Мојата баба од страната на мајка ми, беше стварно многу добра, секое лето бев таму и таа ме чуваше, доби мозочен удар, па уште еден, па уште еден... почина.
Е другата баба, по татко ми, која живее во оваа куќа е нешто најдосадно на светот. Не бира дали некој е на работа, тукушто дошол од работа, веднаш се жали, бара услуги, сака да дава наредби, си мисли дека е штознам главна и такви работи. Боледува од 300 болести, не викам не, ама највеќе е хипохондрик. Нон стоп ја носиме по болници со мајка ми, ќе ја однесеме на брза помош, таа во ходникот умира, ќе ја види докторката и веднаш почнува муабет... Кога и да сум ја однел на болница, дали други луѓе кои чекаат ред, дали сестра некоја ќе и рече: „ааа види внукот како ја гледа баба му, алал да му е“, а таа ќе реплицира: „ее како јас сум го гледала кога беше мал, и него и сестра му“. Проблемот овде е што кога бевме мали јас и сестра ми, таа беше во Германија, и ме нема видено, не да ме чувала... Досада жива, секој ден се будам во 6 сабајле, во викенд сакам да спијам барем до 8, таа ми звони на телефонот, измислила нешто дека и требам, шеќер во крв да и мерам, притисок, да и купам нешто.....Нај јаки зборови (за кои таа може мисли дека е пофалба за мајка ми) беа: „Додека е жива снаата, ќе се живее некако, после тоа како ќе биде.....“
nuff said