Се трудам да го живеам секој момент од животот. Премногу е краток истиот за да размислуваме 10 пати па да реагираме, возот ќе си замине. Секој дел од животот си има свои убавини. Некој сака тоа прерано да го изживее, некој се препушта на ситуацијата. Не дозволувам животот да помине покрај мене, тогаш тој ме живее мене, не јас него. Размислувам, се борам, донесувам одлуки кои на некого на моја возраст се страни. Се борам со самата себе, да видам до каде можам да одам, колку сум споспобна да напредувам во овој период во кој што сум сега. Секогаш стојам цврсто на земја, дури понекогаш и лошо е тоа кај мене, зашто незнам да се радувам на нештата, страв ми е дека се тоа ќе се сруши. Неможе никој да ги искористи сите можности кои животот му ги пружа, може да искористи само некои од понудените, со правилно размислување, обично се искористувааат оние подобрите. Сакам да искористам се, сакам да живеам активно со полна пареа, незнам за доста, незнам за не.