Дали поддржувате доење во јавност?

Дали поддржувате доење во јавност?


  • Вкупно гласачи
    185

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
itwerijgerigtiojhiotjiotyjsty.jpg

Општеството не е подготвено да го смени мислењето во однос на доењето. Сепак,
се надевам дека младите мајки, заедно со помладите баби, ќе се изборат, рече баба
што го шеташе своето внуче низ Градскиот парк.

Бебето не знае за време и за место, па кога има потреба тоа си бара храна.
Мајката е таа што треба да го овозможи тоа, е еден од одговорите на
македонските граѓани во однос на прашањето „Дали поддржувате доење во
јавност?“

Направивме мала анкета низ Скопје, при што сакавме да дознаеме кој е ставот на
нашите граѓани за ситуациите кога мајки се решаваат на јавни места да ги дојат
своите деца. Бабите, младите мајки, татковци, но и млади лица што не се
родители претежно имаа ист став, доењето во јавност не треба никому да му
пречи

Сепак, повеќето истакнаа дека доењето, доколку се изведува во јавност, треба
да биде пристојно и затскриено.
- Децата не се возрасни за да знаат кога треба или кога не треба да јадат. Ако
им дошло време за јадење, тогаш е во ред да се дојат во јавност – смета една
од бабите со која разговаравме.

Со сличен став е и друга баба, која истакна дека младите мајки треба да се изборат
со строгите ставови на македонското општество во однос на доењето во јавност.
- Тоа може да биде изведено поскромно и затскриено. Не би ми пречело мајка да
дои покрај мене. Тоа е природен процес. Сепак, тоа не би требало да биде вулгарно,
да не се пристапи на начин „еве, видете ме сите“. Општеството не е подготвено
да го смени мислењето во однос на доењето. Сепак, се надевам дека младите
мајки, заедно со помладите баби, ќе се изборат – рече баба што го шеташе
своето внуче низ Градскиот парк.

Малку поригорозни во однос на ставовите за доење во јавност беа мажите. Според
нив, тоа е личен избор, но нагласуваат дека е неопходно тоа да биде прикриено.

- Ако е премногу експонирано, ноншалантно, тогаш би реагирал. Во
спротивно не би реагирал. Секако, треба да отвориме повеќе очи за некои
работи – вели едно од момчињата што ги анкетиравме.
Сепак, една од мајките нагласи дека не е проблемот во доењето во јавност само по
себе, туку, како што истакна таа, потребни се простории во градските средини
што ќе им овозможат на мајките безгрижно да ги дојат своите деца и кога не
се во своите домови.

- Нормално е доењето во јавност. Нема доволно специјализирани јавни простории.
Општеството не е спремно да го прифати доењето. Мајките го разбираат и знаат
каква е ситуацијата. Реагираат тие што не го искусиле тоа. Се работи за
нормален процес, бебето не прашува за време и за место – вели една од
мајките.

Доењето во јавност, гледано и од медицински аспект, не треба да биде
попречувано. Тоа го нагласува и докторот Александар Сајковски, педијатар во
клиничката болница „Аџибадем Систина“.

- Мајчиното млеко е единствена и незаменлива природна храна за доенчето.
Доењето, пак, е единствен и незаменлив начин за правилен емотивен и физички
развој на новороденчето. Претставува најблагороден, најтопол и најдобар начин за
исхрана на едно доенче, особено во првите шест месеци. Мајката треба да го дои
новороденчето кога тоа ќе посака, без оглед каде се наоѓа во моментот,
бидејќи неговите потреби се на прво место – истакнува педијатарот

Со оглед дека доењето е најприроден начин на исхрана на доенчето, тогаш,
според Сајковски, мајката не треба да биде попречувана да го прави тоа и во
јавност.

- Жените имаат право и слобода да го дојат своето дете секаде, според потребите на
бебето, без да се ограничуваат и да се осудуваат. За жал, сè уште во 21 век се
дискутира на тема дали мајката смее да го дои своето новороденче на јавни места.
Мораме да работиме на подигање на свеста кај луѓето за доењето во јавност.
Тоа е природен чин и нема никакви моменти на непристојност - истакнува
Сајковски.

Во светот секаде се поддржува и се поттикнува доењето на новороденчињата на
јавни места, во некои земји ова право на мајките и на доенчиња е загарантирано со
закон. Како пример за поддршката на мајката и нејзиното право на доење е
законот за еднаквост на половите, кој во Велс и во Англија спречувањето
доење на јавно место го третира како криминален акт на полова
дискриминација.

Во Шкотска доењето на јавно место е заштитено од 2005 година и со
кривични одредби, при што за кривично дело се смета ако некој ја спречи
мајката да го дои своето дете на јавно место.


Извор


Значи да се разбереме според мене не е срамно да се надои своето бебе во кафиќ и пример во парк. Но како што можам да видам јас од некои нови парови самите мајки се срамат или пак одбегнуваат да го надојат своето бебе бидејќи се плашат да не имаа негативни одговори од другите. Така млекото мајчинско се заменува со млеко во прав што според мене нема ист ефект како мајчинското. Јас колку што паметам мојата мајка ме има доено на јавни места но малку подзаткриено.

Јас лично го подржувам доењето во јавност, не е лошо да споделат некое мислење мајките кои ги имаме на форумов како тие го дојат своето дете.

Не е лошо да гласате во анкетата, сепак ќе имаме горе долу како стоиме со мислењата околу доењето во јавност.
 
M

Moon Child

Гостин
Постојат специјални како ќебенца или наметки за доење во јавност.
Мене искрено ми е малку глупо да видам некоја како ја извадила цицката среде кафич/парк небитно.
Верувам дека таквите наметки не се повеќе од 1000 денари.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
H

HoT IcE

Гостин
Секако дека да, не е никаква ненормална појава туку нормална и природна работа.
 

Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782
Гласав * не знам * зашто денес сум глуп а иначе подржувам, тоа е сосема нормална работа.
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.702
Поени од реакции
19.748
Поштувам добра цицка а не некоја циганска торба со брадавица како рингла како дои у сред автобус. :D
Sekoj so svojte fetishi :D


Poddrzhuvam doenje vo javnost, normalno sredena majkata pokriena so neso, marama, kjebence, kako shto i kazhaa chlenovite pogore, nema nishto strashno tuka, bebe plache, mora da go podoi, sea da go ostai da crkne radi narod sho ke zborel, narodot nema druga rabota, a da se oni u takva situacija so ke praat? Grozno bilo doenje vo javnost, a oni so se ligavaat po sred kafichi i ulici, toa ne e grozno?
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.113
Поени од реакции
20.956
Поддржувам, пошо доењето е потреба на бебето, не е тоа избор или задоволство.
Не е срамота ако некоја жена го дои своето бебе во јавност, срамота е ако некои буљаат во неа додека таа го прави тоа.
 

DonRistovski

Peace Disturber
Член од
1 септември 2009
Мислења
3.431
Поени од реакции
4.021
Поштувам добра цицка а не некоја циганска торба со брадавица како рингла како дои у сред автобус. :D
Ми звучи познато :pos:
Ова се случува во приватен автобус.
Седам на седиште наменето за една персона и спроти тоа седиште имаше седишта наменети за двајца. После 2-3 станици се качува ромка со бебенце и со уште едно нејзино дете на возраст 4~5 години и седнуваат спроти мене, бебето во раце и другото дете до неа. Се беше океј додека мајкава не ја извади нејзината сочна, великобрадавичеста цицка да го дое бебето. Од што ми беше толку незгодно, решив да го извадам учебникот и така да зјапам во него само за да не го гледам тој чин. Трауми имам од таа цицка. :pos:
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.897
Поени од реакции
84.269
Ахам, шо да не, не е нешто ненормално па да бидам против тоа.

Дури и чудно ми беше темава кога ја видов од страна, ме интересира некој со контра мислење да пише, пошто вака на прво не знам зошто против некој би имал.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.113
Поени од реакции
20.956
Ахам, шо да не, не е нешто ненормално па да бидам против тоа.

Дури и чудно ми беше темава кога ја видов од страна, ме интересира некој со контра мислење да пише, пошто вака на прво не знам зошто против некој би имал.
Може за некои конзервативни, десничарски демохристијани ова да е неморален и срамен чин.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom