- Член од
- 1 април 2012
- Мислења
- 43
- Поени од реакции
- 43
Прво ако има ваква тема споете ја со оваа и се извинувам. Значи не сакам да зборуваме за тоа како забранетото овошје е најслатко и слично туку ме интересира како можеш да спречиш ако е воопшто можно да не се заљубиш во некоја личност за која имаш силни причини поради кои не смееш и не би требало да се заљубиш. Некои работи кои се неприфатливи за да личноста ти стане дел од твојот живот. Работи кои многу ти сметаат и си зацртал дека таа личност не е за тебе и не може никогаш да биде. Можно ли е кога така си одлучил и се водиш по тоа, не го менуваш мислењето, несвесно да се заљубиш ? И дали навистина љубовта е толку силна што без разлика на се ќе бидеш со таа личност иако знаеш дека не е за тебе? Дали љубовта е единствената сила која може да те натера да правиш работи кои никогаш не си ги направил дотогаш. Да се спротиставиш на родителите, да ги смениш своите принципи и критериуми на пример. И конечно ако можеш да се контролираш да не се заљубиш како може да се направи тоа? Освен да не ја гледаш веќе таа личност, да се оддалечиш од неа, да ја тргнеш настрана и да ја заборавиш, други начини има ли? Како да се спречи заљубувањето...