Греење со пелети

Член од
24 април 2008
Мислења
10.514
Поени од реакции
11.583
здраво до сите форумџии

темава ја исчитав од прв до последен пост и сум доста задоволен од самата расправа па би сакал и јас да се вклучам и да поставам неколку прашања во врска со греењето на пелети.

како прво сакам да појаснам дека сум слепо лице па ме интересира дали тоа би представувал проблем за ваквиот тип на греење и дали би можел самостојно да го вршам полнењето/чистењето на печката/котелот со пелети?
следно што сакам да прашам е дали додека се полни резервоарот со пелети се прави многу прашина? ова го прашувам за да знам дали да се насочам кон котел или печка на пелети. сопругата и ќерката имаат проблеми со астма па затоа доколку има поголемо ослободување на прашина или пепел додека се полни резервоарот или се чисти пепелникот тогаш би одел со котел кој би го сместил во подрум а доколку е загадувањето минимално би можел да размислувам и за камин печка која би била сместена во дневниот простор.
имам и една друга ситуација која малку ме збунува. читам дека котлите имаат некои издувни цевки? дали се тоа посебни цефки или станува збор за ќунците кои што природно нели треба да си влегуваат во оџакот. доколку се посебни тоа би ми представувало проблем пошто на едно место би требало да имам и оџак и отвор за таквите издувни цевки и плус да направам нов довод за вода за самиот котел.

однапред ви благодарам за вашите одговори.
Една вреќа со пелети е тешка 15 килограми, па можеби тоа ќе ти претставува проблем поради немање вид, исто така и секојдневното чистење на пепелниците може да ти претставува проблем ако не знаеш како да ги извадиш и како да ги вратиш назад.

Инаку да - кај котлите на пелети, издувните цевки се ќунците, но не е препорачливо да ги поврзуваш со оџак, бидејќи ќе мораш да ги вадиш и да ги чистиш еднаш на два месеца или можеби еднаш месечно во зависност од тоа колку долго ќе го користиш котелот и со какви пелети, во последно време почнаа да се продаваат пелети со А1 класа, некои и со А1+ класа, кои наводно оставаат помалку пепел, поради што чистењето на пепелниците не мора да биде секојдневно, а со тоа можеби и чистењето на ќунците нема да биде еднаш месечно, а можеби нема да биде ниту еднаш во два месеца, туку на подолг временски период.

Пепелта која излегува низ ќунците, заедно со чадот, е многу лесна и не излегува целосно, односно добар дел се задржува во ќунците со текот на неделите, поради што сигурно ќе ти го запуши оџакот со тек на време, но немој да ме држиш за збор за ова, јас не користам оџак и затоа не знам како е во пракса.

Од мое лично искуство, морам да ти потенцирам дека кога го полнам резервоарот со пелети се случува да се разлета малку прашина, исто и кога ги чистам пепелниците, мал дел од пепелта се разлетува низ воздухот, за мене лично тоа не претставува проблем, но можеби ќе претставува проблем за твојата сопруга и ќерката.

Кога сме кај доводот, да - ќе треба да ги поврзеш радијаторите низ домот со домашна инсталација за парно греење, освен ако веќе го имаш тоа направено. Откако ќе ги поврзиш радијаторите, цевките од истата таа домашна инсталација ќе треба да ги поврзеш со котелот, а истите тие цевки ќе треба да бидат поврзани и со извор на вода - кој не мора да оди директно до котелот. Ако имаш радијатор во бањата, можеш цевките од домашната инсталација да ги поврзеш со водоводната цевка која носи вода кон бојлерот - со вентил, се разбира - и така ќе го наполниш системот со вода.

Така е кај мене дома - котелот е во кујната, а изворот на вода е во бањата. Над котелот имам барометар, кога ќе видам притисокот на водата во цевките да е помал од 2 бари, одам во бањата, го одвртувам вентилот и пуштам вода во системот. Се враќам во кујната и кога ќе видам барометарот да покажува притисок над 2 бари, одам повторно во бањата и го затворам вентилот.
 
Член од
6 мај 2010
Мислења
4
Поени од реакции
2

ти благодарам за издвоеното време и за одговорот декстер.

вака,.. 15 килограми воопшто нема да ми представуваат проблем што се однесува до тежината на врекјите со пелети а и мислам дека и самите пепелници само еднаш да ги извадам и наместам после и сонив ке немам проблем. брзо учам и иако сум слеп доста сум спретен во извршувањето на домашните обврски. е сега она со чистењето на ќунците можеби малку ке ми биде проблем но и со тоа некако ке излезам накрај. :)
ме интересира само одприлика со кои димензии е една полна вреќа пелети и дали ќунците се класична ширина како кај стандардните шпорети и печки на дрва или ширината е сосема друга?

околу ова што ми го образложи за загадувањето со прашина и пепел изгледа дефинитивно ке се оди со котел кој ке биде сместен во подрум но не заради пелетите или пепелниците ами само поради ќунците и нивното чистење. плус некаде погоре во темава прочитав дека еднаш годишно е пожелно да се чисти темелно и самиот котел од наталожена пепел така да тоа е уште една причина повеке за да се одлучам на тој чекор. но сепак, доколку камин печките имаат помала потрошувачка, помал степен на запепелување и помала потреба од чистење ќунци тогаш може да се оди и со таа варијанта но каминот да не биде во дневна ами да биде во ходник.

за поврзувањето со водовод,.. ако добро те сватив тоа значи дека нема проблем во кој дел од системот ке биде поврзувањето и дека немора да е тоа директно со котелот што искрено малку ми олесна. највероватно и кајмене ке биде таа клучка во бањата а ако е изводливо ке биде дополнително и поврзана со бољерот. е сега проблем ке биде она со барометарот. тоа сопругата ке може да го прати но не и јас па затоа ме интересира одприлика на колкав временски период се случува тој пад на притисок во системот и дали може истиот некако да се прати преку некоја wi-fi апликација?

иначе немам никаков систем за парно греење моментално но планирам да подигнам кредит и да викнам фирма да ми го среди комплет од а до ш. моментално се греам на струја во една соба од 35 м/2 и се смрзнувам а сметките ми се глава боли. целата куќа ми е 100м/2 со солидна изолација плус живеам во најтоплиот град во македонија гевгелија и засега најмногу внимание ми привлекува котелот интерио 22 на термофлукс но дополнителни совети и сугестии се добредојдени. :)
 
Јас лично би препорачал ако се оди со печка на пелети - или камин, сеедно, да биде сместен во дневната соба бидејќи претпоставувам дека дневната соба е најголема.

Од друга страна, доколку се оди со котел на пелети, баш за котелот би препорачал да биде во ходник, под услов да биде сместен веднаш до излезен ѕид за ќункот/ќунците, и се разбира, под услов ходникот да е голем за котелот да не зафаќа премногу простор без потреба и за да не претставува пречка за луѓето без вид.

Од друга страна, ако подрумот ти е голем, тогаш таму стави го котелот, бидејќи ако е мал ходникот, може да ти биде премногу топло кога топлината од ходникот ќе се прошири низ собите, кои и онака ќе се грејат на радијаторите поврзани со истиот котел.

Димензиите на вреќите се 60 cm со 40 cm.

Ќунците се со дијаметар, односно ширина од 8 cm, се поврзуваат рачно и се лепат со самолеплива алуминиумска трака, каква што вообичаено има низ продавниците за алат, санитарија и домашна електрика - штекови, фасонки, неонки, грејачи за бојлери и слично.

Не знам баш за апликации кај новите котли на пелети, знам дека некои се опремени за таков начин на работење, но не сум баш најдобро упатен. Знам дека мојот котел на пелети, кој е стар 4 ипол години, има приклучок за далечински управувач, но за него требало дополнително да се плати, па затоа го нарачавме без далечински управувач.

Во мојот случај, знам дека барометарот не е дигитален, туку е поврзан со една од цевките кои го поврзуваат котелот со радијаторите. Во мојот случај, барометарот функционира целосно независно од котелот, поради што котелот воопшто не може да знае колкав притисокот на водата во цевките и не може да ме извести кога притисокот е премногу висок или премногу низок. Ако постојат дигитални барометри кои можат да известуваат преку безжичен Интернет, можеби ќе ти заврши работа таков барометар, но јас не сум баш најдобро упатен во таквата проблематика.

Јас лично би ти го препорачал котелот Минима од Еко Шпар од Охрид, со моќност од 12 киловати, по цена од 58.770 денари, според нивниот официјален веб сајт, Минима котелот е доволен за загревање на простории до 100 квадрати.

http://www.ecospar.com.mk/mk#portfolio-item/88

Ако сепак сакаш нешто помоќно, котелот Алба од Еко Шпар со моќност од 18 киловати би требал да ги задоволи твоите потреби, по цена од 74.900 денари, според официјалниот веб сајт на Еко Шпар, Алба котелот е доволен за загревање на простории до 130 квадрати.

http://www.ecospar.com.mk/mk#portfolio-item/94

Пред некој месец во Меркур во Скопје лично го видов котелот Аурига од Еко Шпар, со моќност од 25 киловати, по цена од 81.360 денари, наменет за простории до 180 квадрати. Овој котел сигурно нема да ти треба бидејќи е со преголема моќност, но тоа што го видов лично, е дека внатре позади пепелниците има метална вратичка која може да се отштрафи, а со тоа се отвора ложиштето каде што останува пепелта која не излегла низ ќунците - пепелта која треба да се чисти еднаш годишно.

http://www.ecospar.com.mk/mk#portfolio-item/90

Го видов и упатството за котелот, и убаво пишува дека треба да се отштрафи металната вратичка за да се пристапи до ложиштето и со четка се собира пепелта, што е многу полесно и попрактично наспроти чистењето кое јас морам да го применувам кај мојот котел, каде што морам еднаш годишно да ја отштрафувам горната плоча и со правосмукалка да ги чистам внатрешните цевки од ложиштето, а тоа трае со саати бидејќи морам во повеќе наврати да го чистам филтерот на правосмукалката за да не се запуши моторот.

На бензиските пумпи на Макпетрол - вообичаено тие кои работат 24/7, продаваат посебни картонски пакувања пелети од 2 или 3 килограми, можеби 4 килограми, скапи се - некаде помеѓу 200 и 300 денари, но тоа е бидејќи наводно биле некои посебни пелети кои треба да се употребат на крајот од грејната сезона, бидејќи го чистеле ложиштето. Колку е ова вистина не знам, бидејќи ниту сум купил од тие пелети, ниту сум ги искористил за да видам дали навистина се толку ефикасни и ефективни.

Ако и котлите Минима и Алба го имаат истиот пристап како кај котелот Аурига до ложиштето каде што останува пепелта која не излегла низ ќунците, тогаш тоа ќе ти биде многу олеснителна околност без разлика кој од двата котли би одбрал да го купиш.

Мој совет ти е да се распрашаш кај локалните продавачи како се чистат котлите од Термофлукс или од било кој друг производител, односно како се пристапува до ложиштето каде што останува пепелта која не излегла низ ќунците, бидејќи чистењето воопшто не е забавно искуство, верувај ми, на таков ден јас воопшто не би дозволил луѓе кои имаат астма или хронични заболувања да бидат во кујната кога го чистам ложиштето на котелот, бидејќи пепелта лета насекаде додека од внатрешните цевки кои водат кон ложиштето го вадам цревото од правосмукалката целото покриено со пепел.

Но исто така распрашај се за барометарот и дали можеш преку мобилен телефон да го вклучуваш или исклучуваш котелот преку гласовни команди.
 
Последно уредено:

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Да напишам мое мислење...

Бегај од ЕкоШпар....

Јас лично користам АлфаПлам Гранде....но тоа ќе биде преголемо за тебе.
Тебе како котел би ти користил АлфаПлам Комо..
Да потенцирам....котелот мора да има собен термостат кој се купува посебно и не е вклучен во цената.
Јас лично имам бежичен и сум презадоволен.

Задачи околу котелот......
Усисување на котелот 1 до 2 пати неделно (зависи од пелетите)
Ставање на пелети 2 до 3 пати неделно...

Втора година немам чистено ќумци!

Пак ќе повторам...без образложение....бегај од ЕкоШпар.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703

....ЕкоШпар...што проблеми прави, освен што колку знам се прави у некое охридско село??? лоша конструкција, неквалитет на материјал и компоненти , фуш изработка, лоша постпродајна подршка????....вака само: Бегај од ЕкоШпар...збунува... :)
 
Јас велев бегај од Милкуз, кои исто така се од Охрид.

Мојот котел е од кај нив, и токму бидејќи пристапот до ложиштето каде што останува пепелта која не излегла низ ќунците е баш неубав и морам преку правосмукалка да го чистам, велам да се бега од Милкуз.

Но тоа го велев порано, не знам дали да го велам и сега, бидејќи можеби се средиле во меѓувреме и почнале да продаваат подобри котли со полесен пристап до ложиштето за чистење. Затоа не реков бегај од Милкуз.

Лани прегоре еден од двата грејачи, односно една од двете запалки на котелот, дојде наредниот ден сервисерот од Милкуз - бидејќи нивниот сервис е бесплатен, а овие нашинциве од Скопје бараат да им бакнеш рака со минимимум 1.000 денари само за да дојдат да го видат котелот, но како и да е, сервисерот ја извади неисправната запалка, но не ја замени со нова и еве котелот речиси година дена работи со една запалка. Јас лично не гледам ништо негативно во тоа што котелот работи со само една запалка, бидејќи навистина не забележувам никаква разлика, а причината зошто не ја заменија неисправната запалка со нова, е бидејќи котелот повеќе не е под гаранција, кога се расипа запалката веќе беа поминати повеќе од 3 години од кога го купивме котелот, па затоа и немам зошто да се жалам околу тоа, единствено жалам бидејќи не ми текна да прашам колку би чинело да вградат нова запалка.

И мене лично ме интересира зошто да се бега од Еко Шпар.

Инаку да - и Алфа Плам би ги препорачал бидејќи и тие се добри.
 
Последно уредено:

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Затоа што пред две години во Штип продадоа 4 котли (мислам дека беше) Максима 33 со вграден дефект.
Луѓето ги вратија котлите во сред зимо!

Неможеш да веруваш во тие котли кога самата фирма продава технички неисправни котли за коие предходно знаеле дека се такви само се надевале дека ќе помине така.

Со оглед на тоа дека се дава не мала сума на пари, јас не би ризикувал.

ПС.Мислам дека ниту еден нивен котел нема протресувач на турболаторите!....барем што гледам по сликите.
 
Во ред, ако си до толку уверен дека треба да се бега од Еко Шпар, дај твој предлог за котел на пелети, по можност да е котел што може да се вклучува и исклучува преку мобилен телефон, а истовремено да има лесен пристап до ложиштето за брзо и лесно чистење на пепелта која не излегла низ ќунците.

Веќе ги препорача Алфа Плам, но дај и некој друг предлог ако имаш.

И дај подетален опис - колкав простор грееш со котелот за да ставаш пелети 2 до 3 пати неделно, јас трошам 1 ипол вреќа дневно сега на овие зимски студови бидејќи котелот од 12 киловати со кој грејам стан од 80 квадрати го оставам вклучен повеќе од 12 часа во деноноќието - тука морам да потенцирам дека станот нема никаква изолација со исклучок на ПВЦ прозорци, но не во сите простории, понатаму какви пелети користиш, односно од кој производител и по која цена, дали ти следува попуст на пелетите ако нарачаш 50 или повеќе вреќи и слично.

И се разбира, дали го чистиш ложиштето каде што се собира пепелта која не излегла низ ќунците, и ако го чистиш, како пристапуваш до него ?

Секој предлог и секоја критика се добредојдени на темава.
 
Последно уредено:
Член од
29 февруари 2016
Мислења
569
Поени од реакции
641
Во ред, ако си до толку уверен дека треба да се бега од Еко Шпар, дај твој предлог за котел на пелети, по можност да е котел што може да се вклучува и исклучува преку мобилен телефон, а истовремено да има лесен пристап до ложиштето за брзо и лесно чистење на пепелта која не излегла низ ќунците.

Веќе ги препорача Алфа Плам, но дај и некој друг предлог ако имаш.

И дај подетален опис - колкав простор грееш со котелот за да ставаш пелети 2 до 3 пати неделно, јас трошам 1 ипол вреќа дневно сега на овие зимски студови бидејќи котелот од 12 киловати со кој грејам стан од 80 квадрати го оставам вклучен повеќе од 12 часа во деноноќието, какви пелети користиш, односно од кој производител и по која цена, дали ти следува попуст на пелетите ако нарачаш 50 или повеќе вреќи и слично.

И се разбира, дали го чистиш ложиштето каде што се собира пепелта која не излегла низ ќунците, и ако го чистиш, како пристапуваш до него ?

Секој предлог и секоја критика се добредојдени на темава.
Potpolno se soglasuvam. Temata "peleti" stanuva se pointeresna, a bidejki i js sum zainteresiran vo bliska idnina da preminam na niv, bi bilo dobro temata da zivne i onie koi vekje se great na peleti da spodelat iskustva: kolkav prostor great, izolacija ima ili nema, potrosuvacka, tip na pecka itn.
 
Член од
5 март 2014
Мислења
140
Поени од реакции
41
ја се решив дефинитивно да местам, само се мислам дали да почекам да затопли или сега одма да на местам, пошто мајтори низ стан лом ке направат а на ова студеново уште да треба да копам чистам уи уште што не.... некако не ме фака есап
 
Дефинитивно не на овие зимски студови, јас го ставив котелот во април 2012, кога веќе беше малку потопло.
 
Член од
5 март 2014
Мислења
140
Поени од реакции
41
па тоа и ја планирам, да се затопли нека дојдат нека искршат нека наместат шо ке местат после тоа викам гипсери и белачи да затворат дупки и обелат и тоа е тоа. мада јас имам припрема за парно во станот ама во една соба и тоа најбитната (дневната) нема да може да се искористи и ке мора баш во неа да се дупат неколу дупки, ама тоа е шо е. е сега се мислам дали да ги штемам и џидовите и да ги ставам цевките вкопани или да не си отварам за џабе работа и да ги пуштам однадвор, пошто реално 1 соба е и 90% од нив ке одат покрај еден столб на таванот и нема нишо да се знае.
 
Кај мене цевките одат под земја само на местата каде што имам врати, а на останатите места одат над подовите, зацврстени за ѕидовите. За волја на вистината, на местата каде што цевките одат над подовите имам комода или телевизор или некој друг мебел или електричен уред кој ги прикрива цевките.

Бесмислено ќе биде цевките да ти одат на таванот, на таванот не му треба топлина, на подот му треба за да ти бидат потопли просториите. Освен ако зборуваш за горна просторија на поткровје, тоа е веќе друга приказна.
 
Член од
5 март 2014
Мислења
140
Поени од реакции
41
абе не му треба али ке биде искористена, пошто ми е дуплекс станот :) па ваљда ке топли горе колку толку, како и да е топлината нема да биде не искористена.

инче тоа ке биде само 1 цевка, другите за во другите соби се веке наместени под паркетот, иначе оваа мора да мине од таму бидејки ако не мине од таму ке мора ама буквално да мине низ цела соба по краевите а за воља на вистината не ни има место каде да мине, веруј ми се ми е испитано и размислено. е сеа ко шо гледав и тие цевки не се баш нешто гломазни и дебели така да скоро ич нема да се знае, али ке видиме, кога ке дојдат мајсторите сигурно ке имаат некоја идеја и они, сепак имаат повеке искуство.

али како и да е, и да не одат под земја, верувам дека нема да личи лошо?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom