Вашата баба...

miki002

Фејл гејмер
Член од
18 февруари 2010
Мислења
369
Поени од реакции
269
Мојата баба од страната на мајка ми, беше стварно многу добра, секое лето бев таму и таа ме чуваше, доби мозочен удар, па уште еден, па уште еден... почина.
Е другата баба, по татко ми, која живее во оваа куќа е нешто најдосадно на светот. Не бира дали некој е на работа, тукушто дошол од работа, веднаш се жали, бара услуги, сака да дава наредби, си мисли дека е штознам главна и такви работи. Боледува од 300 болести, не викам не, ама највеќе е хипохондрик. Нон стоп ја носиме по болници со мајка ми, ќе ја однесеме на брза помош, таа во ходникот умира, ќе ја види докторката и веднаш почнува муабет... Кога и да сум ја однел на болница, дали други луѓе кои чекаат ред, дали сестра некоја ќе и рече: „ааа види внукот како ја гледа баба му, алал да му е“, а таа ќе реплицира: „ее како јас сум го гледала кога беше мал, и него и сестра му“. Проблемот овде е што кога бевме мали јас и сестра ми, таа беше во Германија, и ме нема видено, не да ме чувала... Досада жива, секој ден се будам во 6 сабајле, во викенд сакам да спијам барем до 8, таа ми звони на телефонот, измислила нешто дека и требам, шеќер во крв да и мерам, притисок, да и купам нешто.....Нај јаки зборови (за кои таа може мисли дека е пофалба за мајка ми) беа: „Додека е жива снаата, ќе се живее некако, после тоа како ќе биде.....“
nuff said
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
Мојата баба од страната на мајка ми, беше стварно многу добра, секое лето бев таму и таа ме чуваше, доби мозочен удар, па уште еден, па уште еден... почина.
Е другата баба, по татко ми, која живее во оваа куќа е нешто најдосадно на светот. Не бира дали некој е на работа, тукушто дошол од работа, веднаш се жали, бара услуги, сака да дава наредби, си мисли дека е штознам главна и такви работи. Боледува од 300 болести, не викам не, ама највеќе е хипохондрик. Нон стоп ја носиме по болници со мајка ми, ќе ја однесеме на брза помош, таа во ходникот умира, ќе ја види докторката и веднаш почнува муабет... Кога и да сум ја однел на болница, дали други луѓе кои чекаат ред, дали сестра некоја ќе и рече: „ааа види внукот како ја гледа баба му, алал да му е“, а таа ќе реплицира: „ее како јас сум го гледала кога беше мал, и него и сестра му“. Проблемот овде е што кога бевме мали јас и сестра ми, таа беше во Германија, и ме нема видено, не да ме чувала... Досада жива, секој ден се будам во 6 сабајле, во викенд сакам да спијам барем до 8, таа ми звони на телефонот, измислила нешто дека и требам, шеќер во крв да и мерам, притисок, да и купам нешто.....Нај јаки зборови (за кои таа може мисли дека е пофалба за мајка ми) беа: „Додека е жива снаата, ќе се живее некако, после тоа како ќе биде.....“
nuff said
Иста како мојата :cautious: од на таткоми страната , подосадно нешто немало на свет а и голема глумица е да исценира нешто и да изглуми :D
 
O

onlya

Гостин
Од татко ми страната почина пред година ипол. Последните години пред да почине беше како подвижен будилник секој ден во исто време ми ѕвонеше (од сабајле) и многу забораваше но да заѕвони никако да заборави. Со неа ниту јас ниту брат ми немавме некој добар контакт бидејќи скоро и не не прифаќаше како внуци пошто мајка ми е Бугарка.
Од мајка ми страната баба ми е топ, храбра жена, и трпелива јас на нејзино место ни пола од нејзините години не би ги издржала. Премногу се грижи за мене и за брат ми посебно да не останеме гладни, по 10 пати во денот ни вика да јадеме. :( Само таа знае како да не здебели. :D Најдобра баба е и многу ми е жал што се претепува од работа за да ни угоди на сите, а ние никако да и помогнеме
 
Член од
24 август 2012
Мислења
51
Поени од реакции
25
moite babi se odamna pocinati, no od stranata na tatkomi bese super babicka,bidjki bev edinica se pravese za mene kako kralica da bev,lele mi se nasolzija ocite mi nedostiga baba mi,a voedno i nemam majka i taa e pocinata bese najubavoto sustestvo na planetava i najdobrodusno ne pisuvam veke na temmava se rasplakav
 
Член од
21 мај 2009
Мислења
876
Поени од реакции
466
Ееееееееееее мојата баба...

За жал не е веке мегу нас и да ви кажам многу ми недостасува
Сама израснала 3 деца,бидејки дедо ми погинал во Втората Светска Војна.БАБА во вистинска смисла на зборот.Правеше најубав грав,најубави сарми,домашен леб,најубав ајвар иако мајка ми 1000 пати се обидуваше да го направи тоа но одговорот беше..не е како на баба гравот:)

Секогаш велеше,сите внуци ми се мили и драги само оние кои ми чепкаат во тенџерето ми се најмили.Секогаш кога ке земеше пензија,ке го викнеше татко ми и ке му кажеше...еве пари за сметките,ама овие се за внуците......

Како бекар,најубаво возење со колата сум го имал,зошто беше главен пумпаш и спонзор,ама ке кажеше....да оставиш троа за до гробишта да ме однесеш...

Здрава како дрен,ама нон стоп се жалеше на нозете поради хронична реума....Косата ја миеше со свински сапун:),а забите бисер бели со сол....Се собираа секоја сабота кај нас дома бидејки беа 4 другарки вдовици од војната,и со саати можев да ги слушам како зборуваат за селото,за војната.....

Недела беше ден за месење на домашен леб,а за мене и брат ми малечки лепчиња од фурна со орнамент горе и меко сирење:):):)....А бе Мекдоналдс,мерацииии.....

Кога стана прабаба се јави на сите познати и непознати да се пофали дека дочекала од внук внук.Знаеше да стане да заигра да се развесели.Умееше со часови да чита книга или да плете чорапи......

Почивај во мир,бабичко....
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Баба ми е многу курназ жена. Пример гледа занесено некоја турска серија и сега дејствово само шо поминало и по некоја минута следува прашање кога ќе се случи дејството. И касни часовникот, гледа слуша, врска немам шо гледа и шо слуша :P
Иди дома кај нас, седнува и зборува, пример од 3 часа седење, 2 часа и 58 минути, во тие 2 минути кои изостануваат зема воздух или пија нешто сок/чај шо да е .(недај Боже да има колоквиуми тогаш чоек). После си прави еден детален ,,претрес" низ цвеќињата, гледа кое не растело, кое се издигнало, кое било втерано во ќош и немало светлина и така му мава една контрола еден час.
Да појдам кај незе обавезно морам да јадам, за да растам голем и да имам сила.
Еднаш ја гледам седнала на компјутер и стега на спејсон оти ја натерал братучед ми детиштено да го јача херојот од конквер и да мава со сабјата в дрво :confused:
Пред некој ден свиреше на телевизија од Сузана Спасоска песна една за Александар Македонски, и ме праша: Бабе, Александар и Филип биле пред Ристос биле бабе? Да бабо пред Ристос биле. Ами бабе како биле царој уште тогаш?
 

Pinkie Pie

and Deedee
Член од
25 ноември 2009
Мислења
2.011
Поени од реакции
3.246
оти не и рече дека не биле царој...кралој биле
Туку мојата баба :place: ..страшно ми недостига...чешити беше
За другата само ми е многу жал ..двете живото ги напати многу ...оваа шо е жива е попростичка ,жена од село ,ама не е лош карактер ...ама ако , ја држи умо јас да бев на нејзино место одамна че се избудалеф...попаметна е од мајка ми појче со незе можам да се разберам отколку со мајка ми ...ама и со двете по таја жица не можам многу муабет да прам...баба ми барем чути...мајка ми не е престаната да зборува дури и во соно зборува ...бетар од баба на чешма е...
 

R1K0

the chosen one
Член од
7 јули 2012
Мислења
116
Поени од реакции
42
мојата бабичка е супер бабичка....
најсмешна случка ми беше кога си купив нов лаптоп и го покажувам и го гледа ,го гледа и вика: еее ами воа џоа телевизорче е хахаха ногу е добра и мила гледа секогаш да ни угоди ногу си ја сакам
 
Член од
28 март 2013
Мислења
1
Поени од реакции
0
Ах...за баба ми имам 3000 работи да пишувам...
Имам две баби,и двете се многу добри..
Едната баба многу добро знаеше да готви..ми служеше,ми чуваше тајни..некогаш длабоко запагавме во муабети за дедо ми,кој починал кога ја не сум бил роден..ми купи лаптоп минатата година , бев многу срекен..како помал ми има купувано колички на далинско,и се што ке посакам..За роденден секогаш ми даваше по 1000,1500...Минатиот месец ,се разболе и по 3 дена почина..многу ми недостига и се би дал за повторно да ја видам..:(:(

Другата баба е исто така премногу добра.Таа секогаш кога ке дојам гледа нешто да ме услужи..ја уште не сум влегол од вратата,она ,петар сакаш ли грицки,да ти испржам компирчиња,и ред други работи..некогаш и со нејзе,се задлабочувам во некој муабети..исто така и смешна е,некогаш стварно знаае да ме насмее...
 
Член од
21 март 2013
Мислења
379
Поени од реакции
1.080
За бабчето мое што да кажам...
Едната ми значи многу, другата не вреди ни да се спомне во постов.
Добро женче е. Современа е. И млада е. :D
Козметика има подобра и од мене. Ако е полничка, ама си одржува изглед. Мислиш до прва некој треба да ја бендисува. :pos:
Туку, тежок живот. Нерви почнаа да и попуштаат. Бабче, почна да забегува по малце. Ама стари луѓе, што да правиш. И таква си ја сакам.
Ги фаќа тоа пензионерско беснило :vozbud:
Ама најдобра е. За советче, утеха, поддршка, секогаш е тука!
Не ме оставила никогаш на цедило. Затоа сега трчам по аптеки да и купам лекарства, па и ги кршам на половинки апчињата. Да бидам од корист де. Да и вратам за сите добрини што ми ги има направено, на цело внимание и време кое го има потрошено на мене.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom