"Град-држава" Скопје со нови 2500 провинцијалци

Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.336
Поени од реакции
4.925
Скопје лани добило 2.448 нови жители преку доселување на граѓани од другите општини во државата. Анализата на податоците објавени во најновата публикација на Државниот завод за статистика за миграциите во државата покажува дека најголем дел од доселените се од женски пол, најчеста причина за преселба во главниот град е мажачка или женачка, а скоро половината од лицата кои го смениле местото на живеење се со високо образование.
Најмногу нови скопјани добила општина Карпош - 458 лица. Аеродром за ново место на живеење го одбрале 419, адреса во Центар добиле 386, а во Кисела Вода 337 граѓани.
Повеќе од половината од доселените, или 1.626, се од женски пол, а најголем дел, 1.418 се на возраст меѓу 30 и 64 години, додека над една третина од вкупниот број новопечени скопјани имаат меѓу 15 и 29 години. Иако Скопје е град со најмногу факултети, само 17 лица пријавиле дека се доселиле заради школување. Од вкупниот број 1.418 доселени дури 1.006 дошле за да склучат брак, а 221 за да работат.
Внатрешноста ја напуштиле и жители на главниот град лани станувале главно лица со факултетски дипломи. Од тие што се доселиле, 1.063 имале завршено високо образование, 118 биле магистри, а 25 доктори на науки. Од нив Скопје добило нови 1.016 стручњаци и научници, но и 204 службеници
Извор ВЕЧЕР
Да ги отвориме картите на маса:

1. Колку ви пречат дојденците од другите градови и дали гледате на нив како конкуренција по вашите работни места и слично?

2. Општо познато е дека скопјани и квази-скопјани со презир и подбивање гледаат на се што не е со постојано место на живеење - Скопје.
Се згрозуваат од чудните дијалекти кои ечат од сите страни додека тие седнати уживаат во ладовината покрај кеј.
Се нервираат кога ќе здогледаат автомобил што не е SK таблица и го делкарираат како неписмен сељак кој не знае да вози
Со егоизам до плафон се потенцирата неспособноста на провинцијалецот

3. Дали е Скопје социолошки отворен град? Колку еден скопјанин би внел во свое друштво културно недоделкан провинцијалец со исти ставови и интереси меѓутоа дијаметрално спротивно искуство.

4. Колку власта е крива што целиот културолошки и економски развиток се централизира во еден град на штета на помалите градови?

Лично мое мислење е дека во град каде дневно транзитираат и живеат 1.000.000 граѓани бројка од 2.500 дојденци на годишно ниво е занемарливо и е потполно природно ако се земе во предвид колку е голем пазарот на труд во Скопје. Постојана потреба од квалитетни кадри придонесува за напливот на работна сила од внатрешноста која ако успее да се снајде секако ке остане во градот каде што и работи.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.172
Поени од реакции
4.132
Со некој што користи термин "провинцијалци" и "провинција"немам намера да дискутирам.
Муабетов демек ние Скопје/Скопјаните сме центарот,најубави,најпаметни,нај,нај...вие останатите сте ропаци од провинција.
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Па што сакаш само кај мене од комшии има 3 жени од кои едната е од Прилеп другата од росоман и Демир капија ...

А ако погледнеме подобро повеќето студентки кои се во Скопје повеќе бараат за дечко некој кој е од Скопје со кои ќе можат да се спасат од сиромаштијата од нивниот регион и со кој ќе можат да оформат семејство иако повеќето мислат дека овде мед и млеко тече како што информира сител ситуацијата е поинаква но далеку е подобра од некој си друг останат град ... :) Тек почнува ... преселбата од другите градови бидејќи во скопје нагло и најмногу се инвестираат пари затоа и вакви работи можеме да видиме ...
 

Jaqen H'ghar

Faceless man
Член од
25 март 2009
Мислења
1.077
Поени од реакции
1.271
Anco , еве ти тема за која најмногу сакаш да дискутираш.
 
Член од
11 јули 2009
Мислења
1.415
Поени од реакции
962
Со некој што користи термин "провинцијалци" и "провинција"немам намера да дискутирам.
Муабетов демек ние Скопје/Скопјаните сме центарот,најубави,најпаметни,нај,нај...вие останатите сте ропаци од провинција.
Ми се свиѓа како размислуваш :)
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
4.914
Поени од реакции
7.834
кој дибеци живеат во ова скопјево не ми се верува,....секој ден истата тема
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Со некој што користи термин "провинцијалци" и "провинција"немам намера да дискутирам.
Муабетов демек ние Скопје/Скопјаните сме центарот,најубави,најпаметни,нај,нај...вие останатите сте ропаци од провинција.
Леле аман па вие што се вреѓате толку лесно..
Проблемот не е во тоа што тој рекол провинцијалци. Проблемот е во тоа што ти, штом се пронајде во тоа, очигледно се сметаш себеси за провинцијалец.

И ај да бидеме реални. Да, во споредба со Скопје, останатите градови во државава навистина се провинции. Јас сум жител на еден од нив. Ама мене не ми е под ниво тоа што не сум од Скопје. Пре би била од овде, отколку да сум од Скопје и тоа да ми биде најголем успех во животот.

А овие Скопјаниве па колку се горди што се од Скопје, абе Лос Анџелес го мислат. Хаха.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.336
Поени од реакции
4.925
Со некој што користи термин "провинцијалци" и "провинција"немам намера да дискутирам.
Муабетов демек ние Скопје/Скопјаните сме центарот,најубави,најпаметни,нај,нај...вие останатите сте ропаци од провинција.
Демек сега ќе искривуваме слика на невиност
Во Скопје сум прилично често и на своја кожа сум осетил како се фаворизираат граѓани од Скопје, какви сочни зборови сум кркал на раскрсница затоа што не сум имал СК таблички, ми се смееле затоа што дијалектот бил чуден. Со другари од Скопје сум седел и јасно ми збореле да си седам кај што сум дека Скопје не е за мене и градот -цитирам "Ќе ме изеде"
Не генерализирам меѓутоа преовладува таквата атмосвера и глупо е да си мачкаме очи дека дечкото од Центар кој работи како програмер и зема плата од 35.000 денари нема ништо против младиот и надежен Беровчанец кој штотуку завршил факултет и за 20.000 ја работи истата работа затоа што во живот не видел повеќе пари и со неговиот економија во кој не се вклучени излагања во град во вредност од 3000ден, пресметал дека тие 20 му се сосема доволни за живот
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
А ако погледнеме подобро повеќето студентки кои се во Скопје повеќе бараат за дечко некој кој е од Скопје со кои ќе можат да се спасат од сиромаштијата од нивниот регион и со кој ќе можат да оформат семејство иако повеќето мислат дека овде мед и млеко тече како што информира сител ситуацијата е поинаква но далеку е подобра од некој си друг останат град ... :) Тек почнува ... преселбата од другите градови бидејќи во скопје нагло и најмногу се инвестираат пари затоа и вакви работи можеме да видиме ...
Никој не бара дечко од Скопје, не си придавајте значење.
Тие што дошле во Скопје да студираат, живеат 4 години во Скопје, од кај сакаш да најдат дечко, од Росоман?
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.257
Поени од реакции
3.608
Моментот кога читаш нешто и не може да поверуваш колку ментално хендикепиран треба да биде некој за да се занимава со тоа колку во годината добиле лична карта со скопска адреса. Подобро отворете прозорец и видете кои се причините за истото...
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Ау како има да рикне тоа Скопје на економски план и заедно сите ние со него има да биде интересно :icon_lol:.

Кога нема да можат да се вратат обврските и каматите и кога и последното работно место во администрација ќе се пополни тогаш ова откровение ќе ви стане јасно :icon_lol:.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Демек сега ќе искривуваме слика на невиност
Во Скопје сум прилично често и на своја кожа сум осетил како се фаворизираат граѓани од Скопје, какви сочни зборови сум кркал на раскрсница затоа што не сум имал СК таблички, ми се смееле затоа што дијалектот бил чуден. Со другари од Скопје сум седел и јасно ми збореле да си седам кај што сум дека Скопје не е за мене и градот -цитирам "Ќе ме изеде"
Ахахахахах за болдот, абе за Скопје ли праеме муабет или за Големото Јаболко. Градот ќе те изел. Кого изел градот до сега бе? Ахахахаххаха слушнале на филм па ајде сега ќе тресат глупости.

Јас досега ниедно лошо искуство сум немала со Скопјани. Сите убаво се понашале со мене, никој не ме зезал за дијалектот (иако мојов дијалект е најружен у свет, според мене, не рипајте одма).

А ако некој ми рече мене дека Скопје не бил за мене, пошто ќе ме изел, ама за нив не бил гладен, знам што да му речам, па не да бил од Скопје...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom