероитеоддетствотоназад

- Тие шо честитаат Бајрам по фејсбуци и остали глупости, а први се бунат ко ќе им се населат Ѓупци у маало.

- Тие шо итаат со камионот кон болница и детето им се раѓа на сред пат. Сент Архангел Михаил е! Детето Ангела ќе е. Зо ошто не би се викала Камион мамицата ваша некреативна!?

- Неќам шо работниците во Македонија се само неми посматрачи на својата судбина

- Неќам шо дедо ми бил у право: „Многу игри на среќа, сиромашен народ".



Некој ми ги украде (се надевам :( ) мачињата. Мами ја пукаа со ловџиска пушка, додека се излежувала со лашко пиво у мојот двор. Доеше и локаше. :(

Се надевам ќе ми преживее. Се трудам, мајке ми :place:

Добро бе, шо чоек треба да си за да пукаш маче со мали маченца :( Не сум тепач, али да се десеше пред мои очи не знам шо ќе сторев.

П.с Сакам пак да и се жалам на Анфемица, како ме гриза и ме малтретира:(:place:
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Кајганче!
Зождо за глупи работи се думам а за сериозни одма се решавам? :cautious:
 
Член од
1 декември 2011
Мислења
2.680
Поени од реакции
3.053
Sotiema? :-D
Mn e ubavo da si jas ponekad :-D
Nekad loso vkraj, nekad ubo! Mnogu ubo! :-D
E taka da si znajs! :-D
Aj cao :-D
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.906
Поени од реакции
25.250
Балкане мој!
Ги бројам деновите кога ќе зачекорам по тебе.
Ќе пливам во Јадранот, преку ден ќе се пржам на неговите плажи, а навечер ќе танцувам заедно со љубениот, под ѕвездено небо, во ритамот на љубовта. :D

Штулич вика овака:
Штета што си пее за курот. :icon_lol:
 

Cassaro

Паразит
Член од
15 февруари 2012
Мислења
3.314
Поени од реакции
10.341
Хеј кеј,

Ти го посветувам ова на него.На се за него на се за се.Не ми фали,знаеш зошто ? Зошто е со нас.Засекогаш заедно,засегошаш сите.Засегошаш ние.Hardoner.

Те лажам,ми фали.
 
Последно уредено:
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.956
Поени од реакции
73.798
Имаше една твоја членка што ја имав извреѓано пред едно 7 години. Штета што не е уште активна, и ебам глорихантерката дрољовска :icon_mrgr:
Лошиот период продолжува, али мислам дека конечно му дојде крајот.
Од сега само газење :X3:
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
Вакво среќно утро одамна сум немала :pos: Да, се наместија повторно коцќите..
Драга, го сакам.. само тоа е најважно сега... Повторно изгреа сонце и надвор а бога ми и кај мене...:icon_mrgr:
Нека остане така, уште долго... долго :pipi:
Денес ѓи сакам сите... Луѓе, знаете што? Борете се за тоа што го сакате.. Don't give up :pipi:
Oдете до крај, не се предавајте..Зграпчете го тоа што го сакате. Не бидете никогаш песимисти.
И то..

 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.032
До пред девет години овој ден го славев како патронен празник на моето училиште. Знам и дека на овој ден ја запознав мојата симпатија, партнерка за полуматура, и прва девојка (три во едно, но не Нескафе). Ама бев вљубен еј!
#Детство
 

коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.171
Поени од реакции
13.781
мај дијр

Добив покана за 15 год од матура!! Толку многу време пројде бре? Коа ќе ми текне дека кога ќе слушнев порано за вакви прослави си викав тууу се тетки и чичковци се собираат таму...сеа ја коа сум на тоа место се договарам со другиве дечишта за журка :)

Скопје втор дел за две недели!!!

п.с. коцќите и ѓи (сакам) се надевам дека е од заебанција вака пишано...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom