Владата им “помага’’ на земјоделците со субвенции

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
chosen one , ja kje ti kazam nesto. ti si zmej sto jadde lujge i gi hristijanizira i posle vika deka se atomsko biolosko oruzje..... i posle atesitte rabotele protiv nas koga ti rabotis protiv nas iako si iskusen forumzdijaabe daj najdi resenie ili ne zbori, TE MOLAM NAJDI RESENIE ZA DA IMAME SITE PARI KAKO EVREITE
Dali e toa Bada Bing koj po default pishuva na kirilica ili e toa alkoholot koj zbori vo ime na Bada?
Jas bi rekol vtoroto.:nesum::salut:
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
ABC moze da go desifriras tvojot nik?
Da ne poteknuva od akronimot atomsko bilosko hemisko oruzje?
ABC ostaj go podforumot politika barem eden den:salut:
Па за многумина земјоделци оваа Нова Година нема апсолутно никакво значење и нема да можам да ги оставам "на цедило",дури ни на ваков за некого празничен ден,впрочем за мене Нова Година сеуште е по 14тина дена,како што би требало и за многумина овде на форумов.
 
K

KomitaMKD

Гостин
Еве како ќе ја пречека Нова Година едно типично земјоделско-тутунарско семејство(за кое дури и Тито бил поарен од Гвујо)со "субвенциите" од владата:

ПРИЛЕП - Подгрбавен, како цел товар на животот одеднаш да му натежнал, седнат на старото столче во малата шупа во дворот, прилепчанецот Борис Ристески (68), со мака ги пегла ракатките сув тутун. Земјата чкрта низ листовите, а непријатен мирис се шири од тенџерето со врела вода за да омекнуваат низите. Педесет години, вели, ја работи истата работа. Со мирисот на тутунот израснал.
„Секоја година работам тутун, од времето кога монополот имаше чест спрема тутунарите, па досега. Сега не не' фермаат дека сме живи. Исто работиме. Девет месеци во годината сме со тутунот в раце. Цел живот. Стануваме рано во зорите кога уште првиот петел не пропеал. Сонливи, во кал, в нива, коренче по коренче, го садиме и средуваме тутунчето небаре злато садиме“, вели Ристески, сеќавајќи се на деновите кога со парите од тутунот ја изградиле куќата.
А неговата сопруга Трендафилка (64), извиткана со елеците за да не и' студи, пегла и додава: „Е, што арно време беше тоа. Ама тогаш беше Тито на власт. И тогаш се мачевме, ама знаевме дека на крајот од годината некаде пред славата Архангел Михаил ќе ги земеме парите. Празник ни беше денот. Не' почитуваа луѓето. Ќе го проценеа на место и веднаш ги добивавме парите. Ама држава беше тоа, не сега, не не' сметаат за луѓе, доаѓаа, ветуваа и Никола Груевски и Силвана Бонева, каде се сега. Кај нив парите и луксузот, а на тутунарите питачки стап. Ако не беа тутунарите во Прилеп, немаше да победат на избори“, револтирано вели Трендафилка, и додава: „Никому не сме згрешиле во животот. Работиме чесно. Од сабајле до вечер и пак срамни да бидеме, без пари, со долгови“.
Секојдневно со часови минуваат во пеглање. Деновиве ќе ги допеглаат и последните бали. Ќе пеглаат околу еден тон тутун, но велат нема да добијат ниту 1.500 евра. „Дали се пари тие. И тоа ако ги добиеме. А борчиме двапати повеќе. Дрвата не ни се платени. Да им даде господ здравје за луѓето што не' разбираат. По дуќаните се запишуваме за леб и, што е најтрагично, нема човек каде и кому да се пожали. Никој не ја опишал маката на тутунарот“, се жали Борис.
Повторно враќајќи се во спомените, зборуваа за времето кога со парите од тутунот се женеле, мажеле. Сега радост нема. Секоја година се се' посиромашни. На ниту еден политичар не му веруваат. Велат само господ да ги држи здрави и живи. Од тутунот нема да се откажат зашто немаат друг излез. Ниту синот, ниту снаата, не се вработени. А двете внучиња треба да се школуваат.
Затоа Борис вели: „Додека слави Владата, само еден момент нека се сети дека сиромашни луѓе живеат во оваа држава. Па, можеби ќе им се роди мисла да им помогнат на луѓето. Да ги покачат цените на тутунот барем на 180 денари за килограм. Да ни ја исплатат премијата од 15 денари што ни ја должат и за оваа реколта. За овој мачен народ да одвојат уште 30 денари стимулација“.
На Нова година во сета сиромаштија Трендафилка, сепак, ќе завитка мрсна сарма, како што вели, за да и' личи трпезата оти се честити луѓе, домаќини, и не сакаат внучињата да им загледуваат по комшиите. Ќе стоплат топла ракиичка и по една чаша црвено вино ќе наздрават со синот и снаата со верба дека само господ ќе бдее над нивната мака.
ВМРО победиле заради тутунарите од Прилеп . :pos2:Да излезеа тие тутунари, земјоделци на референдумот за територијална поделба сега Струга ќе имаше македонец градоначалник . Ама к*р ги болеше(се извинувам до малкуте кои излегоа). Како што нив не им беше гајле за мене така и мене не ми е гајле за нив . + Тетка ми и вујко ми се со факултет и се невработени . И сега да почнам да пишувам за текстови кадешто се жалат .......Таква е ситуацијата во Македонија не се само тие засегнати
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
ВМРО победиле заради тутунарите од Прилеп . :pos2:Да излезеа тие тутунари, земјоделци на референдумот за територијална поделба сега Струга ќе имаше македонец градоначалник . Ама к*р ги болеше(се извинувам до малкуте кои излегоа). Како што нив не им беше гајле за мене така и мене не ми е гајле за нив . + Тетка ми и вујко ми се со факултет и се невработени . И сега да почнам да пишувам за текстови кадешто се жалат .......Таква е ситуацијата во Македонија не се само тие засегнати

Излезноста на тие Прилепски тутунари на референдумот за територијална поделба на Македонија беше најголема во државава кога во Струга таа изнесуваше едвај 2%.А теткати и вујкоти да одат малку да му го подудлаат на Гвујо можеби ќе ги пикне некаде во 150 000 администрација како што многумина им го дудлаа на досегашните премиери во Македонија.Тутунарите и другите земјоделци не им веруваат на странците кога им вртат часовници пред собрание,колку за информација, и можеби затоа најмногу страдаат при одкупот на нивните производи.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
ABC.....Kosta Racin moze voda da ti nosi......................uste samo nekoj gemidzija negde da prkne.... :)!!!..... :)!
[SIZE=+1]Тутуноберачите[/SIZE]

[SIZE=+1]На кантар студен со туч го мерат[/SIZE]
[SIZE=+1]а можат ли да го измерат,[/SIZE]
[SIZE=+1]нашиов тутун – нашава мака[/SIZE]
[SIZE=+1]нашава солена пот![/SIZE] [SIZE=+1]Од темни зори на утрини летни[/SIZE]
[SIZE=+1]до никоја доба на вечери зимни[/SIZE]
[SIZE=+1]тој гладно пие тагата наша[/SIZE]
[SIZE=+1]и потта и крвта и снагата ни.[/SIZE]
[SIZE=+1]Жолт – жолти прави лицата бледни[/SIZE]
[SIZE=+1]и жолта гостинка у градите носи.[/SIZE]
[SIZE=+1]По утрини росни, по мугрите пресни,[/SIZE]
[SIZE=+1]наведени ничкум по полињата родни[/SIZE]
[SIZE=+1]зачмаени ние го береме.[/SIZE]
[SIZE=+1]Лист по лист кини[/SIZE]
[SIZE=+1]лист по лист нижи[/SIZE]
[SIZE=+1]лист по лист превртуј, притискај,[/SIZE]
[SIZE=+1]лист по лист милно, таговно реди[/SIZE]
[SIZE=+1]и на долга низа од капки пот[/SIZE]
[SIZE=+1]и надеж со клетва и зелена јад,[/SIZE]
[SIZE=+1]со корав поглед на очите матни[/SIZE]
[SIZE=+1]по кревките лисја жолтозлатни[/SIZE]
[SIZE=+1]прикаска горка на живот клет[/SIZE]
[SIZE=+1]нанижи безгласна а така јасна.[/SIZE]
[SIZE=+1]Та не знаеш ли?[/SIZE]
[SIZE=+1]Денот ли дојде тој да се мери –[/SIZE]
[SIZE=+1]мерка му нема, а в градите длаби[/SIZE]
[SIZE=+1]без да се запре, без дно да најде[/SIZE]
[SIZE=+1]не тага а клетва, и в очите матни[/SIZE]
[SIZE=+1]и не сакајќи сама се дига[/SIZE]
[SIZE=+1]фуријата.[/SIZE]
[SIZE=+1]Кантарот носи лисјето златно[/SIZE]
[SIZE=+1]а в гради луто далгите беснат[/SIZE]
[SIZE=+1]на жолтата мака – на жолтиот тутун[/SIZE]
[SIZE=+1]на жолтата пот на раците ни![/SIZE]
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
E па ова треба да го чита тоа "чантето" Силвана Бонева пред да се појави уште еднаш во Прилеп како носителка на изборна листа кога "цимолеше" пред тутунарите да гласаат за неа оти таа ќе им овозможела реални цени за нивната мака.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
43
Поени од реакции
1
Во право си АБЦ каде се сега со влатко ѓорчев да дојдат во прилеп а во 2006 за штрајковите беа први и ветуваа откупна цена од 300 денари и субвенции од 1 евро а некни гласаат против амандманот за субвенции на тутунарите како не им е страм. Ама тоа е македончето е овца па кој че стаса го стрижи.
 
K

KomitaMKD

Гостин
Излезноста на тие Прилепски тутунари на референдумот за територијална поделба на Македонија беше најголема во државава кога во Струга таа изнесуваше едвај 2%.А теткати и вујкоти да одат малку да му го подудлаат на Гвујо можеби ќе ги пикне некаде во 150 000 администрација како што многумина им го дудлаа на досегашните премиери во Македонија.Тутунарите и другите земјоделци не им веруваат на странците кога им вртат часовници пред собрание,колку за информација, и можеби затоа најмногу страдаат при одкупот на нивните производи.
Се надевам дека оваа година секој ден ќе врне град . А тоа за дудлањето дојди ти да ми го издудлаш и нема да мораш да ги браниш тутунарите .
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Се надевам дека оваа година секој ден ќе врне град . А тоа за дудлањето дојди ти да ми го издудлаш и нема да мораш да ги браниш тутунарите .
Па ти изгледа си им "го издудлал" на тутунарите штом ги напаѓаш.:)
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.016
Поени од реакции
596
Се надевам дека оваа година секој ден ќе врне град . А тоа за дудлањето дојди ти да ми го издудлаш и нема да мораш да ги браниш тутунарите .
абе прилечанец бре и па и ти....
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
абе прилечанец бре и па и ти....
Па цел град живее од тутун бе,Прилеп без тутунари ќе стане град на сеништа како во вестерн филмовите.Нема никаква индустрија,не се инвестирало со децении во никаква фабрика,невработеноста изнесува над 60% што е најмногу во светот.
 
K

KomitaMKD

Гостин
Па цел град живее од тутун бе,Прилеп без тутунари ќе стане град на сеништа како во вестерн филмовите.Нема никаква индустрија,не се инвестирало со децении во никаква фабрика,невработеноста изнесува над 60% што е најмногу во светот.
Поентата ми е да кажам по 10-ти пат дека не е само за земјоделците тешка ситуацијата туку за 90% од Македонците .А за градови на сеништата појди во Мак.брод ,Демир Хисар итн.
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.016
Поени од реакции
596
Ај сеа ваљда ке сјачаат земјоделциве со субвенцииве...баеги наговестуваат од владава....
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
:pipi:

Не ми се верува дека никој досега не пишал за субвенциите за 2008-ма и проекцијата за вложување во земјоделството до 2012-та година.

А1.com.mk напиша:
Ретка слика од Влада. До Премиерот и министрите - тутунари, сточари, агробизнисмени и експерти од агрокомплексот. Денеска се објави распределбата на 45 милиони евра субвенции за земјоделството.

„Субвенциите за произведен и откупен тутун во 2008 година ќе изнесуваат 30 денари по килограм. Пченица, пченка, јачмен, ориз, сончоглед, маслодајна репка и соја, стимулацијата за овие житни култури ќе изнесува 100 евра по хектар“, изјави Никола Груевски, премиер.

Производителите на млеко ќе имаат премија од два денара за литар. Одгледувачите на овци ќе добијат по 1.000 денари за женско јагне, а за козарството по 500 денари од грло.

Производителите на свинско месо исто така ќе имаат по 500 денари од грло. Лозарите ќе добијат по два денара за килограм грозје и по 120.000 денари за еден хектар нов насад. Овоштарите по 75.000 денари за еден хектар нов насад.

За градинарите субвенции од 6.500 денари од хектар за оние што ќе произведуваат зеленчук за конзервните фабрики, а за оранжерии 50.000 денари од хектар.

Во програмата се предвидени и пари за органско производство, за живинарството, поддршка за млади фармери и за нетрадиционални култури.

Први пари ќе земат тутунарите и производителите на млеко. Другите земјоделци - како ќе пристигнува родот.
„Парите се обезбедени, веќе не станува збор дали ќе има или ќе нема пари. Тие пари се резервирани за земјоделците“, рече Груевски.

Сега станува клучно каков ефект ќе даде распределбата на овие 45 милиони евра. 2008 година е важна, бидејќи ако правилно се инвестираат парите, тоа ќе биде модел за натаму.
„Тоа е добар почеток, па да го видиме финалето“, вели Трајко Гогов, сточарство - Богданци.

„Оваа мерка не е само за една година, туку се предвидува за еден период од пет години, со тоа што тенденцијата е постојано тие средства да се алуцираат“, изјави д-р Бранко Балтовски, Агрохемија.
Земјоделската редакција на А1 Телевизија заедно со агробизнисмените, земјоделците, експертите, а во соработка со

Владата изготви проекција до 2012 година, со која во аграрот ќе се инвестираат 463 милиони евра буџетски пари.
„Ваква средба од овој тип досега не паметам. Јас сум претседател на тоа здружение веќе четири години. Досега никој скоро не не повикал, во Владата досега не сме влегле за оваа проблематика“, рече Вили Кичуков, ветеринар - Гевгелија.
Како почна пресот, така и заврши. Земјоделците и пружија рака на Владата за досега највисоките субвенции во аграрот.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Тутунарски виц на денот: Че садам, че продам, че зеам субвенција.

Го повикувам АБЦ да ми го објасни вицов. :pipi:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom