Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493
Саат и пол време утепав во Стопанска банка. Мислам дека со Комерцијална се тркаат која ќе е поутепана банка од овие две, во поглед на услужливост - брзина на услужливост на клиенти иако во последно време ми предничат Стопанска со нивнана Lyoness левел замарантска политика за да земеш кредит од кај нив. А интерно во банкава, па се тркаат кој е поутепан страните клиенти - вработени. Од клиентела се збрале се ветерани, заедно имаа може сите 10,000 години. Доаѓа една жена со болки во стомакот и никој нејќе да се сменат со бројчињата и пред ред да ја пуштат а женава заврши работа за 3 минути. Сфаќам некој од работа искочен ако е и не сака да се се сменат ама да му ебам мајката бре што обврски имате што нејќеше никој од вас да се смени со жената? Фериде ќе ја испуштите, гравот ќе загори, што?

Идеме втор случај за на психијатрија, што прават стариве на шалтер по 20 мин. за еден не ми е јасно? Прачки злато оставаат? Вадат сума за свадба правење? Тетката од преку стаклото па е друг муабет. Рефлекси на мртов коњ, познавање работа со компјутери средно жалосно, старово и збори едно, таа не дослушува, му враќа друго, таман ќе се разберат за едно нешто, пак се збркале и не можат да се разберат за нешто трето.

Трет случај, прв пат ли идете во банка метузалеми едни па не знаете дека правните лица имаат предност и друг вид на бројче иако се дојдени по вас? Ќе го нападнеа еден дечко демек пред ред влагал, иста судбина имав јас на хематологија кога ме повикаа да влезам пред ред зошто сум крводарител :pos: Како мршојади ти се ставаат а не резонираат дека некогаш ќе им затреба крв или плазма.

Четврт, доаѓа бабава на шалтер и на му вика на дечкото, еве ти и му подава апликација. Дечково и вика госпоѓо ова пополнето ми се дава и бабава, е ако де дечко, пополни ја ти, помлад си, што те кошта :pos: :pos: :pos: На ова веќе се свртев позади столбот да се изнасмеам како човек и за по 5 минути дечково пополнувајќи да стигне до делот за телефон и бабава да рече, немам дечко ама и така кој ќе ме бара мене, имате улица ако ви требам... стај го твојот ајде, што е битно? :icon_lol:

Петти случај, завршувам работа и требаше да уплатам кај мајка ми, давам нејзина картичка и нејзина лична карта, ми вика лична карта твоја дај ми, и велам госпоѓо ај да вадев пари од кај мајка ми, ама сериозно лична карта за некој што уплаќа на друга сметка? Па која будала би била таа и да се буни сопственикот на сметката и да му уплати некој? :popce: на крај ми вика ајде ок ама нареден пат ќе те вратам, уживај дека ќе дојдам нареден пат, ако треба и на црно ќе работам и без придонеси ама во оваа банка не стапнувам ни за мене ни за некој друг.

Неспособен кадар + ретардирана боранија од народ е најлошата спојка што може да бидне. Златни NLB, не дека се совршени ама 7 години сум кај нив, завршување работа за 20 минути преку сила, ниту лична карта ми побарале (освен нели ако обновуваш нешто), ни за мене ни за некој друг кога сум средувала. Не пациентелава, слободен ден од работа човек да земе за да заврши најобична работа што трае не повеќе од 30 секунди.
 
Џ

ЏинЏер

Гостин
Во врска со погорниот муабет...

14330884_1355545497843264_1583917750_n.jpg

Чекав саат време и на крај не ни завршив работа. Тие вработените па една мрза, шта да ти причам. Ама за мене тие од Комерцијална немаат конкуренција, ем се спори, ем арогантни, ем ич не се услужливи. :mad:
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.337
Што сакате кога во Комерцијална фосили работат. Само они и пошта имаат просек на вработените од 60год.
А и да ги сменат вработените пак ништо нема да се смени оти сите пензионери се во Комерцијална и Стопанска. Ги замараат за секакви глупости, денес дошол да плати една сметка, утре друга, колку да се прошетаат. Вадат секој ден пари за на пазар да идат и доколку не ги потрошат сите се враќаат пак во банка за да ги стават на сметка.
 
М

мојќен

Гостин
Ај една рецка на животов да му мавнам ќе пишам за година две колку се сменило.
21 година
Работа- Тешка, мачна, проста, неплатена.
Факултет- Катастрофа, пред отпишување.
Другари- Само од корист.
Љубовен живот-Пајажина
Бугарски пасош- Не аплицирано.
Виза- Не гарантирана.
Физички изглед- Кикиритка, стомаче и слаби рачиња.
Куќа- За средување од темел.
Кола- 400.000км при крај.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.431
Поени од реакции
7.859
@Ilumious
да зимам пуканки?

Не бе шала на страна, али у државава нема ама нема полоша работа од шалтерска(после оние у погони/текстилни фабрики или градежништво кои ипак се физички работи). Мислам јест да веќином од тие кои работат на шалтер у банка/пошта/администрација/евн се неписмени мрзливи полумозоци.
Али како можат да издржат цел ден да се расправаат и докажуваат со ГЛУПИ,некултурни и "расположени за расправање" старци, секоја им чест. Ја да издржам со такви дебили од социјализмот кои се спремни очите да ти ги извадат дури и за 10 денари (и тоа се пари, синкоооо), ќе треба да си голтам по 2 лексилиуми у тек на работно време, и уште два после за да можам да живеам со мислата дека утре ќе треба да се докажувам со полуписмена багра over and over again. Чест на исклучоци, секако.
Треба и другата страна да се гледа, факт е дека се неспособни и дека се мрзи, али исто така е факт дека секојдневната работа ги напраила такви.
 
Член од
5 октомври 2012
Мислења
1.952
Поени од реакции
1.169
Vo vip da produzes dogovor treba da udares potpis 15 pati . Beter od stopanska banka isto kao da vadam kredit 200 000 evra . I cekas 1 saat i posle ti vika sistemot ne raboti . Pu be pu
 

DonRistovski

Peace Disturber
Член од
1 септември 2009
Мислења
3.444
Поени од реакции
4.066
Кајгано,
вчерашните земјотреси ме испобркаа у пичку матер. Никогаш у животот сум се немал волку исплашено и испотресено. Сабајлешниот во 7: Бев буден и имав намера да излезам од станот и да си купам од рекорд бурек и ајде се облеков. И готово да излевам, да викнам лифт, си реков а бе земи си палто сепак сабајле е може да е ладно. Само шо го облеков палтото почна тресењето, и се укопав у место, на една страна ги гледам стаклините шишиња од пиво (декорација) почнаа да се тресат, на друга страна го гледам лустерот како се нишаше, си реков даро толку е, време е, ќе почнат прво да паѓаат шишињата, па лустерот па таванот и толку :pos: Цимерот се разбуди, излези од собата и почна да вика „дароо дарооо дароо бегај надвор ајдеее“ да не ми викнеше ќе си останев укопан у место.(прв пат осетив „тогаш толку силен“ земјотрес па беше big deal за мене. Како се симнавме пак здрма уште еднаш, се соземивме и двајцата и отидовме после на појадок :D.
Вториот, оној во 3, бев сам дома, и кога здрма пак се укопав у место ама за брзо време i snapped out of it, почнаа шишињата, рандом предмети да паѓаат и уз паника појдов кај мене у соба и сакав да го земам ќебето и под кревет да се напикам. :pos: (немаше да ме собере) Откако сфатив дека немаше да ме собере, истрчав надвор. Нозете ми се тресеа, симињав, прерипував скали, како не се отепав по скали не знам :D Како излегов, веднаш му ѕвонам на цимерот да дојде да ми праве друштво оти имав потреба да бидам испотресен со некој :pos: Додека го чекав цимерот, имаше една бабичка шо посматраше ситуација и еден и вели: Браво бе комши, најхрабра сте од сите нас доле. И бабето: Ех, мачкина кашлица е ова за мене, да знаете само шо беше 63ќа еее :pos: Кога ми се вратија јајцата од непостоечка форма во нормална, се качив горе да видам casualties дали има нешто скршено и среќа се беше у ред. Ги ставив шишињата во вреќи, (не ми се фрлаа, ќе ги наредиме пак за декорација после некое време) раскревав испопаѓано шо имаше, модемот и рутерот под тв комода, слични ранливи предмети тргнав настрана, си спакував куфер и назад у родниот крај :D
Може и да е overreacting од моја страна али прв пат сум искусил вакво нешто
На крај заклучив дека у вакви ситуации треба поинаку да реагирам а да не се трансформирам во скопски споменик. :pos:
Да4и.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.431
Поени од реакции
7.859
Драга, дефинитивно многу фантомски тролови ти се накотија. Ко крлежи некои.
Ептен смараат.
 
Член од
13 септември 2015
Мислења
1.011
Поени од реакции
2.286
Драга на повеќе од пола земјотреси што беа овие дена ја бев седнат на шоља па сеа види ти како ми било,да не знаеш што побрзо и таман ќе станеш од шоља ќе заврши,али стварно многу страшно е...Иначе точно една година ми стана дел од моето секојдневие,дел од мојот живот и се надевам дека така ќе биде уште мнооогу години...:ајнапиво::)
 

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611
Po nekoja chudna sluchajnost sakam da se srushi celo Skopje. Pojma neam zasho, a rodum sum od Skopje, a i vo Skopje zhiveam.

Nevermind.


 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.473
Поени од реакции
9.417
Во втора година средно ни дојде еден понављач, 100 % откачен, многу интелигентен, друштвен и ептен вицкаст, го седнаа до мене и од тогаш ми стана неразделен пријател. На него гледав со некоја чудна стравопочит, ептен го идеализирав и почитував. Не бев заљубена во него, го сакав како човек, се крстев во него.

Јас, тоа време го добив првиот мобилен. Моите врсници имаа мобилни од основно, а јас првиот го добив тогаш, 2ра средно. И како очите го чував. И си го гледав и пазев. Ептен си го сакав. Уште повеќе зошто ептен сакав да го имам долго време.

Месеци после тоа со другаров бевме во некоја дискотека. И седевме на едно сепаре. И заминав да бркам симпатии. Кога се вратив, што да видам ташната ми ја нема. А во неа мобилниот. Што ќе кажат сега дома, никогаш веќе нема да имам мобилен, па броевите, па мојот број, па зошто мене ова да ми се деси... Солзи на очи, почнав да паничам, се ќе направев да си го добијам моб назад.. И другаров го гледам бара насекаде, се мачи, се секира повеќе од мене. Сите ги построи.. И кога го видов си реков на кој му е потребен мобилен покрај вакви пријатели. И уште повеќе го засакав. И ме тешеше кога дома ме пееа цела година за тој мобилен, доаѓаше со мене да закажувам за нова лична карта, пошто старата беше таму, ми беше курир за пренесување пораки, ми стана уште поголем пријател после таа случка. Брат. Како бубрег да сум му дала.

Можеби поради тоа а можеби не, јас и тој бевме најдобри пријатели и после средно, и 2 години откако завршивме, тогаш кога веќе со сите се забораваш.. И 5 год подоцна.

Кога славевме 5 год од матура, после многу пиење, другаров седна до мене и почна да плаче. Јас како добар пријател, баталив се и седнав да го ислушам што толку го мачи па прв пат како го знам да го видам расплакан.
- Јас ти го украдов мобилниот. Не знаев дека ташната е твоја, ми текна кога почна да бараш, ама немав лице да ти ја вратам.
И од тогаш веќе не сме се виделе. Тој замина да работи на брод, јас се преселив во друг град. Поминаа уште неколку години.
Ете вчера прв пат ме адна на фб...
....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom