Волонтери со плата 4 000 денари, низ цела Македонија.

Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Не е проблем во 22 000 денари, проблем е што мал процент во Македонија земаат ваква и поголема плата.
Проблем не се тие 22.000 и знам дека само 20% од населението ја зема таа плата, но проблем е што мислите дека по волонтирањето обавезно сите ќе добијат шанса да се вработат. Една од сто ќе успее да се вработи и ајде вреди да се волонтира и да се чека.

Ете имаш пример со жена која 10 години работи за тие пари. Не само во државна болница ги има многу низ државните установи што со години чекаат решение за вработување, а некои остануваат без ништо.

Волонтирање повеќе од 2 години е џабе губење на време, освен ако од дома и даваат пари и не се замараат со барање на друга работа.

Жена ми волонтираше во универзитетот знам како одат тие работи. Демек како пракса било аха цел ден шетање низ чаршија и ветување дека ќе биде асистентка кога ќе магистрира. Нејзините колешки веќе 3 години чекаат, а она си најде друга многу подобро платена работа.

Да чувате деца со тие пари ќе видиме дали ќе волонтирате. :D
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.144
Поени од реакции
893

Сите познаваме по некој екстремен пример каде луѓе со години волонтираат меѓутоа на ниеден од нив парите од волонтирање не им се примарен приход.

Подобро ќе изгубам две години и ќе работам тоа што ми е по струка отколку да се вработам по завршување на студиите во бутик или кафич.

Волонтирањето не е редовен работен однос и според тоа не треба да се очекува плата. Во сите установи во договорот стои дека не се обврзуваат да те вработат после тоа, затоа и луѓето остваруваат контакти, по некоја книшка, некогаш среќа и ако упали ок ако не секогаш стои на распологање да си заминеш во странство или да си најдеш поплатена работа. Али крајно глупи и смешни ми се муабетите иди работи чистачка или келнерка по завршувањето на студиите или седи дома што ќе се е*аваш за 4 000 денари.
 
За тоа дали две години ќе волонтираш не се знае во држава како Македонија. Не е ова странство за веднаш да се најде вработување и плата што на секој му одговара.
А што правиме ако ти после две години не најдеш работа за тоа што си го учела? :pipi:
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Во меѓувреме, увоз со платен смештај, патни трошоци и добра плата...
кај нас ги немало овие лекари :facepalm: И да, најголемата работа ја вршат практикантите, да немаш таква среќа да заглавиш во државно здравство.Докторите незаинтересирани, недоволно платени (и со странски колеги платени од ракав со милион бенефиции), а практикантите недоволно искусни...

НИ ФАЛАТ ЛЕКАРИ – МАКЕДОНИЈА БАРА СТРАНСКИ СПЕЦИЈАЛИСТИ ПРЕКУ ОГЛАС ВО СРБИЈА

Министерството за здравство бара специјалисти од странство за работа во македонските болници. Вчера во српска Политика е објавен оглас за ангажирање на лекари од Србија. Посебно се нагласени потребите од офталмолози, анестезиолози, гинеколози, ортопеди како и специјалисти од областа на неонатологија, васкуларна и ендокринолошка хирургија. Истите би биле ангажирани во здравствени установи во Скопје, Велес, Струмица, Охрид, Штип.. Освен од јужниот сосед, министерството со веќе објавен оглас бара специјалисти и од Германија, Франција и Англија.

Надлежните велат дека целта е да дојдат лекари кои ќе работат методи што ги нема во македонскиот здравствен систем. Но има еден услов – сите да бидат со најмалку 10 годишно искуство.

Во земјава ќе имаат обезбедено сместување, надомест за патни трошоци како и плаќање на соодветен надомест согласно договорот што ќе го потпишат со министерството. Претходно ќе треба да достават св…а по направеното интервју ќе биде познато кои се методите што за прв пат ќе почнат и во Македонија.
 
blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
@Kallista
Се согласувам со тебе за волонтирањето и можностите/контактите кои ги нуди истото. Но убаво ти рече @Forza Milan!!! волонтирање повеќе од две години е веќе губење на време и пари. Знам како е, пошто волонтирав последните неколку години. Да, собираш искуство, контакти и развиваш нови вештини и способности, но после одреден период нема што ново да научиш. Барем кај нас, луѓето се тие, доволно се две години да направиш и стекнеш контакти во областа во која волонтираш.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Во меѓувреме, увоз со платен смештај, патни трошоци и добра плата...
кај нас ги немало овие лекари :facepalm: И да, најголемата работа ја вршат практикантите, да немаш таква среќа да заглавиш во државно здравство.Докторите незаинтересирани, недоволно платени (и со странски колеги платени од ракав со милион бенефиции), а практикантите недоволно искусни...

НИ ФАЛАТ ЛЕКАРИ – МАКЕДОНИЈА БАРА СТРАНСКИ СПЕЦИЈАЛИСТИ ПРЕКУ ОГЛАС ВО СРБИЈА

Министерството за здравство бара специјалисти од странство за работа во македонските болници. Вчера во српска Политика е објавен оглас за ангажирање на лекари од Србија. Посебно се нагласени потребите од офталмолози, анестезиолози, гинеколози, ортопеди како и специјалисти од областа на неонатологија, васкуларна и ендокринолошка хирургија. Истите би биле ангажирани во здравствени установи во Скопје, Велес, Струмица, Охрид, Штип.. Освен од јужниот сосед, министерството со веќе објавен оглас бара специјалисти и од Германија, Франција и Англија.

Надлежните велат дека целта е да дојдат лекари кои ќе работат методи што ги нема во македонскиот здравствен систем. Но има еден услов – сите да бидат со најмалку 10 годишно искуство.

Во земјава ќе имаат обезбедено сместување, надомест за патни трошоци како и плаќање на соодветен надомест согласно договорот што ќе го потпишат со министерството. Претходно ќе треба да достават св…а по направеното интервју ќе биде познато кои се методите што за прв пат ќе почнат и во Македонија.
Која будала од странство ќе дојде во Македонија да работи за некои си 1000 евра па и 2000 евра да се.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Познавам повеќе лица кои волонтирале со добри и со лоши искуства.
Познавам случаеви кои по 7-8 години волонтираат и искрено, ниту јас веќе не разбирам на што се надеваат.
Меѓутоа, познавам и случаеви каде што, за релативно кратко време, од волонтери станале хонорарци, а после неколку години (обично 5) добиле и решение.

Да тргнам од себе, затоа што и јас самата на крајот сум волонтер.
Искрено, во институцијата во која што волонтирам, не ни очекував да бидам повикана, знаејќи кои ми се ,,конкурентите,, и преку кој се тие пратени.
Нејсе, апсолвент сум, немам ни волја ни желба во кафичи да работам (да, работев и тоа, и доста ми беше ,,искуството,,), и дефинитивно сакав денот да го поминувам со малку повеќе начитани луѓе.

Вистината е дека, каде што јас волонтирам, истите луѓе кои аплцираа со мене, добија решение од прв работен ден :)

Мене тука ,,решение,, не ми е потребно. Мојата струка нема врска со она што јас моментално го ,,работам,, меѓутоа, она што моментално го ,,работам,, е за 1000 пати подобро од работа во кафич/бутик/трафики и сум исто толку пати подостоинствено третирана и од колегите, и од претпоставените.

Како и да е, освен ако немате ,,јака врска,, не очекувајте ,,стално,, вработување. Премногу врскаџии има, нема простор за некој обичен. Ама ако сакате нешто да научите, некој од кого можете да научите, и секако, тоа да биде во нормални временски рамки, волонтирањето не е лоша опција.

Месечно се добива 4500 денари, како што и стои во самиот договор - се плаќа ПАТ и ХРАНАРИНА.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.144
Поени од реакции
893
@blue ladybug

Јас знам дека повеќе од две - три години волонтирање е губење на време кај повеќето, меѓутоа има и такви што им успеало да се пробијат. Пак ќе кажам врски, книшка, некогаш среќа... Многу посредни фактори се во прашање.

Мене предмет на дискусија ми беше дали е воопшто потребно да се волонтира или по завршувањето на студиите да се чмае во кафич или бутик?
Јасно дека не, освен ако не си кнап со сметки и храна. Мислам дека се разбравме. :)
 
Потребно е да се волонтира барем еднаш во животот, и тоа не мора ич да биде државна институција.
По правило и невладините организации треба толку да обезбедуваат на волонтерите (храна и превоз).
Волонтерството не треба да се смета како можно идно вработување (иако и тоа не е лоша опција за оние кои волонтираат во секторот за кој учеле) туку како можност за стекнување на некакво знаење, а пред се на некакво искуство.

Сега за прв пат волонтирам каде што нешто ми е платено, предходните мои волонтерства биле на мој трошок. Искрено, не се каам за ниту едно од нив, баш напротив.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
"Некои од овие волонтери имаме и над 5 години работен стаж во Универзитетот и имавме надежи дека еден ден ќе бидеме редовно вработени и ќе можеме во целот да ја обавуваме нашата научна дејност"
Колку треба да си луд за 5 години да си волонтер и тоа на универзитет, каде работат оние најдобрите од генерациите т.е за нив нема проблем да најдат работа (ама во странство).
Кога некој ќе ми каже за некоја струка, дека во странство треба да дополага ваков или онаков испит или незнам што уште не и кога ќе ги ставиш овие 5 години волонтирање на вага, ми доаѓа да ги испоубијам овие што плачат за државна цицка.
Незнам што да кажам, ама прилично садистички народ сме, до коска. Кога гледаш дека не оди работата, кога гледаш дека и покрај тоа што си упорен, друг добива работа, свести се и замини од тука, барем овие што волонтираат на факултет нема да им биде тешко, да најдат работа и тоа по струка и тоа на некој Универзитет.
Знам дека многу викаат еден живот се живее, ама изгледа ние како народ сакаме во болка да го поминеме
 
Kajgana Shop

На врв Bottom