Видео поради кое навивачите почнаа да се откажуваат од ЕВРО 2012

  • Креатор на темата Acid
  • Време на започнување
K

kalimer0

Гостин
Смешно е тоа што Полска ја правите нешто што не е.
Јес да е ризично место за гостување,ама полските хулигани се водат по тоа НЕ ПРОВОЦИРАЈ И НЕМА ДА ТИ БИДЕ НИШТО.
Значи отиди си како човек и изгледај си euro fucking football,ама не јади гомна на сред Краков рецимо како твојата држава е најјака и како твојата држава ќе ги ебе сите по ред.Алудирам на честите гостувања на англичаните низ цел свет и нивните провокации.Исто и за Швабите важи ова.
Најголеми провокатори се,ама Полска не е Јужна Африка,таму на високо ниво е националната свест.
И да,смешен ми е клипот,пошо си нема врска од навивачи и навивање.
Се тоа е од камерите по стадионите,е затоа и нема или се во изумирање фудбалот и навивањето.
Дел од тепаните имаа шалови на домашниот клуб истиот клуб што го "бодрат" и хулиганите. Кажи ми каде е овде провокацијата?
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.759
Поени од реакции
12.874
кај грците во парламент влегоа нео-нацисти ама не. Пољаците и Украинците се неонацисти...
Па уште и ги снима како ги тренираат:tapp:
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Па за тоа зборува цело видео. Мислиш дека тоа е нешто нормално? Секој турист да се плаши дали некој идиот ќе го погледне накриво? Да се плаши дека може да не се врати дома жив?
Токму заради тоа се предупредувањата.
Идиоти не се верувај ;)
Многу од тие луѓе преку цела недела ринтаат како мајмуни,дел од нив имаат убава работа и нормално за време на викенд се опуштаат,утакмица,зезање,другарство.
а и снимките не се од оние навивачи каде што треба да снимаат,видеото си нема врска.
УЕФА И ФИФА у гз да си го напикаат.
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.105
Поени од реакции
5.824
Дали ја приметивте фејл мапата на Европа на 2:27? BBC прво нека се образуваат во областа на географијата па после нека зборат за хулиганство и расизам. :tapp:
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Ова важи и за Полска. Кога бевме таму на натпревар на граница ни посочија никакви маици и обележја со КГБ да не носиме во јавност, ниту па маици со ликови на Че Гевара и останати фаци.
Тоа е оправдано само за Полска. (не Че ко Че, туку тоа што го симболизира Че).

Исто ко во Тел Авив да појдеш со свастика.

Западниов ветер си го прави тоа, си јадат трици за Украина, оти е во руската хегемонија, не е веќе прозападна земја.
Штета што има луѓе што веруваат во глупостиве.
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.674
Поени од реакции
4.205
Oпасно е да,може да има мали нереди и секако нема што да не чуди ама сега да не претерувамееее.
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Oпасно е да,може да има мали нереди и секако нема што да не чуди ама сега да не претерувамееее.
На секое европско и светско имало нереди,вообичаено е тоа,а сега го направија клипот како да ќе се спрема војна таму.
Видоа УЕФА и ФИФА добра шанса да тргнат јако,да се обидат да го искоренуваат малку по малку навивањето и навивачката сцена во Полска и ќе прават клипови небаре таму секој викенд има војна по стадионите.
Навивачката сцена во Полска е една меѓу најјаките,ако не и најјака во Европа.

Мило ми е што не верувам во тие глупости од клипот,а вие што верувате не знам што да ви кажам.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.135
Поени од реакции
21.048
Ова важи и за Полска. Кога бевме таму на натпревар на граница ни посочија никакви маици и обележја со КГБ да не носиме во јавност, ниту па маици со ликови на Че Гевара и останати фаци.
Шо им имам па јас згрешено? :unsure:
 
Член од
2 март 2005
Мислења
287
Поени од реакции
149
Ми се кака од луѓе што не изгледале 2 утакмици во животот, а тука продаваат филмови како тоа се треба да биде Peace and love. Ви пиша некој погоре луѓето имаат развиено голема национална свест и не им чуе дали ти мислиш спротивно од нив.
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.017
Поени од реакции
598
До пола го гледав негде видеово и манав пауза за после да го догледам сеа гледам го тргнале од ју туб......
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Сега треба Пољациве и Украинциве да им направат една антиолимписка реклама во која ќе ги вметнат сите лудории на Англиските хулигани од минатото, како и робовладетелската историја на круната!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom