Владата им “помага’’ на земјоделците со субвенции

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Тутунарски виц на денот: Че садам, че продам, че зеам субвенција.

Го повикувам АБЦ да ми го објасни вицов. :pipi:

Никој не го сади тутунот само за субвенција од пола евро за килограм а оти садењето тутун некому изгледа како виц и тоа е можно доколку се прикажуваат вицови со црн хумор.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
43
Поени од реакции
1
А бе оставете ги на страна плановите и проекциите за 2008 јас гледам за сега а и еве веќе сме 2008 па тутунарите а другите земјоделци аир немаат видено од оваа влада. Сега на производителите на жито незнаат што да прават колкава ќе биде цената на вештачкото ѓубриво а и колкава е ценава на нафтата тешко нив
 

badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
Па добро,биди фер и признај дека тутунарите ке земат 30 ден субвенција,лозарите догодина 2 ден од килограм,за садење праски има 75 000 ден субвенција од хектар....почнаа да се движат работите во земјоделието....конечно.
А за тутунарите и јас сметам дека треба да добијат повисока субвенција,оти тоа е тортура да го одгледуваш.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
еве како изгледа тоа во БУГАРИЈА
Новата програма за развој на земјоделието и селските реони која ќе го потпомага одгледувањето на 26 бугарски породи, за кои се стравува дека се пред исчезнување.
Помошта е определена ПО:
- за говеда и коњи - 200 Евра/ЕЕРД
- за овци и кози - 165 Евро/ЕЕРД
- за свињи - 122 Евра/ЕЕРД


Една единица ЕЕРД се СРАВНУВА на:
- 1 млечна крава
- 1 коњ
- 1,25 крави - мајки (месодајна крава со теле)
- 2,5 телиња (125-500 кг.)
- 6 овци / кози
- 2,2 свињи-
- 6 прасиња(25-100 кг.)


Пример: Еден фармер одгледува:
35 крави од расата Бугарско Сиво говедо, 8 јунци од истиот пород и два бика
10 кобили и едно ждребе од породот Каракачански коњ
100 Каракачански овци
Годишната сума на компензаторските плаќања е следна:
35:1.25 = 28 ЕЕРД х 200 Евро = 5'600 Евро
8 : 2,5 = 3,2 ЕЕРД х 200 Евро = 640 Евро
2 :1 = 2 ЕЕРД х 200 Евро = 400 Евро
10+1=11 ЕЕРД х 200 Евро = 2'200 Евро
100 : 6 = 16,66 ЕЕРД х 165 Е. = 2'749 Евро
Вкупната сума што тој ќе ја добие е 11 589 Евра/ годишно
 

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Пак за тутунари,абе до кога?Па се знае бе секој што ќе се обиде да сади тутун треба куршум во чело,има сите да се вработуваат во администрацијата а не да ми изигруваат некакви земјоделци-тутунари.
Таму ќе добијат бенифиции и субвенции а не по нивите.Или накратко треба секој земјоделец да се преквалификува во административец ако сака да си ги оствари своите права,значи никако не смее ни да се приближи до мотика.Впрочем владата за 10 дена си зеде 50 милиони евра од буџетот да си купи поудобни фотељи иако со тие пари можеше да го откупи целосно производството на тутун по релативно високи цени.Значи таму одат парите наменети за земјоделците,останува на тутунарите да појдат сега во владата и да си ги земат ветените пари или канцеларискиот мебел во замена за пари.:)
Не брат... Грешка си... Градењето на споменици од 300-400 милиони евра е побитно од давање на субвенции за сиромашната раја... После ќе речат некој крадел не работел.. Па на крај краева нека крадат.. Подобро парите да ги имаат 7.000 луѓето распределени неголи 20 политичари...

Се додека не ги видам селаните богати, со убави куќи дури тогаш неможам да ги критикувам... Пошто едно е да се држи пенкало а друго е да работиш на + 40 ...

Може има во Македонија неколку села што имаат убави куќи и имоти.. Но што збориме за останатите, пропаднати, осиромашени и напуштени... Такада треба да се стимулира според мене уште повеќе земјоделството за да се раздвижи економијата...
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Ги пуштија случајно субвенциите за земјоделците од денес за да се докаже дека Македонецот има меморија колку една рипка.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom