Дежурна ординација! ( отворена е нова тема, оваа стои само за читање )

Статус
Затворена за нови мислења.

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Сеа мош ти е поминало...ама нема везе.
НАредниот пат пробај да изедеш една мала лажичка кафе(турско)може и малку шекер да ставиш,тоа е најефикасен лек кој што го слушнав неодамна за сите кој имаат ваков проблем...и кај татко ми ефикасно делуваше-многу брзо го запира проливот.


Јас мислам дека треба операција...мајка ми е правена операција од циста на јајник,ако знае некој друг нека каже,можеби зависи и од нешто друго.
за пролив најдобар лек е медицински јаглен, го има во секоја аптека, оди без рецепта, комплетно е безопасен, а многу помага.

не треба за секоја циста операција, само ако е многу голема и не се повлекува сама од себе, или не пукне сама.
http://www.womenshealth.gov/faq/ovarian-cysts.cfm еве овде е добро објаснето за сите што ги интересира.
 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
Што е тоа циста на јајник, од шо се предизвикува и како се лечи... Втор пат!:pipi:
под цисти подразбираме новостворена шуплина исполнета со некоја течност или друга густа маса. цистата има свој ѕид-мембрана со кој е ограничена од околното здраво ткиво...нив ги нарекуваат туморозни формации но само со формата личат на тумор(значи не с еплаши)
за нивно лечење ќе треба да чекаш да ти дое менструацијата и за твоја среќа да се повлече сама... ако тоа не се случи после повеќе менструални циклуси мислам дека ќе мора да се реши проблемот оперативно бидејќи може да прсне цистата и да ти предизвика други непожелни ефекти...
значи иди на лекар нека ја набљудуваат пошто таа расте и не чини да стане многу голема....
да не те плашам ама боље сега да решиш него понатаму да се искомплицира нешто...
поздрав и се надевам дека доволно ти објаснив ако ен кажи....:pipi:
 
I

Intex

Гостин
Хммм запушена артерија (кај вратот негде ваљда) ? 80% ... треба да се иде на операција (за стент) ... колку е *отидена* работата ?
Сериозни одговори само ....
Брат, не ме заебавај бе, каква операција. Имам само 16 години.
Најчесто артериите се запушуваат од холестерол.Освен операцијата која секако е задолжителна за да не дојде до мозочен удар,мора да се намали холестеролот.
Не мора да значи дека е отидена работата ако се исчисти холестеролот.Колку брзо ќе Ви се запушат артериите или колку брзо ќе ги оштетите зависи од тоа што ќе јадете.
Чај од коприва во големи количини е препорачливо,мрсна храна никако,сол никако.
Диетални јогурти се дозволени.
Колбаси,салами,виршли не се дозволени,помфрит исто така.
Бадеми и риба(скушата и лососот се најдобри)се препорачливи и сите производи од соја.
Свежа салата,големи количини на лук и кромид се препорачливи.
Алкохол не е дозволен(освен една чаша црвено вино дневно доколку пациентот нема проблеми со високиот крвен притисок).
Овошје се препорачува(јаболка особено)и зеленчук.Исто така добро е да се намали и кофеинот.
Оваа исхрана треба да биде и пред операцијата и после неа,уште подолго време дури не се исчисти холестеролот,а после тоа треба исто така многу да се внимава на исхраната.

Не се секирај со правилна исхрана и успешна операција се ќе биде во ред :smir: .
Многу здравје и се најдобро.
Ех, па јас бев по мрсната храна, а не сум дебел. Ако престанам да ја јадам ќе се подобрам работите?
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
има некој познавања од цитостатска алопеција?
 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
има некој познавања од цитостатска алопеција?
Бидејќи лековите кои се даваат при хемотерапијата (цитостатици) не делуваат селективно само на карциномските клетки, туку и на клетките на нормалните ткива и органи, тие може да дадат повеќе несакани ефекти.

Несаканите ефекти од хемотерапијата зависат од типот на лекот, дадената доза, како и од времетраењето на третманот.
Опаѓање на косата (алопеција)

Паѓање на косата е најдобро познат несакан ефект од хемотерапијата.

Цитостатиците го оштетуваат фоликулот на влакната и косата паѓа. Опаѓањето на косата обично се јавува по 2 до 3 седмици од започнувањето на хемотерапијата. По завршувањето на хемотерапијата, косата почнува нормално да расте.
 
U

UniqueGirl

Гостин
Ај пошо глеам мн докторчиња овде, ваљда ќе се најде и некој стоматолог =)
Гингивитис..чаре?
 
Член од
2 декември 2008
Мислења
773
Поени од реакции
344
Најобично воспаление на непцата, треба да внимаваш малку повеќе на хигиената на забите и малку да ги редуцираш масните и благите јадења...
Или најдобро да одиш на стоматолог за да не премини гингивитисот во периодонтитис т.е да не се прошири воспалението па да треба да вадиш заби на млади години :nenene:
 
Член од
24 февруари 2009
Мислења
196
Поени од реакции
3
Знам дека Лакалут пастата е многу добра за забите и непцата
Луге на времето од Бугарија порачуваа зш ја немаше во Македонија но сеа ја има па пробај со неа може да ти ублажи болка(ако те боли) или па да ти помогне
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Бидејќи лековите кои се даваат при хемотерапијата (цитостатици) не делуваат селективно само на карциномските клетки, туку и на клетките на нормалните ткива и органи, тие може да дадат повеќе несакани ефекти.

Несаканите ефекти од хемотерапијата зависат од типот на лекот, дадената доза, како и од времетраењето на третманот.
Опаѓање на косата (алопеција)

Паѓање на косата е најдобро познат несакан ефект од хемотерапијата.

Цитостатиците го оштетуваат фоликулот на влакната и косата паѓа. Опаѓањето на косата обично се јавува по 2 до 3 седмици од започнувањето на хемотерапијата. По завршувањето на хемотерапијата, косата почнува нормално да расте.
тоа и јас го знам, мислев на подобри познавања, ми треба да прашам нешто поспецифично :smir:
 

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Ех, па јас бев по мрсната храна, а не сум дебел. Ако престанам да ја јадам ќе се подобрам работите?
Нема врска.Холестеролот не е висок само кај дебелите луѓе затоа што маснотиите не навлегуваат само во телесната маса туку и во крвта.Така да промени го начинот на исхрана веднаш и ќе забележиш резултати-проверено:smir:
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
епа прашај де шо е тоа поспецифично???:pipi:
колку време после интензивен курс терапија со бусулфан и циклофосфамид почнува да расте коса? ама мислам дека тоа сепак би барало M.D. пред името :smir: фала што се потруди во секој случај :smir:
 
U

UniqueGirl

Гостин
Најобично воспаление на непцата, треба да внимаваш малку повеќе на хигиената на забите и малку да ги редуцираш масните и благите јадења...
Или најдобро да одиш на стоматолог за да не премини гингивитисот во периодонтитис т.е да не се прошири воспалението па да треба да вадиш заби на млади години :nenene:
Немам проблеми со хигиената на забите, ниту пак со забите..здрави се :)
Зборуваш за парадентоза ја иам гингивитис..не знам на што се должи воспалението најверојатно треба да идам на стоматолог..:nesum: Фала сепак =)
 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
колку време после интензивен курс терапија со бусулфан и циклофосфамид почнува да расте коса? ама мислам дека тоа сепак би барало M.D. пред името :smir: фала што се потруди во секој случај :smir:
мислам дека после прекин на терапија по неколку дена до недела...нз точно..ниш не ми е воопшто тешко:back::back::back:
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
мислам дека после прекин на терапија по неколку дена до недела...нз точно..ниш не ми е воопшто тешко:back::back::back:
ех камо да беше така брзо :) најмалце треба месец и пол до два месеца да поминат од обичен курс хемотерапија за да порасне коса, од вака интензивен многу повеќе (немам идеја колку, затоа и прашував,но повеќе од два се сигурно).
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom