И јас не сум за комплетно напуштање. Поради заработка на поголема сума пари за пократок временски период...ДА.
Тоа всушност сум јас.
Работев вкупно 3 ипол години во Авганистан за две различни компании се со една цел да си купам сопствен стан. Никако не ми одеше на памет да работам тука, да земам кредит и да се заглавам во следните 25-30 години. Иако познавам и такви луѓе и ништо не им фали. Обично се со работни позиции кој се платени околу 25000-30000 денари и имаат стабилна и очекувана финансиска подршка од фамилијата ако се подзаглави малку.
Читајќи ги споредбите со животот тука и надвор, мислам дека секаде работа си е работа, само што разликата е во стандардот, односно можноста да си се дозволат некој основни животни потреби со платите којшто се заработуваат, можноста за земање на кредит и очекувањата од животот. Сето тоа е поврзано со организираноста на системот во државата и нејзиното богатство. Што истата може и колку може и мисли на сопствените граѓани. Тука ние сме на дното.
Имајќи можност да запознаам и разговарам со луѓе од богатите држави (Британија, Америка, Австралија...итн) речиси сите се жалат на огромните даноци што државата ги побарува. Голем дел од нив исто така како и некој нашинци ги напуштаат родните држави и се селат комплетно низ Азиските држави (Тајланд, Филипини, Индија...итн) каде што веднаш стануваат газди, отвораат свој сопствени бизниси бидејќи со парите што ги заработуваат по базите се екстремно богати за тие држави.
...Секој има различни потреби и очекувања од животот, па со тоа и си ја крои судбината преку сопствениот труд.
Во право си, и јас би направила така како ти, одиш некаде заработуваш пари, го плаќаш сопствениот стан пола или комплетно и мирна глава. Конкретно на брод, или Авганистан, места каде можеш за краток период добро да заработиш споредено со наши услови, а пак да се вратиш дома.
Ама сето тоа зависи поради која причина си ја напуштил Македонија.
Јас на пример кога си отидов, мене ми дојде преку од се, буквално ми се собра, се фрустрирав секој ден додека ми беа газени правата како работник, а добивав мизерна плата и додека гледав како ретардирани со едвај завршено средно се испонапикаа државно, сета таа ситуација на вриење се прели, јас си ги собрав парталите и си реков јебига, нема што да изгубам.
Од почетокот мислев еј супер, ќе заработувам повеќе пари, ќе си купувам работи и ќе живеам добро, нешто што никогаш не сум го имала, секогаш сум се стегала и мислела што да правам за утре... Ама како минеше времето, еве скоро 2 ипол години, почнав да сфаќам дека мене сиромаштијата не ми пречела толку колку размислувањата и менталитетот. Не велам јас дека имам многу понапредно и либерално мислење во однос на другите жители, воопшто себеси не се ни сметам за либерал и не сум екстремна по тоа прашање, некако ме угуши сета таа атмосфера на пикање на носот каде што не му е местото од страна на секој ебан човек, повикан или не, дали се работи за комшија, роднина и тако даље.
Таму каде сум сега, а нема да бидам уште долго, си го најдов својот мир, својата самосталност и мојот живот никој не го интересираше. Ни кога станувам, ни кога излегувам, нити некој ненајавен дома ми иде и ми се башари ко да е во својата дома, ниту некој ми поставува прашања што овака, а не овака. Живеев една година во еден ист стан и познавав само два комшии. Ниту ме интересира кој се, што се, ниту ме интересираат нивните животи, ниту кога се прибираат и кој им иде дома. Ништо, а и нив за мене. Секој си го живее својот живот, си го гледа својот дом, своите маки ако ги има, на никого не му е грижа што се случува кај комшиите дома, ниту кај братучедите, ниту кај никого. Еве сега на приумер, би отишла да живеам во земја како Македонија, нека немам толку пари, не ми претставува толку проблем, само сакам да си имам сопствен мир.
Еве овие денови дојдов на гости во Македонија, и ја затекнав истата таа ситуација, од која сафра ме фаќа. Бев кај братучедка ми на гости, живеат во една куќа, она, маж и, мало детенце, свекор,свекрва, и девер. Вкупно дома имаат 3 соби. И она мене ме прашува како ми се даваат 100 евра за ќирија? Јас неможам да разберам дека девојче, кое е пресно омажено и веќе основало свое семејство, живее во такви услови во какви што живее, и има такво размислување??? Па јас ќе дадам 1000 евра за ќирија, и ќе немам ако треба леб да јадам, ама со својот сопруг ќе имам своја приватност и мир, бидејќи нашиот живот не го интересира никој.
Ситуација број два. Бидејќи многу работев, баба нашла овде во Велес некој човек, со супер заебани апарати, да дојде да ме измасира и да ми го исправи грбот. Два саати човекот ме масираше, и нели, како што е редот во една домаќинска куќа, на крајот го понудуваш со кафенце. Седнавме надвор, бидејќи дома не се пуши, и ете ти ја една комшика. Застанува на оградата и гледа. Кој е сега мажов овде, тоа е болката? Како тоа јас сум дошла овде без маж, а некој друг маж седи во дворот. И одма после тоа ќе пуштаат муабети, аха, некој маж имаше таму, а она е сама дојдена. Јас зоврев, ама несакав да правам скандал, што треба тоа да значи, да дојде да ми застане и да ми гледа? Што ја интересира, на пример? Мене не ме интересира за никого и ништо. Секој си има свој живот и свои причини. Тоа е само дел од еден куп ситуации со кои јас неможам да живеам. И затоа не би се вратила да живеам во Македонија. Затоа што секого за секого го интересира, секој туѓо гајле бере, а себеси не се погледнува.
Јас работам, имам свој дом, свои пари, сопруг, сакам да имам и свој мир кој го заслужувам. Овде неможеш да прднеш без некој да дознае. Јас попрво во Уганда би отишла да живеам, отколку да бидам душевна храна за некој овде во Македонија. И најлошото е тоа што, ова не е ситуација својствена само за стари баби, ова се пренесува од колено на колено, и идните генерации се такви, секој гледа во туѓиот двор, а не ги гледа купиштата лајна во својот.