Оној кармички принцип што го спомнав и не би бил исклучиво за наследување на една душа, која ќе се репродуцира да исполни, компензира некое минато, во друг нов живот.
Во смисла, информацијата кружи внатре, во целиот биосистем, врски постојат помеѓу живиот и неживиот свет. Е како би се случило тоа, идејата е дека системски, делот мора да функционира во интерес на целината. Нема автономија. Или поинаку кажано, ако однесувањето на објектот го нарушува системот, биополето на системот ќе го нападне објектот. И во основа на религијата стои идејата за единство со сите, љубов, одговорност на луѓето спрема ближните, и најважно, покајување. Ако го мразиш комшијата оти има подобра кола од тебе, ќе се наруши хармонијата на системот и тој ќе те нападне со тоа што последици ќе осети поколението.
Вселената се стреми кон физичка диференцијација со што се создаваат повеќе облици, разновидност на физичко ниво, и кон зголемено информациско единство на биополето како компензација. При достигнување на определен агустина, материјата се претвора во информација. Вселената е сингуларност, состојба на материјата некогаш сконцентрирана во една точка. Фините нивоа на биополето е отсуство на материја време и простор, т.е. точка. Точката се стреми да премине во бесконечност, бесконечноста во точка. Во секоја точка од Вселената постои неизразена информација за целата Вселена. Во основата на Вселената стои информацијата, или библиски, ’’ На почетокот беше зборот’’. Информацијата, енергијата и материјата прават единствена целина, пример, Светото Тројство. И животот на Земјата ги следи истите закони, при што иако се зголемуваат физичките видови и облици, се засилува степенот на единство преку системот на саморегулација на енергетско-информациско ниво.
Тоа би било отприлика една замисла за кармичко дејствување. Ајде, очекувам напад, има материјал тука