Владата им “помага’’ на земјоделците со субвенции

Член од
30 ноември 2007
Мислења
43
Поени од реакции
1
Абе каков штаб на сдсм нема врска земјоделците дсе жалат затоа што стварно немаат барем повеќето. Да вистина е дека на хартија теоретски субвенции има а додека во пракса тоа не постои затоа што земјоделците немаат видено ни еден скршен денар. А за тие што прикажуваат лажни лозови насади, хектари посеани со лебно жито и тн. има надлежни служби кои треба да го решат проблемот не се криви земјоделците а и колку може да украде. Субвенција за еден хектар насаден со пченица е 5500 денари да прикажат 100 хектари плус што нее можно ќе земат плус 550 000 денари а за разлика на тоа
министерството за внатрешни работи ќе потроши 8 милиони евра за опрема и мебел што е еднакво на околу 88888 хектри а во македонија можеби се засадуваат толку вкупно .
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
brat pred toa nemase ic subvencii toa bea naucna fantastika.. strpi se ke bide DOBRO za site i za tebe i za mene :)
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Абе сите имаат пари,а само се жалат . Таква е состојбата во државава , не е само за земјоделците .

P.S Браво за штабот на СДСМ одлично си ја вршат работата
Да бе,еве читам дека сите туристички капацитети во земјава биле полни со земјоделци кој за момент ги оставија сите полски работи и тргнаа да се освежат на планински воздух со пари од бенифициите кој им ги обезбеди владава на ДПМНЕ & Ко.,заборавија и на тутун и на се што требаше да работат а некои тргнаа и по странските туристички центри оти зеле премногу средства од субвенции па сега не знаеле што да им прават.

П.С.-Зарем СДСМ има уште штабови,одкако партијата практично исчезна од политичката сцена во Македонија?:)
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Да бе,еве читам дека сите туристички капацитети во земјава биле полни со земјоделци кој за момент ги оставија сите полски работи и тргнаа да се освежат на планински воздух со пари од бенифициите кој им ги обезбеди владава на ДПМНЕ & Ко.,заборавија и на тутун и на се што требаше да работат а некои тргнаа и по странските туристички центри оти зеле премногу средства од субвенции па сега не знаеле што да им прават.

П.С.-Зарем СДСМ има уште штабови,одкако партијата практично исчезна од политичката сцена во Македонија?:)
Виде деновиве за влез во Грција која гужва е?
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Виде деновиве за влез во Грција која гужва е?
Да бе,и сите со "запрежни возила" оти Грците не ги пуштале нашиве земјоделци со тракторите без атест кој не може да се направи за неисправна механизација од `48г.Па тргнале земјоделциве Македонски така малку да си потрошат од субвенциите и во Грција,не им е интересно само кај нас.
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.015
Поени од реакции
595
Абе имам еден даечен роднина...си регистирра фирма замјоделска владата му даде 5000 евра за старт и за се поединачно му стигат субвенции..башка за крави башка за насади...и бизнисот му тргна...
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Тракторот е за во нива, трактор-туризам некако не иде заедно.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Еве како ќе ја пречека Нова Година едно типично земјоделско-тутунарско семејство(за кое дури и Тито бил поарен од Гвујо)со "субвенциите" од владата:

ПРИЛЕП - Подгрбавен, како цел товар на животот одеднаш да му натежнал, седнат на старото столче во малата шупа во дворот, прилепчанецот Борис Ристески (68), со мака ги пегла ракатките сув тутун. Земјата чкрта низ листовите, а непријатен мирис се шири од тенџерето со врела вода за да омекнуваат низите. Педесет години, вели, ја работи истата работа. Со мирисот на тутунот израснал.
„Секоја година работам тутун, од времето кога монополот имаше чест спрема тутунарите, па досега. Сега не не' фермаат дека сме живи. Исто работиме. Девет месеци во годината сме со тутунот в раце. Цел живот. Стануваме рано во зорите кога уште првиот петел не пропеал. Сонливи, во кал, в нива, коренче по коренче, го садиме и средуваме тутунчето небаре злато садиме“, вели Ристески, сеќавајќи се на деновите кога со парите од тутунот ја изградиле куќата.
А неговата сопруга Трендафилка (64), извиткана со елеците за да не и' студи, пегла и додава: „Е, што арно време беше тоа. Ама тогаш беше Тито на власт. И тогаш се мачевме, ама знаевме дека на крајот од годината некаде пред славата Архангел Михаил ќе ги земеме парите. Празник ни беше денот. Не' почитуваа луѓето. Ќе го проценеа на место и веднаш ги добивавме парите. Ама држава беше тоа, не сега, не не' сметаат за луѓе, доаѓаа, ветуваа и Никола Груевски и Силвана Бонева, каде се сега. Кај нив парите и луксузот, а на тутунарите питачки стап. Ако не беа тутунарите во Прилеп, немаше да победат на избори“, револтирано вели Трендафилка, и додава: „Никому не сме згрешиле во животот. Работиме чесно. Од сабајле до вечер и пак срамни да бидеме, без пари, со долгови“.
Секојдневно со часови минуваат во пеглање. Деновиве ќе ги допеглаат и последните бали. Ќе пеглаат околу еден тон тутун, но велат нема да добијат ниту 1.500 евра. „Дали се пари тие. И тоа ако ги добиеме. А борчиме двапати повеќе. Дрвата не ни се платени. Да им даде господ здравје за луѓето што не' разбираат. По дуќаните се запишуваме за леб и, што е најтрагично, нема човек каде и кому да се пожали. Никој не ја опишал маката на тутунарот“, се жали Борис.
Повторно враќајќи се во спомените, зборуваа за времето кога со парите од тутунот се женеле, мажеле. Сега радост нема. Секоја година се се' посиромашни. На ниту еден политичар не му веруваат. Велат само господ да ги држи здрави и живи. Од тутунот нема да се откажат зашто немаат друг излез. Ниту синот, ниту снаата, не се вработени. А двете внучиња треба да се школуваат.
Затоа Борис вели: „Додека слави Владата, само еден момент нека се сети дека сиромашни луѓе живеат во оваа држава. Па, можеби ќе им се роди мисла да им помогнат на луѓето. Да ги покачат цените на тутунот барем на 180 денари за килограм. Да ни ја исплатат премијата од 15 денари што ни ја должат и за оваа реколта. За овој мачен народ да одвојат уште 30 денари стимулација“.
На Нова година во сета сиромаштија Трендафилка, сепак, ќе завитка мрсна сарма, како што вели, за да и' личи трпезата оти се честити луѓе, домаќини, и не сакаат внучињата да им загледуваат по комшиите. Ќе стоплат топла ракиичка и по една чаша црвено вино ќе наздрават со синот и снаата со верба дека само господ ќе бдее над нивната мака.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
ABC.....Kosta Racin moze voda da ti nosi......................uste samo nekoj gemidzija negde da prkne.... :)!!!..... :)!
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Tутун, тутун, тутун...

Да го ебам, и да нема ќар, да треба да се плаќа за да го садат, Прилепчаниве пак тутун ќе садат. Нек се преориентираат више еднаш ако нема ќар.

Бизниси умираат секојдневно, овие сакаат 10 века од тутун да живеат.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
43
Поени од реакции
1
Смешно е да давате такви коментари во прилеп се знае која е основната гранка за заработка за живот а тоа е тутунот. Како што кажа АБЦ навремето во бивша Југославија целиот прилеп е изгарден со тутунот. Од еден тутун луѓето купувале куќи, правеле свадби, коли и пак имале пари да ја поминат годината. А сега што еден тутун колку за борчовите да ги исплатат и потоа пак се заборчуваат е толку има да заработат прилепските тутунари. А за тоа дека во времето на сдсм тутунарите беа позадоволни однего сега верувајтеми. Тутунот во периодот од 1994-2006 просечната цена му беше околу 140 денари на цена на нафтата 30 денари и ѓубрива поефтини за околу 50% а сега тутунот има просечна цена од 120 денари и цена на нафта 60денари ѓубрива и други репроматерјали повисока за 50%. Па сега видете кога македонскиот земјоделец бил позадоволен.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Tутун, тутун, тутун...

Да го ебам, и да нема ќар, да треба да се плаќа за да го садат, Прилепчаниве пак тутун ќе садат. Нек се преориентираат више еднаш ако нема ќар.

Бизниси умираат секојдневно, овие сакаат 10 века од тутун да живеат.
Проблемот е во тоа што дрмосерциве од сите влади досега не дозволуваат странски компании да отворат свои представништва и слободно да го откупат тутунот по светски пазарни цени.А цените се јасни и гласни за овој тип кој се произведува во Прилепскиот регион и изнесуваат од 6-10 евра.
Ете тогаш нема да видиш човек што ќе има слободно време да се разонодува по цел ден на интернет.Овој бизнис во Европа не умира и има ептен добра перспектива се разбира доколку властите не сакаат да ќарат што повеќе на маката од оние што го работат.
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
ABC moze da go desifriras tvojot nik?
Da ne poteknuva od akronimot atomsko bilosko hemisko oruzje?
ABC ostaj go podforumot politika barem eden den:salut:
 

Bada Bing!

шшшшшш
Член од
14 јули 2006
Мислења
2.671
Поени од реакции
114
chosen one , ja kje ti kazam nesto. ti si zmej sto jadde lujge i gi hristijanizira i posle vika deka se atomsko biolosko oruzje..... i posle atesitte rabotele protiv nas koga ti rabotis protiv nas iako si iskusen forumzdijaabe daj najdi resenie ili ne zbori, TE MOLAM NAJDI RESENIE ZA DA IMAME SITE PARI KAKO EVREITE
 
B

Borg_Drone

Гостин
Почна откупот во Тутунскиот комбинат од Прилеп

Игор Манасиевски
30.12.2007 19:30 По обезбедувањето пари и добивањето лиценца, стартуваше откупот во Тутунскиот комбинат од Прилеп.
Откупот е со намален интерес поради незадоволството на тутунарите од откупните цени, непроменети последниве 15 години, иако родот годинава заради сушата е за 30% намален.







http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=87996
 

Kajgana Shop

На врв Bottom