Дијалог
Во стомакот на трудна жена се два ембриони. Првиот го прашува вториот:
- Дали веруваш во живот после раѓањето?
- Секако. Нешто мора да постои после раѓањето. Можеби токму тоа што сме овде значи дека се припремаме за тоа што доаѓа после.
- Глупости, не постои никаков живот после раѓањето. Како воопшто би можело тоа да изгледа?
- Не знам точно, но таму сигурно ќе има повеќе светлина отколку тука. Можеби ќе одиме и ќе јадиме со уста.
- Какви бесмислици се тоа! Не може да се оди ниту пак да се јаде со уста, тоа е сосема смешно. Нас не храни папочната врфца. Ќе ти кажам и нешто друго: Живот после раѓањето е невозможен, папочната врфца дури и сега е премногу кратка.
- Ма не, нешто сигурно постои. Веројатно се ќе биде малку поинаку од она на што сме навикнале овде.
- Но од таму сеуште никој не се вратил. Просто со раѓањето животот се завршува. Инаку животот не е ништо друго освен долго страдање во темнината.
- Па сега јас незнам како тоа ќе изгледа после породувањето, но сигурно ќе ја видиме мама и таа ќе се грижи за нас.
- Мама!? Ти веруваш во мајка? А каде според тебе би требало таа да се наоѓа?
- Па насекаде околу нас. Во неа и благодарение на неа ние живееме. Без неа и ние не би постоеле.
- Јас не верувам во тоа. Никаква мајка никогаш не сум видел, па со самото тоа е јасно дека таа не постои.
- Но понекогаш кога е тивко, можеш да ја чуеш како пее, или можеш да почувствуваш како го милува нашиот свет. Знаеш, јас навистина верувам дека вистинскиот живот не чека дури тогаш!