Колкава е шансата „сенки во белодробно крило“ да се мисдијагностицирани како пнеумонија предизвикана од бактерии/вируси/габи, а да се работи за рак?
И ако е шансата голема, кои проверки треба да бидат направени за да се утврди со сигурност за што се работи?
Накратко, пред недела и пол, побарав да направам регуларна ренген анализа на белите дробови. Ми најдоа „дамки“ во левото белодробно крило и дека влечам послабо воздух од таа страна. Сега за сега, немам никакви симптоми, буквално ништо.
Претпоставката е дека иам зачеток на бронхопнеумонија.
Ми дадоа антибиотици, а со истите завршив вчера. Понеделник ќе одам на проверка.
Ја иам иначе хроничен синуситис и повремено воспелние на ушните канали, све тоа, seems legit али онака, решив да изгуглам, а тоа што ми излезе беше следново...
Изгуглав „црни дамки“ и уште пострашно, сите скоро беа lung cancer xD
Пошто сум прпаџија по природа, јбг, нема шанси да олабавам дур не дознаам со сигурност.
Која е ваша препорака за тоа каде треба да се упатам и каков све вид на тестови треба да напраам за со сигурност да си ја потврдам дијагнозата?
Знам дека се работи за пулмологија, али знаете солиден специјалист кај кој со сигурност можам да отидам и да бидат направени сите тестови коишто се потребни, без чекање и влечкање, не е битно дали работи само приватно или со плави картони?