.Sky.
Заменик министер без титула
- Член од
- 15 февруари 2013
- Мислења
- 6.857
- Поени од реакции
- 7.241
Општеството не е подготвено да го смени мислењето во однос на доењето. Сепак,
се надевам дека младите мајки, заедно со помладите баби, ќе се изборат, рече баба
што го шеташе своето внуче низ Градскиот парк.
Бебето не знае за време и за место, па кога има потреба тоа си бара храна.
Мајката е таа што треба да го овозможи тоа, е еден од одговорите на
македонските граѓани во однос на прашањето „Дали поддржувате доење во
јавност?“
Направивме мала анкета низ Скопје, при што сакавме да дознаеме кој е ставот на
нашите граѓани за ситуациите кога мајки се решаваат на јавни места да ги дојат
своите деца. Бабите, младите мајки, татковци, но и млади лица што не се
родители претежно имаа ист став, доењето во јавност не треба никому да му
пречи
Сепак, повеќето истакнаа дека доењето, доколку се изведува во јавност, треба
да биде пристојно и затскриено.
- Децата не се возрасни за да знаат кога треба или кога не треба да јадат. Ако
им дошло време за јадење, тогаш е во ред да се дојат во јавност – смета една
од бабите со која разговаравме.
Со сличен став е и друга баба, која истакна дека младите мајки треба да се изборат
со строгите ставови на македонското општество во однос на доењето во јавност.
- Тоа може да биде изведено поскромно и затскриено. Не би ми пречело мајка да
дои покрај мене. Тоа е природен процес. Сепак, тоа не би требало да биде вулгарно,
да не се пристапи на начин „еве, видете ме сите“. Општеството не е подготвено
да го смени мислењето во однос на доењето. Сепак, се надевам дека младите
мајки, заедно со помладите баби, ќе се изборат – рече баба што го шеташе
своето внуче низ Градскиот парк.
Малку поригорозни во однос на ставовите за доење во јавност беа мажите. Според
нив, тоа е личен избор, но нагласуваат дека е неопходно тоа да биде прикриено.
- Ако е премногу експонирано, ноншалантно, тогаш би реагирал. Во
спротивно не би реагирал. Секако, треба да отвориме повеќе очи за некои
работи – вели едно од момчињата што ги анкетиравме.
Сепак, една од мајките нагласи дека не е проблемот во доењето во јавност само по
себе, туку, како што истакна таа, потребни се простории во градските средини
што ќе им овозможат на мајките безгрижно да ги дојат своите деца и кога не
се во своите домови.
- Нормално е доењето во јавност. Нема доволно специјализирани јавни простории.
Општеството не е спремно да го прифати доењето. Мајките го разбираат и знаат
каква е ситуацијата. Реагираат тие што не го искусиле тоа. Се работи за
нормален процес, бебето не прашува за време и за место – вели една од
мајките.
Доењето во јавност, гледано и од медицински аспект, не треба да биде
попречувано. Тоа го нагласува и докторот Александар Сајковски, педијатар во
клиничката болница „Аџибадем Систина“.
- Мајчиното млеко е единствена и незаменлива природна храна за доенчето.
Доењето, пак, е единствен и незаменлив начин за правилен емотивен и физички
развој на новороденчето. Претставува најблагороден, најтопол и најдобар начин за
исхрана на едно доенче, особено во првите шест месеци. Мајката треба да го дои
новороденчето кога тоа ќе посака, без оглед каде се наоѓа во моментот,
бидејќи неговите потреби се на прво место – истакнува педијатарот
Со оглед дека доењето е најприроден начин на исхрана на доенчето, тогаш,
според Сајковски, мајката не треба да биде попречувана да го прави тоа и во
јавност.
- Жените имаат право и слобода да го дојат своето дете секаде, според потребите на
бебето, без да се ограничуваат и да се осудуваат. За жал, сè уште во 21 век се
дискутира на тема дали мајката смее да го дои своето новороденче на јавни места.
Мораме да работиме на подигање на свеста кај луѓето за доењето во јавност.
Тоа е природен чин и нема никакви моменти на непристојност - истакнува
Сајковски.
Во светот секаде се поддржува и се поттикнува доењето на новороденчињата на
јавни места, во некои земји ова право на мајките и на доенчиња е загарантирано со
закон. Како пример за поддршката на мајката и нејзиното право на доење е
законот за еднаквост на половите, кој во Велс и во Англија спречувањето
доење на јавно место го третира како криминален акт на полова
дискриминација.
Во Шкотска доењето на јавно место е заштитено од 2005 година и со
кривични одредби, при што за кривично дело се смета ако некој ја спречи
мајката да го дои своето дете на јавно место.
Извор
Значи да се разбереме според мене не е срамно да се надои своето бебе во кафиќ и пример во парк. Но како што можам да видам јас од некои нови парови самите мајки се срамат или пак одбегнуваат да го надојат своето бебе бидејќи се плашат да не имаа негативни одговори од другите. Така млекото мајчинско се заменува со млеко во прав што според мене нема ист ефект како мајчинското. Јас колку што паметам мојата мајка ме има доено на јавни места но малку подзаткриено.
Јас лично го подржувам доењето во јавност, не е лошо да споделат некое мислење мајките кои ги имаме на форумов како тие го дојат своето дете.
Не е лошо да гласате во анкетата, сепак ќе имаме горе долу како стоиме со мислењата околу доењето во јавност.