A
Avenger99
Гостин
Нормално дека сите вина се различни, таа твоја различност е таква поради повеќе причини. Вингорјето, стилот на виното, јачината на алкохолот..Не сум некој експерт за вина ама сум приметил дека од едно до друго вино има огромни разлики ... некои вина дури и во помали количини да ги пиеш ќе ти се слоши, некои вина пак и во поголеми количини да ги пиеш скоро ништо негативно нема да осетиш ... секако зависи и количината и типот на храна кои ги внесуваш за време на конзумирањето на виното !
Во Кам-Маркет има едни италијански вина едното се вика Volli Brut, а другото Festa Spumante и доста се добри ... ок и нашиве македонски вина се добри како на пр. Аlexandria, T'ga za Jug, Vranec, Traminec и.т.н. но сепак италијанските вина особено тоа Festa ми оставија доста добар впечаток !
Скоро сите винарии во Македонија имаат солидни вина, прам муабет за црвените, за белите сме далеку од светот.