Тие места ги расели политиката на Сфрј и Колишевиќ уште пред 50-60 години.[DOUBLEPOST=1460102126][/DOUBLEPOST]
Како почнала работава, ќе снема место за згради во Скопје, па ќе мора за луѓето од источна и средна Македонија кои сакаат да имаат станови во Скопје да се градат комплекси згради во оп. Бутел, Чучер и Сарај.
Кај мене гледам веќе регистрации КП, КА , ВЕ, КУ , СН.
За Ларазарополе во право си, селото во 1953-та имало 962 жители, а веќе во 1971-ва има само 180.
Но за другите села испразнувањето е постепено и трае се до денес, ако веќе не запустиле.
Битуше
1953: 579
1961: 581
1971: 431
1981: 291
1994: 172
2002: 96
Секојдневно селата губат население.
Секојдневно регионите губат население.
Само Источниот регион по природен пат (родени-умрени) секоја година губи просечно 350 жители. (и тоа благодарејќи на ромите и турците кои имаат повисок наталитет, а што се однесува до
македонците тие губат 500 лица годишно).
Кога ќе ги додадеш на овие 500 уште и тие кои го напуштаат овој регион, тогаш годишно овој регион губи по едно просечно село (без да ги броиме тие што одат надвор од државата).
Биланс на внатрешни миграции на македонците во период 2005-2014. (се прави биланс колку се доселиле и колку се отселиле, и добиваме податоци дека во следните општини по пат на внатрешни миграции има пад на бројот на македонци за:
Тетово: 735
Велес: 565
Пробиштип: 430
Крива Паланка: 389
Кичево: 363
Прилеп: 357
Кратово: 337
Струга: 301
Значи овие се општините кои изгубиле најмногу македонци преку внатрешните миграции.
Што мислиш која општина има позитивен биланс на внатрешните миграции, и за колку?
Секако, во Скопје од 2005-2014 има 5500 македонци повеќе само преку внатрешните миграции, а кога ќе ги додадеш и околните Илинден и Сопиште, тогаш стигнуваме до речиси 6000 македонци повеќе.
Овие 6000 се лица кои со документи станале скопјани, колку останати има што со документи сеуште се од КП, КА, ВЕ, КУ, СН ?
Секако дека овој проблем го нема само Македонија, ја има и Албанија, каде Тирана сега има 700.000 жители, го има и Србија каде во Београд се гради на големо. Но и Србија и Албанија имаат градови каде исто така се живее добро, а не само во главните градови... во Македонија се повеќе се зголемува разликата помеѓу Скопје и останатите градови.
За во Македонија единствено Тетово што има активност за да парира на Скопје. (направија и Трговски центри)
Најголемата грешка се направи со проектот Скопје 2014, требаше со тие пари да се потикнат градови како Битола, Прилеп, Тетово, Кичево, Велес, Куманово... Да се направат регионални центри.
А за имање место, не се грижи, има Скопје простор и за 2 милион жители, од крајот на Ѓорче до крајот на Драчево има 21км, ќе има секогаш место тука, еве се погрижија и турците за да има место, на мал простор изградија 1400 станови ... ако затреба ќе ви порачаме уште неколку такви згради, има ли уште некој од Битуше да дојде?