Да те прашам нешто, да не си ти православен Албанец???? Гледам ти сметаат мариовците во Скопје, а не ти пречат 100.000 доселени од Косово.
Докажи ги тие 100.000 доселени од Косово , на начин како што јас го докажувам ова:
Остатокот од Македонија се празни во корист на Скопје.
На следната мапа имаш 14 општини од источна Македонија
само 178.000 жители (по попис од 2002, денес којзнае дали се останати 165.000-170.000)
дури 4566 km2
Од друга страна Аеродром+Центар+Карпош:
3 општини
177.000 жители (сега којзнае колку ги има)
на само 52 км2
178.000 во 4566 км2 наспроти
177.000 во 52 км2
На 4500км2 имаш вистинска депопулација, не е ништо Мариово што може да биде тој дел што го обоив на мапата.
Сите тие што се доселуваат во Скопје, речиси ниеден не се доселува во Чаир или во други албански населби во Скопје, туку исклучиво во чисто етнички населби, што значи дека тие не можат да помогнат ништо во целовитоста на Скопје, го имаш како пример Митровица на Косово, таму албанците беа мнозинство, и ден денеска се мнозинство, но србите ја добија северна Митровица, дел кој што е многу помалку населен од јужниот. (сакам да кажам, џабе ако имаш 400.000 на десна страна на Вардар, ако во другиот дел немаш мнозинство)
Во последните 8 години (патриотско владеење), официјално во Чаир има 2.200 македонци помалку, и тоа само 600 заради негативниот прираст, дури 1.600 заради негативното миграциони салдо. (1600 лица повеќе иселени него доселени)
Исто така во Бутел има 111 македонци помалку преку миграционен пат.
Во Сарај 63 помалку.
Во Шуто Оризари 48 помалку.
Целата лева страна на Вардар има повеќе иселени него доселени македонци.
А за споредба, во општините Аеродром+Центар+Карпош за 8 години има
4500 македонци повеќе преку миграциониот процес.
А уште колку има што сеуште не смениле документи, односно не пријавиле живеалиште во Скопје, а сепак најголем дел од времето живеат во Скопје.
Сакам да кажам источна Македонија, како бастион на Вмро-Дпмне, во овие 10 години владеење доживеа големо иселување. (што кон Скопје, што кон надвор)