Впечатоци од Кајгана собиранката, 02.06.2007 (сабота)

  • Креатор на темата Acid
  • Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.180
Поени од реакции
34.389
Кајганерио,
На 02.06.2007 - сабота, ќе го одржиме првото летно собрание оваа година. Темава ја отварам информативно (да не речете: "Eии, педери, што не кажавте порано") како и за пријавување/договарање на тимовите надвор од Скопје.

Местото на одржување на собиранката ќе биде објавено во текот на наредната недела (веќе објавено - читај подолу), заедно со мапа и GPS координати од локацијата. Ако имате другар/пријател кој држи некој кафич (пожело е некој од оние на улица Македонија), може да ми се убаците нa MSN за да се договориме околу евентуалната организација...

Денот е тамански. Тие што работат ќе имаат земено плата (ќе фрштат гага пијачки за матурантките :pos:), другиот ден не се на работа, учениците не се во школо, матурантите веќе завршија со обрските... Ќе биде топ! :vozbud:


Аиде, почнете со пријавувања да видиме кои сме и во согласност со тоа да знаеме колку голем простор за журка ќе ни биде потребен. :wink:

Едит:
Значи Кајганџии, ваков е планот за сабота.

Собиранката дефинитивно ќе се одржи во Diamond (Дајмонд) во Рамстор.

Почетокот на собиранката е во 21:00 часот! (бидете точни).
Рамстор верувам дека нема никој да го утне (макар и не бил од Скопје), а Diamond се наоѓа на први спрат (по ескалаторот горе, па десно). Локалот работи до 01:00, па потоа продолжуваме во Место на журка до раните утрински часови!


Diamond ќе биде само за Кајганџии, а во Место ќе се помешаме со останатите посетители (Мрно мора да издудла нешто :pos:), но секако дека сепарињата ќе бидат резервирани за нас. :wink: Diamond ќе биде малку по мирно (да може и муабет да се направи, но и да се поџуска), а „фештите” ќе бидат во Место :)

Значи, Diamond - Рамстор на први спрат.
Место - под Железничката станица, веднаш до „Кастро”.
 

ЅОНЕ

сакам скопско
Член од
25 јануари 2007
Мислења
588
Поени од реакции
31
ЈАС +1 :back:
 

kpbKENGUR

Devil's Advocate
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.132
Поени од реакции
201
:vozbud: јееее!! глејте сеа што повеќе да се збереме.
што повеќе-толку повесело :pos:
 

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Ако фрштат гага пијачки за матурантките, каунт ми ин.:pos:

Се шалам.*

Па, форумџии-се гледаме за две недели!




*не дека би ми пречело.:pos:

ПС.Нормално, со мене во пакет доаѓаат и Ред хот и незачленетата другарка.:)
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.702
Поени од реакции
27
Ууууу најс...ај ќе ме видете изглеа...таман на 1-ви иам испит...на 2-ри сум слободен...само...леле ако биди навечер ...нема каде да спијам :(


EDIT:абе само во СК праеете собиранки за цела МКД...дајте накај БТ :) (еве еднаш ОХ сеа до БТ). Нешто напраивме муабет со Димитар, така што АКО сте заинтересирани за денска средба...значи кај 12-1 за потоа другите да можат да си одат во своите градови...
 

Billa Bong

I love Basketball
Член од
14 август 2006
Мислења
6.590
Поени од реакции
11
:je::je::je:КОНЕЧНОООО!!!:je::je::je:
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
Ако се организираме ние Стружаните , најверојатно ќе идам. Гего, Дивајн, Еко, Ортаче... шо прајме?
 

vmx

Член од
25 април 2005
Мислења
5.633
Поени од реакции
201
Volkswagen напиша:
Ууууу најс...ај ќе ме видете изглеа...таман на 1-ви иам испит...на 2-ри сум слободен...само...леле ако биди навечер ...нема каде да спијам :(
Брачко во Скопје има паркови, клупи, подруми во згради и слично, така да за спиење не ти е проблем. :pos:

Инаку кој земал плата рече? Пошо ние вака од синдикатот да глеаме да се изгагаме. :pos: :pos:

ИДАААМ и јас, и цел синдикат нормално. :)
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.345
Поени од реакции
7.469
Volkswagen напиша:
само...леле ако биди навечер ...нема каде да спијам :(
Спиење?! :lud:
Какво спиење, до сабајле ќе се тера, хахаха, може и кај мене дома, иам голема соба, само шо сум малку премногу одалечен од грат... има време, ај бре, дојди, ќе се снајдеме за понатаму, ако не, ко хипици ќе спиеме сите у парк.
Само да не заврне, хахахаха

Ај ќе го аднам датумоф у мојот пребукиран распоред.
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
deXterche напиша:
Ако се организираме ние Стружаните , најверојатно ќе идам. Гего, Дивајн, Еко, Ортаче... шо прајме?
Можџа и јас ќе идам... ак ме земате нормално..
 
Ч

Чек Он Ит

Гостин
И јас доаѓам најверојатно овој пат, ама здравје до тогаш којзнае што ќе биде ... Важно во план ми е :devojkr:
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.345
Поени од реакции
7.469
Чек Он Ит напиша:
И јас доаѓам најверојатно овој пат, ама здравје до тогаш којзнае што ќе биде ... Важно во план ми е :devojkr:
Еј, ај дојди!
Баш би сакал да видам шо девојче си.
Упс можда постов требеше у др тема да иде, ама ај доаѓај.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Та там тара там там там там
Та там тара там там там
Та там тара там там там там
Та там тара там там там

Тарара тааааааааааам там !
Тарара тааааааааааам там !
Тарара тааааааааааам там !

Рататататататата там -

ТЕКИЛА :)

Со песнава, се пријавува еден герилец!
 

Мар мар

Take me to paradise
Член од
9 август 2006
Мислења
1.294
Поени од реакции
11
уффф како ми се идет и мене.... ама не знам дали ќе сум тука... ако сум ќе глеам да ги убедам овие дома да идам :) здравје до тогаш, имат време :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom