Грција го има и Кипар, кој е исклучително битен. И истиот Кипар, потпиша воен договор со Русија, во кој им дава дозвола да ги користат кипарските пристаништа за воени цели. Така да, си прават простор за да може да си дозволат идни геостратешки маневри.
Дополнително, Ципрас не е глуп човек. Знае дека ако Грција банкротира, просечен Грк ќе живее многу полошо отколку ако Грција ги прифати мерките за штедење. Ама тоа не му е битно. Има задача да ја поткопа Германија, за тоа беше донесен на власт, и тоа ќе го прави.