Волонтери со плата 4 000 денари, низ цела Македонија.

Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Волонтер е фина работа, одлика на културни , богати и организирани општества. Никогаш не може да биде со материјална или егсистенцијална намера....тогаш во најблага смисла е нечовечно искористување на бедата, посебно кога е користена, неважно од кога... во форма на лажна надеж.
Се волонтира и со цел да се научи нешто, да се стекне некое реално искуство илити пракса како дел од сопственото образование. Или со желба да се поддржи нешто во кое се верува, од борба за слобода , политичка опција до аеромитинг, рок концерт или немоќни и стари.
Волонтирање после студии во болница е позната работа насекаде, а и други струки го бараат тоа, ама и инситуцијата традиционално.. им компензира превоз, храна и некоја нужна опрема.
Но тоа трае дефинирано време и не може да биде уфилмуење или пак јадица со ветување за вработување што е буквално безобразно искористување на некого.
Асистент волонтер ??? за стално??? није ваљда до таму стигнато??? Тогаш некој намерно или ненамерно нешто неразбрал или се прави недоветен.
А нашиов Хемиски Ангел очигледно води љубов најкапиталистички ко да шмркнуе експресо, или само овде тоа си се праи важна ;)
Машко сум, а волонтирањето не е работа туку помагање. Само кај нас го измислија како работа од, демек волонтираш и тоа ти е прв чекор до вработување на државно. Само што првиот чекор трае со години.
За волонтирањето ништо не се компензира, за пракса да, сите студентски организации се врз база на волонтирање со организирање разни настани, каде пари се добиваат од спонзорства.
Фирмите нудат пракса за да оние што не се запознаени со работа подобро се запознаат, ама тоа во нормални држави.
А за тоа што го кажав е анегдота што кружи од поодамна само надополнета со духот на денешното време[DOUBLEPOST=1412356079][/DOUBLEPOST]
Апсолутно не, меѓутоа, ако некој веќе 8 години зема плата од 4.000 денари, нели е подобро да поврзува кабли за 10.000?
Патем, зарем поврзувањето на кабли треба да биде „срамна“ работа? Ако за ништо друго, вреди да се обидат затоа што во следните 8 години (колку што потрошиле на волонтирање) ќе земат повеќе од пола милион денари повеќе... :)
Тој работи за 4.000 плус ветување за стално вработување каде може ќе зема 24.000, затоа што факултетот те надградил духовно имаш и визија за иднината. А ако работи поврзување на кабли, не гледа иднина во тоа
 
Последно уредено:
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Не сакаат бугарски пасош епа нека работат за 4000 ден. :icon_mrgr:
Многу млади има по државните институции што се влезени во филм дека еден ден ќе бидат којзнае што, а платата им е колку да си купат доручек и за викенд едно пиво. Важно пола година им е неработна, а во приватно тоа го нема.

Секој ден одат во штабовите и ги лажат дека ќе ги вработат и на крај остануваат со празни раце. Но никако да го разберат ова дека ако немаш кој да те штити цел живот ќе го собираш ѓубрето што останало од оние над тебе. :icon_lol:

Има многу подобри опции и програми за сезонска работа во странство и ако нема работа на нивната струка нека бараат друга. Но овие или се неспособни и мрзливи или мозокот им е испран што со години работат за тие пари.
Ај тие над 50 години да ги разберам ама да си под 30 год и да си го губиш времето за тие пари. o_O
Најчесто овие млади ги слушаат домашните и за тоа и вака работат, затоа што сепак родените во 80-тите се со родители што ги видоа најдобрите работи од комунизамот + кризата од 90-тите и главен заклучок кај нив е дека државно си е државно и дома си е дома.[DOUBLEPOST=1412356541][/DOUBLEPOST]
Можеби, ако имаш завршено Теолошки :pos:
Како сакаш кажи, ама нема зима за тие што работат за Господ
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.692
Поени од реакции
33.327
Мислам дека во Драга Кајгана пред некој ден прочитав мислење на @Natural-girl поврзано со темава, затоа ping до неа - верувам дека има што да каже.

Но, за среќа има и друг избор. Повеќе за него во темата: Aуфидерзен...
Колку е само парадигматично ова баш за оваа тема, не си свесен! Воедно и иронично. ;)
 
Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
2.000
Еден куп сезнајковци се јавивте во темава. тоа чудо едно. Се на памет зборување.
Имам комшика која работи во државна болница и зема 4000 денари. ДА, ТОЛКУ ЗЕМА!!!
Работи повеќе од 7-8 години таму. Кога ќе дојде време за избори и се ветува договор за постојано вработување, но тоа трае со години и ништо не се менува.
Жената е самохрана мајка од 40+ години. Епа ајде сега сезнајковци едни кажете ми каде има избор таа жена да оди да работи и каде тоа ќе најдела работа за најмалку 10 000 денари особено на нејзина возраст?
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004

Пробала некогаш некаде да конкурира испраќајќи CV.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298
Еден куп сезнајковци се јавивте во темава. тоа чудо едно. Се на памет зборување.
Имам комшика која работи во државна болница и зема 4000 денари. ДА, ТОЛКУ ЗЕМА!!!
Работи повеќе од 7-8 години таму. Кога ќе дојде време за избори и се ветува договор за постојано вработување, но тоа трае со години и ништо не се менува.
Жената е самохрана мајка од 40+ години. Епа ајде сега сезнајковци едни кажете ми каде има избор таа жена да оди да работи и каде тоа ќе најдела работа за најмалку 10 000 денари особено на нејзина возраст?
Хигиеничарка, продавница, тобако, бутик... Да ти соберам и линкови до огласите?
Ама ако почне да работи таму - уствари ќе треба да работи. Јас тука ја гледам разликата и причината зошто самите, свесно, се одлучуваат на 10-годишна волнтерска кариера со плата од 4 илјади.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
Хигиеничарка, продавница, тобако, бутик... Да ти соберам и линкови до огласите?
Ама ако почне да работи таму - уствари ќе треба да работи. Јас тука ја гледам разликата и причината зошто самите, свесно, се одлучуваат на 10-годишна волнтерска кариера со плата од 4 илјади.
Па и не е дека волонтерите не работат, баш тие работат можеби и најмногу. Кога си волонтер/практикант/приправник учиш само 6 месеци, еве и година нека е, се потоа е искористување на труд и нема никаква врска со волонтерство/практиканство/приправништво.

Јас под волонтер подразбирам некој што работи/волонтира за општествена работа/цел, не некој што рмба цел ден за плата од 4.000 денари.

А и јас не ги поддржувам тие што повеќе од 1 година се волонтери за 4.000 денари, а па 7 години е веќе херојство.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Така е кога сите сакаат државна работа. Знаат дека има многу вакви случаеви и пак одат на такво работно место се надеваат дека некогаш ќе ги вработат.

На 40+ тешко за во продавница, може читачка во некој дом или да чува деца. Еден куп и вакви огласи, но ние не знаеме дали сака ваква работа или ќе си чека вработување во болницата. :coffee:
 
C

cige

Гостин
Деца учете занаети, електричари, заварувачи, водоинсталатери, армирачи, автомеханичари, автоелектричари, ѕидари, ќе зимате 20-25000 денари плата. Баталете сметководители и приправници за 9000 денари.
 
Член од
18 ноември 2008
Мислења
621
Поени од реакции
612
Хигиеничарка, продавница, тобако, бутик... Да ти соберам и линкови до огласите?
Ама ако почне да работи таму - уствари ќе треба да работи. Јас тука ја гледам разликата и причината зошто самите, свесно, се одлучуваат на 10-годишна волнтерска кариера со плата од 4 илјади.
Другар, ако има некој оглас за бутик, те молам објави го некаде на кајганава, и означи ме да го видам....ова сериозен сум, оф топик но сепак ме заинтересира за некој. Поздрав
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Член од
13 август 2008
Мислења
1.144
Поени од реакции
893
Факт е дека нема пари кои би ме вратиле назад во студентските денови да работам шанкерско/келнерска работа. Нема никаква логика да ме платат и 15 000 кога доаѓаш скапан дома и се осеќаш максимално искористено и понижено зашто имаш три чисти повеќе од газдата. Не е секогаш се` до парите, освен ако не си кнап со сметки и храна. Сите други луксузи како телефони и одмори може да почекаат.

Сега волонтирам и разликата е во остварувањето контакти. Моја другарка патем медицинска сестра волонтираше некоја година во државна за 4000 сега работи приватно за 22 000 денари. Волонтерскиот стаж што гледам многумина го кењаат е всушност повеќе од потребен за да се пробиеш во професијата што си ја изучувал неколку години. Во кафич сигурно нема да запознаам специјалист на клиника кој ќе ми помогне, а е доволно да ме извести за отворен оглас приватно или државно. Таму освен девојко дај ми макијато или еспресо, а во бутик Л величина друго и нема што да се бара.

Волонтирањето кај приватниците се вика пракса. Праксата не е 4 часовна туку е полно работно време со месеци за 3000 денари. Законот е таков каков што е за да оди во прилог на работодавачите затоа што генерално од нив сакаат евтина работна сила. Многу му е гајле за квалитет ако истата работа може да се заврши од помалце платена личност. А деца како деца излезени од факултет и желни да се докажат што знаат и умеат ги молзат со работа.
 
Последно уредено:
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Другарка ти да е била паметна сега во Германија ќе е земала најмалку 2200 евра плата. По што еден куп со медицина летнаа таму. :coffee:
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.144
Поени од реакции
893
Другарка ти да е била паметна сега во Германија ќе е земала најмалку 2200 евра плата. По што еден куп со медицина летнаа таму. :coffee:
Не се проблем 22 000 денари, проблем е што мал процент во Македонија земаат ваква и поголема плата.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom