Дали можеме да спречиме да не се заљубиме во некој и како ?

Член од
1 април 2012
Мислења
43
Поени од реакции
43
Прво ако има ваква тема споете ја со оваа и се извинувам. Значи не сакам да зборуваме за тоа како забранетото овошје е најслатко и слично туку ме интересира како можеш да спречиш ако е воопшто можно да не се заљубиш во некоја личност за која имаш силни причини поради кои не смееш и не би требало да се заљубиш. Некои работи кои се неприфатливи за да личноста ти стане дел од твојот живот. Работи кои многу ти сметаат и си зацртал дека таа личност не е за тебе и не може никогаш да биде. Можно ли е кога така си одлучил и се водиш по тоа, не го менуваш мислењето, несвесно да се заљубиш ? И дали навистина љубовта е толку силна што без разлика на се ќе бидеш со таа личност иако знаеш дека не е за тебе? Дали љубовта е единствената сила која може да те натера да правиш работи кои никогаш не си ги направил дотогаш. Да се спротиставиш на родителите, да ги смениш своите принципи и критериуми на пример. И конечно ако можеш да се контролираш да не се заљубиш како може да се направи тоа? Освен да не ја гледаш веќе таа личност, да се оддалечиш од неа, да ја тргнеш настрана и да ја заборавиш, други начини има ли? Како да се спречи заљубувањето...
 
Член од
1 април 2012
Мислења
43
Поени од реакции
43
Абе кажав веќе !!!
Освен да не ја гледаш веќе таа личност, да се оддалечиш од неа, да ја тргнеш настрана и да ја заборавиш, други начини има ли? Како да се спречи заљубувањето...

И без тролање :)
 

fr0zen

Kirigaya Kazuto
Член од
26 септември 2011
Мислења
1.348
Поени од реакции
503
Јас поради "таа ствар"(љубов), се откажав од факултетот ! :)
 
Член од
1 април 2012
Мислења
43
Поени од реакции
43
Мораш да ја гледаш личноста, нема шанси да ја тргнеш настрана и да ја избришеш и заборавиш. Е сега на овие средби да спречиш да се заљубиш. Ова ме интересира.Не е можно да нема некој начин само треба многу да се работи на потсвеста барем ја так мислам а гледам ни вие не знаете. Ок ај ако му текне на некој нек пише.

За членот погоре: Не !!!
 

perez9

расипано јајце
Член од
30 декември 2013
Мислења
1.041
Поени од реакции
990
Едноставно си ја исклучуваш емоционалната компонента на личноста и си ја уклучуваш рационалната и си бараш особа која ти прилега....

Не секој поседува таква вештина, само ладните и од чуства оперираните....
 
Член од
29 март 2013
Мислења
148
Поени од реакции
177
Ќе си измислиш милион начини за да си зафатен нон - стоп, а пред спиење ќе си земеш диазепам од 5мг. за да заспиеш одма. :facepalm:
Мое мото е дека ако некој е за тебе, или ти за него, или ако треба да бидете заедно, џабе ќе си ја мачиш душата. Некогаш има нешто посилно што влече еден кон друг.
Со среќа ;)
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Нема ништо лошо во тоа ако се вљубиш...... незнам зошто бараш нешто против заљубување.

Ако не ти биде возвратена љубовта, верувај кога и да е тоа што си заљубен ќе изветрее.... :)
 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
Замени го старото со нешто ново и подобро. Клин со клин се избива. Тргни со друга.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Ова можеби ќе звучи како шала, но кај мене делува. Кога ќе се „заљубам“, легнувам да отспијам и утредента ми поминува.(макс 2-3 дена)
 
A

AnFem

Гостин
Замени го старото со нешто ново и подобро. Клин со клин се избива. Тргни со друга.

Браво бе! Го учиш да искористува трета особа, да си најде некоја невина жртва, затоа што МОЖЕБИ ќе се чувствува подобро, а и на тој начин МОЖЕБИ нема да ја повреди девојката, ќе се заљуби во неа и сите среќно ќе си живеат.
Ме радува ова.

А Зелениот костур нека научи да биде маж и да се носи со скршеното срце и невозвратената љубов. Тоа е фаза која секој би требало да ја помине барем еднаш во животот. Каде ви е храброста? Светов страда поради толку многу цмиздрачи!
 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
Браво бе! Го учиш да искористува трета особа, да си најде некоја невина жртва, затоа што МОЖЕБИ ќе се чувствува подобро, а и на тој начин МОЖЕБИ нема да ја повреди девојката, ќе се заљуби во неа и сите среќно ќе си живеат.
Ме радува ова.

Да не си била невина жртва шо се возбуди волку:cautious:
А што да прави!? Да не продолжи понатаму со некоја друга!? Секако не може да биде со ваа. Нема сигурно никад да не фати друга што во случајов ти ја сметаш за "жртва":tapp:
 

fr0zen

Kirigaya Kazuto
Член од
26 септември 2011
Мислења
1.348
Поени од реакции
503
Кај мене мн полошо
Таа поради факултетот се одкажа од мене :cuc:
Од тогаш го пикам кај стигнам и кур не ме боли.
Си го нарушив сонот, неможам да заспијам до пет часот сабајле ! :cool:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom