Кајганерио,
За две недели (на 02.06.2007 - сабота) ќе го одржиме првото летно собрание оваа година. За сега се знае само датумот и градот (Скопје). Темава ја отварам информативно (да не речете: "
Eии, педери, што не кажавте порано") како и за пријавување/договарање на тимовите надвор од Скопје.
Местото на одржување на собиранката ќе биде објавено во текот на наредната недела, заедно со мапа и GPS координати од локацијата. Ако имате другар/пријател кој држи некој кафич (пожело е некој од оние на улица Македонија), може да ми се убаците нa MSN за да се договориме околу евентуалната организација...
Денот е тамански. Тие што работат ќе имаат земено плата (ќе фрштат гага пијачки за матурантките
), другиот ден не се на работа, учениците не се во школо, матурантите веќе завршија со обрските... Ќе биде топ!
Аиде, почнете со пријавувања да видиме кои сме и во согласност со тоа да знаеме колку голем простор за журка ќе ни биде потребен. :wink: