Дежурна Ординација! #2

Член од
13 март 2014
Мислења
691
Поени од реакции
142
Дали некој знае природен забрзувач на метаболизам, освен зелен чај или кафе? Сакам да ослабам 3-4 кила па сакам да пробам на ваков начин...
 
Fiend

смут џезер
Член од
29 март 2012
Мислења
947
Поени од реакции
1.074
Два дена по ред станувам задишан и имам болки во левото око, нога и рака. Можно е да е од големи стресови? Нешто да ми препорачате...
 
Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
За зголемена слезина да ми каже некој нешто?
 
Член од
25 септември 2014
Мислења
16
Поени од реакции
12

Причините за голема слезина се многу, можат да укажуваат на банални, но и на сериозни проблеми, Ви препорачувам прво да направите крвна анализа, а откако ќе ја направите анализата вашиот матичен ќе ви препорача натамошни иследувања, согласно со резултатите ...
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
мене ми е од пливањето па намалена, плуќата и срцето ми се зголемени :D
 
Член од
25 септември 2014
Мислења
16
Поени од реакции
12
Два дена по ред станувам задишан и имам болки во левото око, нога и рака. Можно е да е од големи стресови? Нешто да ми препорачате...
Ви препорачувам да побарате преглед, најпрво рутински кој ќе се состои од крвна анализа и ЕКГ, а доколку не се утврди никаква промена на ЕКГ или крвна анализа, понатаму би можело да побарате преглед од невролог или невропсихијатар ...[DOUBLEPOST=1415220664][/DOUBLEPOST]
мене ми е од пливањето па намалена, плуќата и срцето ми се зголемени :D
Како и да е, сепак барем од време на време потребно е да се прават рутински прегледи
 
Член од
4 декември 2013
Мислења
198
Поени од реакции
70
Дали при површинска рана на главата, косата продолжува да расте на тоа место?
 
Член од
13 март 2014
Мислења
691
Поени од реакции
142
Како можам да сетам дали ми е се во ред со тироидната без да правам испитувања?
 
Член од
25 септември 2014
Мислења
16
Поени од реакции
12
Како можам да сетам дали ми е се во ред со тироидната без да правам испитувања?
Па според некои симптоми може да се сомневаме за хипер или хипотироидизам, но сепак не можете да знаете со некој поголем процент на сигурност додека не направите испитувања, дури и да сте лекар. На интернет можете да најдете цела лепеза на пореметува при хипер или хипотироидизам, ги има многу, ако сакате и тука ќе ви ги наведам, но сепак мора да знаете дека без испитување нема шанси да бидете сигурни дали се е во ред со вашата тироидна жлезда ...
 
Ќе се испитувам за некое време, а симптомите се?
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.126
Поени од реакции
15.950
Дали некој знае природен забрзувач на метаболизам, освен зелен чај или кафе? Сакам да ослабам 3-4 кила па сакам да пробам на ваков начин...
Џабе ќе ти биде зелениот чај, ако не припазиш на храната и колку внесуваш. Наједноставен и ефективен начин - внесувај помалце калории од тоа што трошиш. Имаш калкулатори на интернет секакви, а на секој продукт скоро има број на калории.
И бтв, тие 4 кила што сакаш да ги изгубиш, гледај да мавнуваш пола кило неделно, значи ќе ти треба два месеца за нив. Тоа е некое здраво слабеење, се друго го забавува организмот. После ќе одржуваш некое исто ниво на внесување и трошење калории за да не се вратат нели.
 
Баш заради тоа сакам тироидна да проверам некако нагло се здебелив околу 7, 8 кила па за почеток сакам да намалам барем 4, 5... работата е во тоа што никогаш сум немала проблем со кг не пијам сокови никакви, не јадам многу, кога јадам јадам едно до две парчиња леб и тоа црн, благо ретко може 2 пати месечно, а се поправив наеднаш...:/
 
Мислев прашуваш само онака. Тогаш оди провери што не е во ред, па после ќе му ја мислиш за намалување. :)
 
blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Ме интересира причина од која би можело да дојде до атрофија на мускулни влакна, а да не е физичка повреда?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom