Вампири, Гроф Дракула, Носферату...

Што за вас претставува Дракула

  • Историска личност (преувеличена од легендите и митовите)

    Гласови: 37 86,0%
  • Милениумски талкач кој се храни со крвта на своите жртви

    Гласови: 6 14,0%

  • Вкупно гласачи
    43

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Ај не треси зелени дечко! Прочитај малку кој бил Влад Тепеш и научи БАРЕМ малце историја на грофови на стар балкан, па после дојди на темава и кажувај за "неинформираност".
Дечко, прочита воопшто што пишав пред да ме цитираш, или онака како по обичај како што си правиш и на други теми по форумов, си лупаш како ќе ти прдне?

Установено како факт, е дека Влад бил гроф, со репутација на мунструм од човек, кој подоцна му залепиле карактеристики од митолошки Суштества на Ноќта за да го направат подемоничен отколку што бил сметан претходно (еден вид набивање на негативна репутација, кое денеска тоа во пракса кај луѓето се прави со секс скандали кои варираат од слугинки со егзотична етничка позадина до потешка категорија како детска порнографија, обвиненија за педофилство итн.).

Од Влад, подоцна модерната поп култура (се надевам знаеш што значи тој термин), си создава своја модерна митологија базирана на него, и митот изграден за него. За некоја деценија, пак ќе настапи реструктуирање на митовите за вампирите, кога сегашните ќе станат досадни. Ентертејнмент рециклажа со прости зборови.

Значи што имаме овде? Сегашните приказни за вампири - Вештачки мит изграден врз платформа на друг вештачки мит (Дракула), врз база на комбинирани карактеристики на вистинска митологија. Но пак, митови.

Тоа што пишав, го пишав за да потенцирам дека кога се работи за all things vampire се' не започнува и завршува со Дракула. Он не е Алфата и Омегата во вампиризмот. Дека има постари митови, некои кои одат наназад и скоро 9000 години, во Источна Азија. Сигурно има и постари митови, но единствените кои имаат некаков рекорд за себе се отприлиак тие. Ги има кај културите од Средна Америка, Јужна, па и Африка. Целта ми беше, дека најраните такви митови во Европа, потекнуваат од овој регион (Македонија, Србија, Бугарија). Ако ТИ, земеше да изтражиш, наместо да советуваш, ќе видиш и дека навистина е така, и дека имаме богат фолклор и митологија за вампири, врколаци, демони. Всушност, и побогат од некои други народи, и дека кај нас вампирите и не држат стриктно негативна конотација.

Си зел да истражиш за балканските верзии на Сукубус, Инкубус, Чупакрабра? (Јесте да, имаме и наша "верзија") За драконите? За тамаријанците? За турските тавари? Врискачи? За Скржак? Сигурно не, а овде доаѓаш да лупаш и вадиш цитати надвор од контекст. Најдобронамерно беше тој предлог да земеме да си ја истражиме нашата митологија пред да ја величиме туѓата, зошто во Европа, нема од каде друго место да се пронајдат такви карактеристики, и да му се залепат на Влад Тепеш, освен од овие простори. Така да, ако си достоен на твоите совети за читање, простудирање и ширење хоризонти по ова прашање, можеш и самиот да си ги послушаш, и да земеш да го сториш истото, пред да не цитираш и омаловажуваш како да поим немаме за што збориме. Барем ќе дознаеш нешто ново за нашата култура за кое може не си знаел претходно.

Еве те прашувам тебе и таквите како тебе што се потпираат само на интернет, прашањето ми е дали знаеш имиња на уметници и сликари кои го цртале Влад Тепеш во тоа време и дали воопшто си ги видел тие слики?
Што имаат врска имињата на уметниците, со колку веродостојни се сликите за него, до самата тема за која разговараме, ако Влад Тепеш, вампири, итн. Биди појасен малку.

Дечко или девојко, незнам што си, дискусијата е за мистерии, а темата е
Вампири, Гроф Дракула, Носферату...

Ако ти се дискутира за мистерии поврзани со темата, имаш докази од интернет си побарал/a нешто,(слика, пишуван текс итн) постирај овде, ако не АЈДЕ ШАЉИ !
Филмови овдека не не интересираат што си гледал/а, а твоите порно downloads воопшто!
Само да знаеш дека денешниот најкомпетентен апарат со кои можеш да земеш доказ е правењето фотографија, како што во тоа време ги барале сликарите.
Незнам што треба да ти објасниме? повели прашај
Па најголемиот дел од митологијата за Влад Тепеш е баш од книгите и филмовите за него изградена, не од самиот фолклор, така да не гледам причина зошто да не се спомнуваат книгите и филмовите, кога од таму и се црпеле доста работи за градење на модерниот мит за него?

А некој го нацртал ли Влад како монструозен демон? Имаш ли ти имиња на сликари и некој непоборлив доказ дека сликите се веродостојни?

Мала шега :)
Сум ја прочитал книгата од Мерион Џејмс, доколку го интересира некој во врска со оваа тема ке му ја дадам да ја прочита има доста работи да научи за мистериозниот живот на овој изрод.
Ке ви кажам мал дел, она што сум го запамтил и што ми било ај да кажам ме интересирало, па затоа ми останало во глава, изродов на 30 годишна возраст си ги има извадено тројките и си вметнал заби од Чупа Кабра (животно кое постои ден денес, но полека исчезнува, неговата еволуција за среќа престанува) Животното е сличен изрод како Влад Тепеш. Одлична комбинација за негово домашно милениче.
Имам уште една книга пишувана од романскиот автор Раду Флореску пишувана за истиов изрод, ја земав бидејки мислев дека романските писатели подобро ја знаат приказната во врска со овој гад кој постоел. Не сум ја прочитал цела, тоа што сум го читал сум го заборавил бидејки ја имам читано пред 10 години. Доколку ве интересира приказнава за смрадов, кажете ми ке ја пролистам, па ке ви раскажам ако ве интересира, во спротивно немам желба да ја читам.
Дај ми ги на англиски имињава на авторите? Баш ме интересира што имаат напишано, и како дошле до такви информации.

Инаку, како го објаснуваш феноменот на чупакабра како реален, кога има огромни разлики од времетраењето на целокупното убиство на животно, до начинот на кој е оставено телото, што се' е оставено од телото, деталите од нападот (прободувањето, дупките, расечените делови, свиткан/скршен врат). Животните напаѓаат по точно одреден начин. Си имаат свој модус операнди и се држат до истиот бидејќи немаат потреба од софистикација на нешто што веќе им носи успех, кога се работи за вечера.

Ова од друга страна, во најмала рака изгледа како: Или некој си игра играчки со добиток за да перпетуира мит, што значи човечки фактор; Или се работи за погрешно идентификувано животно кое научило да лови на друг начин поради некакво уназадување или закржлавување на одредени физички карактеристики кои претходно му носеле успешно уловена вечера; Полудено животно, кое поради беснило само убива животни и остава поголемот дел од телата да седат каде што ги убило; Или се работи за барем неколку различни видови на мистериозни криптоживотни кои имаат заеднички предок, и ловат на неколку различни специјализирани начини;

Да речеме дека Чупакабрата постои, како што тврдиш, не може да биде само еден вид. Особено ако земеш в предвид и очевидни сведоштва:

Викаш вампирско милениче а? Додека другите шетаат кучиња да ги мочаат надвор, вампириве ги пуштаат овие да испосркаат некоја овца, хм? Звучи интересно. Би дало сосема нов твист во однос на урбаниве митови за вампири (а ги има, се уште траат, дури и во наше соседство, како на пример за случајот за вампир од Србија :) ).

Гледам и има доста врсти од кои да се бира :).
 
Член од
27 јули 2012
Мислења
300
Поени од реакции
122
Дечко, прочита воопшто што пишав пред да ме цитираш, или онака како по обичај како што си правиш и на други теми по форумов, си лупаш како ќе ти прдне?

Установено како факт, е дека Влад бил гроф, со репутација на мунструм од човек, кој подоцна му залепиле карактеристики од митолошки Суштества на Ноќта за да го направат подемоничен отколку што бил сметан претходно (еден вид набивање на негативна репутација, кое денеска тоа во пракса кај луѓето се прави со секс скандали кои варираат од слугинки со егзотична етничка позадина до потешка категорија како детска порнографија, обвиненија за педофилство итн.).

Од Влад, подоцна модерната поп култура (се надевам знаеш што значи тој термин), си создава своја модерна митологија базирана на него, и митот изграден за него. За некоја деценија, пак ќе настапи реструктуирање на митовите за вампирите, кога сегашните ќе станат досадни. Ентертејнмент рециклажа со прости зборови.

Значи што имаме овде? Сегашните приказни за вампири - Вештачки мит изграден врз платформа на друг вештачки мит (Дракула), врз база на комбинирани карактеристики на вистинска митологија. Но пак, митови.

Тоа што пишав, го пишав за да потенцирам дека кога се работи за all things vampire се' не започнува и завршува со Дракула. Он не е Алфата и Омегата во вампиризмот. Дека има постари митови, некои кои одат наназад и скоро 9000 години, во Источна Азија. Сигурно има и постари митови, но единствените кои имаат некаков рекорд за себе се отприлиак тие. Ги има кај културите од Средна Америка, Јужна, па и Африка. Целта ми беше, дека најраните такви митови во Европа, потекнуваат од овој регион (Македонија, Србија, Бугарија). Ако ТИ, земеше да изтражиш, наместо да советуваш, ќе видиш и дека навистина е така, и дека имаме богат фолклор и митологија за вампири, врколаци, демони. Всушност, и побогат од некои други народи, и дека кај нас вампирите и не држат стриктно негативна конотација.

Си зел да истражиш за балканските верзии на Сукубус, Инкубус, Чупакрабра? (Јесте да, имаме и наша "верзија") За драконите? За тамаријанците? За турските тавари? Врискачи? За Скржак? Сигурно не, а овде доаѓаш да лупаш и вадиш цитати надвор од контекст. Најдобронамерно беше тој предлог да земеме да си ја истражиме нашата митологија пред да ја величиме туѓата, зошто во Европа, нема од каде друго место да се пронајдат такви карактеристики, и да му се залепат на Влад Тепеш, освен од овие простори. Така да, ако си достоен на твоите совети за читање, простудирање и ширење хоризонти по ова прашање, можеш и самиот да си ги послушаш, и да земеш да го сториш истото, пред да не цитираш и омаловажуваш како да поим немаме за што збориме. Барем ќе дознаеш нешто ново за нашата култура за кое може не си знаел претходно.

Што имаат врска имињата на уметниците, со колку веродостојни се сликите за него, до самата тема за која разговараме, ако Влад Тепеш, вампири, итн. Биди појасен малку.

Па најголемиот дел од митологијата за Влад Тепеш е баш од книгите и филмовите за него изградена, не од самиот фолклор, така да не гледам причина зошто да не се спомнуваат книгите и филмовите, кога од таму и се црпеле доста работи за градење на модерниот мит за него?

А некој го нацртал ли Влад како монструозен демон? Имаш ли ти имиња на сликари и некој непоборлив доказ дека сликите се веродостојни?

Дај ми ги на англиски имињава на авторите? Баш ме интересира што имаат напишано, и како дошле до такви информации.

Инаку, како го објаснуваш феноменот на чупакабра како реален, кога има огромни разлики од времетраењето на целокупното убиство на животно, до начинот на кој е оставено телото, што се' е оставено од телото, деталите од нападот (прободувањето, дупките, расечените делови, свиткан/скршен врат). Животните напаѓаат по точно одреден начин. Си имаат свој модус операнди и се држат до истиот бидејќи немаат потреба од софистикација на нешто што веќе им носи успех, кога се работи за вечера.

Ова од друга страна, во најмала рака изгледа како: Или некој си игра играчки со добиток за да перпетуира мит, што значи човечки фактор; Или се работи за погрешно идентификувано животно кое научило да лови на друг начин поради некакво уназадување или закржлавување на одредени физички карактеристики кои претходно му носеле успешно уловена вечера; Полудено животно, кое поради беснило само убива животни и остава поголемот дел од телата да седат каде што ги убило; Или се работи за барем неколку различни видови на мистериозни криптоживотни кои имаат заеднички предок, и ловат на неколку различни специјализирани начини;

Да речеме дека Чупакабрата постои, како што тврдиш, не може да биде само еден вид. Особено ако земеш в предвид и очевидни сведоштва:

Викаш вампирско милениче а? Додека другите шетаат кучиња да ги мочаат надвор, вампириве ги пуштаат овие да испосркаат некоја овца, хм? Звучи интересно. Би дало сосема нов твист во однос на урбаниве митови за вампири (а ги има, се уште траат, дури и во наше соседство, како на пример за случајот за вампир од Србија :) ).

Гледам и има доста врсти од кои да се бира :).
Прво и основно, последен пат да ми оставаш во коментари зборови како "лупаш" "прднe" !
Второ, кога ке прочиташ барем едно дело пишувани за Владимир Тепеш, тогаш дојди да разговараш со мене на оваа тема.
Трето, би те замолил се што кажуваш во твоите коментари, кажувај го со аргументи и факти.
Четврто, немој да ми ги гробираш коментарите и да ми повторуваш тоа јас што сум го рекол.
Петто, научи кој е Теодор Аман, ти препорачувам да прочиташ некое дело напишано за него, или отвори вики како сите што прават барем да знаеш за кого се работи.
Шесто, ако си доволно писмен и гледаш, прочитај го уште еднаш коментарот што сум го постирал и ке си ги најдеш имињата на авторите.
И за крај да ти кажам дечко нешто, кога ке научиш некои работи да кажуваш со аргументи и кога не научиш нешто и прочиташ некое дело во врска со оваа демонска митологија, тогаш дојди да ми се правиш паметен и да им кажуваш на другите дека не се информирани.
 
1 - Како ќе ти наредиш генерале, така ќе биде. Без разлика што и да кажеш, од сега не само што ќе ти ги лајкувам постовите, туку и ќе ургирам други да ти ги лајкуваат и да те фалат колку си запознаен со одредена материја, колку си начитан, и колку знаеш;

2 - Имам прочитано, што те прави да мислиш дека не сум прочитал? Ти си прочитал? Сподели бре мајко му стара (и тоа по можност во детали, нели за да ти лепиме лајкчиња, како што се договоривме);

3 - Фактите и аргументите постојат. Тоа што ти не си зел да провериш сам, нема сигурно јас да ти ја пишувам "домашната" за тебе. Мислам, на што ќе личи тоа, ќе ти ојде репутацијата дека читаш, истражуваш, се информираш итн. - Барем потврди си ја вака. Инаку да прашам, кога сме кај факти и аргументи, кои ги произнесе ти? Онака прашувам, бидејќи не ги забележав, ај што сум глуп, според тебе, него изгледа и сум слеп. Тешко мене.

4 - Кој те повторува? Ти сам си се повторуваш како расипана плоча. Јас тоа што го пишав, ти нигде не го имаше спомнато.

5 - Знам кој е Теодор Аман, не ми треба интернет за него. Што бара он во дискусијава? Напраил слика за Влад, океј. Јас те прашав во мојот пост што сакаше да кажеш за сликарите кои го сликале, и пак не одговори. По не знам кој пат (те прашаа и претходно). Ако ти не можеш да се изјасниш јасно во три консекутивни постови, тогаш дечко, проблемот не е кај нас.

6 - Ги побарав имињата на авторите, Флореску го најдов, ме интересира другиов од кај го откопа. А чисто од куртоазија, кога даваш странски автор, не знам дали знаеше, ама ако сакаш некој да го најде, го пишуваш на Google-friendly начин, со латиница, и точен спелинг. Мислам, нели, кога сме кај писменост, ваљда си писмен и со латиница. Just sayin'.

7 (за крај) - Па дојдов и ти се направив "паметен". Ти викаш дека немам аргументи. За што треба аргументи да ти дадам? Дека Ацтеките и Инките имале вампири во својата митологија? Дека Индијанците имале врколаци и вампири во својата митологија? Ако не те интересира балканската митологија и општо ваквата митологија со вампри кај другите народи, јас со Fedex до дома книга да ти пратам која ја обработува оваа тематика ти нема да ја прочиташ, од пусти инает. За тебе очигледно не се форуми, евидентно по тоа како се однесуваш на други теми, и воедно и овде, не знаеш да водиш дискусија.

Бонус - А за тоа дека постои од памтивек чупакабрата и дека е вистинско животно, и дека е дело на еволуција, не се заебаваше? Ајде сега да ти ги тестираме способностите. Ако е тоа вистина, лупни ми го животново во еволутивно дрво и кладограм. Баш ме интересира што циркус ќе изведеш со тоа.
 
Член од
27 јули 2012
Мислења
300
Поени од реакции
122
Мило ми е што го знаеш сликарот. Кажи ми од каде си научил за него и што си научил, мило ми е искрено.
Јас ке ти дадам линкови од некои страни за купување на книги преку интернет, бидејки ретко кај нас можеш да ги најдеш, евентуално да ги начекаш, среќен би бил доколку те интересира оваа тема и имаш желба да ги читаш истите.
http://www.amazon.com/In-Search-Dracula-History-Vampires/dp/0395657830
http://www.amazon.com/The-Complete-Dracula-Radu-Florescu/dp/0874115957
http://www.goodreads.com/book/show/532989.Dracula
http://www.amazon.com/Vlad-Impaler-Search-Real-Dracula/dp/0750929650
Последниот линк ти е писателот што ми го бараш цело време, ке ти дадам и негово име бидејки на книгата е напишан со иницијали. Meirion James Trow - прочитај доколку сакаш, научи нешто, и дојди да разговараме на темава затоа што е многу интересна, вака без прочитани дела не е интересно верувај ми на оваа тема да се разговара, немаме разбирање, кога ке прочиташ и научиш барем нешто, ке ме разбереш што зборам цело време на темава и ке се најдеме во моабетот. Повели и прочитај. И за крај , би те замолил да ми одговориш за сликарот од каде си научил за него, бидејки нагласи дека го знаеш, јас барам едни дела од него неможам да ги најдам.:(
 
Kajgana Shop

На врв Bottom