Вампири, Гроф Дракула, Носферату...

Што за вас претставува Дракула

  • Историска личност (преувеличена од легендите и митовите)

    Гласови: 37 86,0%
  • Милениумски талкач кој се храни со крвта на своите жртви

    Гласови: 6 14,0%

  • Вкупно гласачи
    43
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
Која ти е таа Велачија жити се? :ROFLMAO:



Инаку тоа што денес за него се има створено слика како крвожеден манијак кој бил редовно опкружен со смрт (бууухухуууу) е слика воглавно створена од неговите непријатели и луѓе кои што подоцна премногу ги преовиличувале работите. Инаку се борел против Турците скоро цел свој живот. Прво бил заробеник нивен заедно со неговиот помлад брат кои биле пратени во заложништво кај султанот. Тука се створила неговата омраза спрема исламот и Турците и подоцна кога дошол на власт на Влашкиот трон со неговиот фанатизам парирал на исламскиот фанатизам.
 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
За твоја неинформираност Велачија е денешна Романија,само што во тоа време не се викала Романија.
Досега не сум сретнал Валахија да ја нарекуваат Велачија покрај другите називи како Влахија или Влашка ама ете може сум неинформиран. А и поголемиот дел од територијата бил во денешна Бугарија исто така покрај Романија како и дел во Молдавија.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
За твоја неинформираност Велачија е денешна Романија,само што во тоа време не се викала Романија.
Само што вампирите не се од Романија, за твоја неинформираност ;).
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.542
Досега не сум сретнал Валахија да ја нарекуваат Велачија ...
Па и не ја нарекуваат, освен на tocka.com.mk, од каде што е копиран текстот.
Инаку, како што ти веќе спомна, се работи за Wallachia, односно Влашка или Влахија. А терминот Велачија баш сеа го гуглав, и освен статијата на Точка, друг резултат јас не најдов.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Уште некоја година научнициве ќе направат вистински вампири.:pos::pos:
 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
Инаку вистинскиот Дракула е далеку поинтересен лик од фиктивната креација на Стокер. Почнувајки од фамилијарните сплетки, неговото доаѓање на тронот, па се до тактиките кои биле користени во борби против Турците како и неговиот подоцнежен трагичен крај е многу неверојатно и интересно да се проучува. Само што поради многуте митови создадени околу него многу е тешко да се разликува што е точно а што не е. Иако бил познат во Европа низ вековите подоцна како дивиот крвопиец од уште подивиот исток поради приказните ширени за него, за неговата огромна популарност која што ни ден денес не замира допринесува токму Стокер со неговиот роман. А интересно е што првобитно Стокер не го ни планирал него како негативец туку како што чинам ке пишувал за рандом тип од рандом земја од источна Европа кој доаѓа во Лондон за да им прети на млади моми, но после неговата посета во Трансилванија и слушањето на разни муабети од локалните селани за Дракула како и целовкупната мрачна атмосферата што преовладувала таму се решил да го искористи Дракула. Книгата е добра и иако е малку застарена сепак е далеку подобра од повеќето модерни книги за вампири. Јас не можев да ја најдам во продажба на македонски па од интернет ја читав, а ако некој знае каде се продава слободно нека ме посочи. Има и добар документарец од Тери Џонс кој оди по патот на Стокер па ако сакате доколку сакате повеќе информации најдете го. Не ми текнува само дали беше во серијалот "Нова Европа" или пак посебно нешто беше. Има бајаги филмови исто така снимено за него но за жал само една мини серија е направена(колку што сум запознат) за вистинскиот Дракула, која на крај испадна дека не е ни нешто посебно добра.
 
Член од
1 јануари 2013
Мислења
312
Поени од реакции
363
Па и не ја нарекуваат, освен на tocka.com.mk, од каде што е копиран текстот.
Инаку, како што ти веќе спомна, се работи за Wallachia, односно Влашка или Влахија. А терминот Велачија баш сеа го гуглав, и освен статијата на Точка, друг резултат јас не најдов.
Еве некој што не спиел цела вечер за да ме исправи :icon_lol: ццц страшни сте.
 
Член од
1 јануари 2013
Мислења
312
Поени од реакции
363
Мачорката е снаодлива. Верувај, никој не би трошел цела вечер за да те поправа.
Па во право си мачките важат за доста снаодливи суштества,исто важат за потомци на дивите африкански мачки....и муабетов отиде скроз надвор од темата
затоа ако имаш да кажеш нешто во врска со Влад коментирај,ако не немој да ми реплицираш.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Па во право си мачките важат за доста снаодливи суштества,исто важат за потомци на дивите африкански мачки....и муабетов отиде скроз надвор од темата
затоа ако имаш да кажеш нешто во врска со Влад коментирај,ако не немој да ми реплицираш.

Да се повторам (и проширам малце), Романија нема врска со вампири, истата се поврзува со Грофот (за кој е установено дека е вештачки мит, кој успешно се протнал низ литературата и подоцна филмското платно). Најдревните митови потекнуваат од Библијата, за прогренијата на Лилит (hence зошто беше земена како пивотна алка во приказната за True Blood). Понатаму Вавилонците имаат свои, Индијанците од Северна и Средна Америка свои, а во Европа, Македонија и Србија се првите кои произведуваат таква митологија (кои и не се сите така црни и мрачни како што ги има направено западот, првично со Грофот). Кај истите народи паралелно се создаваат и митовите за врколаците, како во пакет идат. Дури и кај нас и Србија.

Ете, имав нешто да кажам.
 
Член од
27 јули 2012
Мислења
300
Поени од реакции
122
Само што вампирите не се од Романија, за твоја неинформираност ;).
Ај не треси зелени дечко! Прочитај малку кој бил Влад Тепеш и научи БАРЕМ малце историја на грофови на стар балкан, па после дојди на темава и кажувај за "неинформираност".
--- надополнето: 5 февруари 2013 во 15:11 ---
Инаку вистинскиот Дракула е далеку поинтересен лик од фиктивната креација на Стокер. Почнувајки од фамилијарните сплетки, неговото доаѓање на тронот, па се до тактиките кои биле користени во борби против Турците како и неговиот подоцнежен трагичен крај е многу неверојатно и интересно да се проучува. Само што поради многуте митови создадени околу него многу е тешко да се разликува што е точно а што не е. Иако бил познат во Европа низ вековите подоцна како дивиот крвопиец од уште подивиот исток поради приказните ширени за него, за неговата огромна популарност која што ни ден денес не замира допринесува токму Стокер со неговиот роман. А интересно е што првобитно Стокер не го ни планирал него како негативец туку како што чинам ке пишувал за рандом тип од рандом земја од источна Европа кој доаѓа во Лондон за да им прети на млади моми, но после неговата посета во Трансилванија и слушањето на разни муабети од локалните селани за Дракула како и целовкупната мрачна атмосферата што преовладувала таму се решил да го искористи Дракула. Книгата е добра и иако е малку застарена сепак е далеку подобра од повеќето модерни книги за вампири. Јас не можев да ја најдам во продажба на македонски па од интернет ја читав, а ако некој знае каде се продава слободно нека ме посочи. Има и добар документарец од Тери Џонс кој оди по патот на Стокер па ако сакате доколку сакате повеќе информации најдете го. Не ми текнува само дали беше во серијалот "Нова Европа" или пак посебно нешто беше. Има бајаги филмови исто така снимено за него но за жал само една мини серија е направена(колку што сум запознат) за вистинскиот Дракула, која на крај испадна дека не е ни нешто посебно добра.
Одлично си го искористил интернетот како помош да оставиш некое коментарче.
Значи не постоајт само романи и книги пишувани од автори како Брам, Волтер Скот и други текстописци, и врз основа на истите се правеле филмчиња во кои што се додавале, преувеличувале и изменувале некои работи.
Постојат и луѓе во тоа време кои знаеле добро да го цртаат тоа што го гледаат затоа што знаеме сите дека една слика менува 1000 зборови така? барем така рекле старите ;) ,а делата на сликарите се ЕДИНСТВЕН и НАЈМОЌЕН доказ кои луѓето до ден денес го користат како најкомпетативно средство за да видат што точно се случувало во минатото. Еве те прашувам тебе и таквите како тебе што се потпираат само на интернет, прашањето ми е дали знаеш имиња на уметници и сликари кои го цртале Влад Тепеш во тоа време и дали воопшто си ги видел тие слики?
 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
Ај не треси зелени дечко! Прочитај малку кој бил Влад Тепеш и научи БАРЕМ малце историја на грофови на стар балкан, па после дојди на темава и кажувај за "неинформираност".
Форуми > Живот > Мистерии > Вампири, Гроф Дракула, Носферату.

Ти мислам дека го бараш ова Форуми > Македонија и свет > Историја > Историја на грофови на стар балкан.

А супер како го вадиш дечкото што го цитираш надвор од контекст.
Одлично си го искористил интернетот како помош да оставиш некое коментарче.
Да, интернетот е многу јака работа. Доколку човек е паметен би можел да го искористи во своја полза за да се подобри или да направи бизнис, или пак како во мојот случај да симне безбројна колекција на порно филмови или пак да гласа на анкета за најомилен лик во Gossip Girl. А не ја ни гледам таа проклета серија :mad: !


Значи не постоајт само романи и книги пишувани од автори како Брам, Волтер Скот и други текстописци, и врз основа на истите се правеле филмчиња во кои што се додавале, преувеличувале и изменувале некои работи.
Ок, тука си го пишал истото и ја што напишав ама си го пишал во поскратена верзија, само што не знам што бара Валтер Скот тука. И додека сме кај филмови најдобар филмски Дракула е Френк Лангела. Најсмешен, Џек Паланс. Најсрање, Џерард Батлер.

Постојат и луѓе во тоа време кои знаеле добро да го цртаат тоа што го гледаат затоа што знаеме сите дека една слика менува 1000 зборови така?
A исто така знаеле и да пишуваат. А исто како и денес што се користат разни медиуми за пропаганда и порано исто така се правело преку разни средства со кои располагале за тоа време.


а делата на сликарите се ЕДИНСТВЕН и НАЈМОЌЕН доказ кои луѓето до ден денес го користат како најкомпетативно средство за да видат што точно се случувало во минатото.
Ниту се единствен ниту се најмоќен доказ.


. Еве те прашувам тебе и таквите како тебе што се потпираат само на интернет, прашањето ми е дали знаеш имиња на уметници и сликари кои го цртале Влад Тепеш во тоа време и дали воопшто си ги видел тие слики?
Просветли ме.

Искрено не те разбрав што ти е поентата. Се надевам ке се објасниш поубаво следниот пат.







 
Член од
27 јули 2012
Мислења
300
Поени од реакции
122
Форуми > Живот > Мистерии > Вампири, Гроф Дракула, Носферату.

Ти мислам дека го бараш ова Форуми > Македонија и свет > Историја > Историја на грофови на стар балкан.

А супер како го вадиш дечкото што го цитираш надвор од контекст.


Да, интернетот е многу јака работа. Доколку човек е паметен би можел да го искористи во своја полза за да се подобри или да направи бизнис, или пак како во мојот случај да симне безбројна колекција на порно филмови или пак да гласа на анкета за најомилен лик во Gossip Girl. А не ја ни гледам таа проклета серија :mad: !




Ок, тука си го пишал истото и ја што напишав ама си го пишал во поскратена верзија, само што не знам што бара Валтер Скот тука. И додека сме кај филмови најдобар филмски Дракула е Френк Лангела. Најсмешен, Џек Паланс. Најсрање, Џерард Батлер.



A исто така знаеле и да пишуваат. А исто како и денес што се користат разни медиуми за пропаганда и порано исто така се правело преку разни средства со кои располагале за тоа време.




Ниту се единствен ниту се најмоќен доказ.




Просветли ме.

Искрено не те разбрав што ти е поентата. Се надевам ке се објасниш поубаво следниот пат.
Дечко или девојко, незнам што си, дискусијата е за мистерии, а темата е
Вампири, Гроф Дракула, Носферату...

Ако ти се дискутира за мистерии поврзани со темата, имаш докази од интернет си побарал/a нешто,(слика, пишуван текс итн) постирај овде, ако не АЈДЕ ШАЉИ !
Филмови овдека не не интересираат што си гледал/а, а твоите порно downloads воопшто!
Само да знаеш дека денешниот најкомпетентен апарат со кои можеш да земеш доказ е правењето фотографија, како што во тоа време ги барале сликарите.
Незнам што треба да ти објасниме? повели прашај
 
Член од
27 јули 2012
Мислења
300
Поени од реакции
122
Мала шега :)
Сум ја прочитал книгата од Мерион Џејмс, доколку го интересира некој во врска со оваа тема ке му ја дадам да ја прочита има доста работи да научи за мистериозниот живот на овој изрод.
Ке ви кажам мал дел, она што сум го запамтил и што ми било ај да кажам ме интересирало, па затоа ми останало во глава, изродов на 30 годишна возраст си ги има извадено тројките и си вметнал заби од Чупа Кабра (животно кое постои ден денес, но полека исчезнува, неговата еволуција за среќа престанува) Животното е сличен изрод како Влад Тепеш. Одлична комбинација за негово домашно милениче.
Имам уште една книга пишувана од романскиот автор Раду Флореску пишувана за истиов изрод, ја земав бидејки мислев дека романските писатели подобро ја знаат приказната во врска со овој гад кој постоел. Не сум ја прочитал цела, тоа што сум го читал сум го заборавил бидејки ја имам читано пред 10 години. Доколку ве интересира приказнава за смрадов, кажете ми ке ја пролистам, па ке ви раскажам ако ве интересира, во спротивно немам желба да ја читам.
--- надополнето: 5 февруари 2013 во 21:05 ---
За твоја неинформираност Велачија е денешна Романија,само што во тоа време не се викала Романија.
Колега не е твоја вина , печатна греша , се случува. Негде можеш да ја најдеш како Тара романеска ( румунска земја) или Eflak, што би рекол турчинот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom