- Член од
- 28 март 2006
- Мислења
- 17.717
- Поени од реакции
- 12.145
После ова и слични истражувања...дали постои дилема дали да се воведе?
јадници, дали мислат дека ако го бутнат прво шишето, а после (без вадење на шише) ја обават должноста...дали тогаш нема да забремени жената? :nesvest:
јадници, дали мислат дека ако го бутнат прво шишето, а после (без вадење на шише) ја обават должноста...дали тогаш нема да забремени жената? :nesvest:
Сода бикарбона против бременост
Во истражувањето спроведено во Македонија било откриено дека две третини од жените не користат ниту едно контрацептивно средство и дека некои веруваат оти „кока-кола“ и сода бикарбона може да спречат несакана бременост
Дури 94 проценти од тинејџерките меѓу 15 и 19 години, како и повеќе од 50 проценти од македонските жени не користат никакви средства за контрацепција. Дел од девојките што живеат во градовите ги навеле дури и „кока-колата“ и содата бикарбона како контрацепциски средства. Тие навеле дека се убедени оти нема да забременат ако по сексот се измијат со „кока-кола“ и раствор од сода бикарбона. Овие фрапантни резултати беа изнесени на вчерашната прес-конференција по повод Светскиот ден на контрацепција - 26 Септември.
Дел од податоците се од најновото истражување што, под мотото „Твој живот, твој глас“, во јуни беше спроведено меѓу 500 жени во Македонија.
Татјана Гружанова, гинеколог од Клиниката за гинекологија, која учествувала и на трибините на оваа тема низ земјата, го нагласи вџашувачкиот пример за неинформираноста кај младите.
- Катастрофална е информирноста за заштита од несакана бременост. Дури и девојки од градовите на трибините не' прашуваа дали нема да забременат ако по односот се измијат со „кока-кола“ или сода бикарбоната. Други прашуваа дали може во време на менструалниот циклус да се забремени или дали може да затруднат ако сексуалниот однос се одвива стоејќи. Неинформираноста околу контрацепцијата може да доведе до страшни последици по здравјето на жената. Абортусот носи ризик од големи последиците и за идниот репродуктивен период - рече Гружанова.
Трибините биле организирани во средните училишта и на факултетите во Скопје и во другите градови во земјата и на нив учествувале девојки од 14 до 24 години.
Во истражувањето спроведено во Македонија беше откриено дека дури две третини од жените не користат ниту едно средство за контрацепција, а за 61 отсто од контрацепциските методи воопшто не ни слушнале.
Од антибеби-пилулите достапни на македонскиот пазар жените најмногу им веруваат на марките: „јасмин“, „дајан35“ и „микрогинон“. Дури 51 отсто од жените не знаат ниту една марка на антибеби пилули.
Најчестите одговори што испитаничките ги давале на прашањето зошто ги користат пилулите се: дека се најсигурни, најлесни за употреба и дека се најефикасни.
Половина од жените што не користат антибеби-пилули изјавиле дека не постои ниту една причина што би ги убедила да почнат да користат. Повеќе од половина од жените не се информираат од докторите за контрацепцијата, бидејќи сметаат дека немаат потреба од информации.
Дури 119 од 500 испитанички имале извршено абортус и тоа речиси подеднакво и Македонките и Албанките. Истражувањето било направено врз 500 жени на возраст од 15 до 49 години, во 7 региони во Македонија. Од испитаните жени, 323 се од македонска националност, а 142 од албанска. Со средно образование се 248, а 135 со основно.