Стефус-Рефус
Jesus Loves Macedonia
- Член од
- 30 август 2009
- Мислења
- 3.452
- Поени од реакции
- 1.209
Викторија Милановска
Додека земјите во регионот, испаничени од најновите проекции на Светска банка, веќе воведуваат рестриктивни реформи на пензискиот систем, македонската Влада ги игнорира алармантните бројки
Хрватската Влада деновиве најави кратење на пензиите и намалување на привилегиите на земјоделските пензионери. Словенија, пак, не само што призна дека не е ликвидна да исплаќа пензии и дека ѝ се заканува банкрот, туку распиша и референдум за зголемување на границата за пензионирање на 65 години.
Гувернерите на централните банки во регионот ги предупредија граѓаните дека ако бунтуваат против пензиските реформи, нивната држава ќе се најде во ист кош со финансиски најзагрозените во еврозоната, Грција, Португалија и Ирска.
Во каква кондиција е македонскиот пензиски систем? Какви чекори треба да преземе Владата?
Покрај намалувањето на социјалните придонеси, рекордно високата стапка на невработеност во земјава, а со тоа и ниското ниво на приливи во социјалните фондови, аналитичарите дополнително ги загрижија и новите проекции на Светска банка. За иднината на пензискиот систем стравуваат дури и експертите кои учествуваа во воведувањето на пензиската реформа во земјава.
„Проекциите на Светска банка и на ПИОМ се многу блиски и истите беа земени предвид во големата пензиска реформа. Но, непредвидената владина политика да ги намали социјалните придонеси ја поткопа реформата, за што доказ е последниот годишен финансиски биланс кој е тотално пореметен. Втор загрижувачки факт е што 33% од буџетот на ПИОМ го сочинуваат буџетски трансфери, а дозволен европски просек во овој дел е 8%“, објаснува Тикваровска.
Ексдиректорката на МАПАС, Зорица Апостолска, предупредува дека ниту една Влада не смее да експериментира кога е во прашање пензискиот систем.
„За да не се поткопуваат придобивките од реформата, пензиската политика во државава треба да се води врз основа на актуарски проекции. Најмалку се пожелни предизборни интервенции, како што беше зголемувањето на пензиите за повеќе од 20% во 2008 година, или стимулирање на вработеноста, која може да се решава со други активни мерки надвор од пензискиот систем. Не треба да се заборави дека пензискиот систем треба да биде финансиски избалансиран, со еднакви права за сите генерации на пензионери, а не да го уживаат само сегашните корисници на пензија“, вели Апостолска.
Директорот на НЛБ Нов пензиски фонд, Давор Вукадиновиќ, вели дека единствен лек против криза на пензискиот фонд на долгорочно ниво е драстично зголемување на странски инвестиции во земјава, а со тоа и на бројот на вработени.
„Според мене, зголемување на старосните граници не би било соодветно решение за стабилност на пензискиот систем. Сметам дека Владата само треба невработеноста да ја сведе на 10%, а тоа најлесно ќе го постигне со поголем број странски инвестиции. И мора да се игра со отворени карти, да им се каже на луѓето што ги очекува, за уште сега да почнат да инвестираат во алтернативни извори на штедење“, вели Вукадиновиќ.
RSS
Додека земјите во регионот, испаничени од најновите проекции на Светска банка, веќе воведуваат рестриктивни реформи на пензискиот систем, македонската Влада ги игнорира алармантните бројки
Д
раматично ќе се намали работоспособното население и тројно ќе се зголеми бројот на пензионери во Македонија во наредните 30 години, предвидува Светска банка. Најновите податоци на оваа институција покажуваат дека во 2050 година, пензионерите ќе сочинуваат околу една третина од македонското население, што е речиси тројно повеќе отколку сега.Од каде пари за пензии ако нема кој да плаќа придонеси?
Ако се анализираат сите три сценарија во актуарскиот извештај на ПИОМ, ќе се види дека дури и во најоптимистичките проекции има пораст на старото население на долг рок.
„Како последица на оваа демографска промена бројот на пензионерите континуирано расте во наредните 50 години, а потоа се намалува. Соодносот меѓу осигурениците и пензионерите, од околу 1,7 осигуреници на еден пензионер сега, долгорочно ќе се намалува на 1,2 осигуреник на еден пензионер. Овој тренд на соодносот значи дека сè помалку осигуреници ќе плаќаат за сè поголем број пензионери. Прашањето е од каде ќе се обезбедуваат пари за пензии?“, прашуваат познавачите.
Додека земјите во регионот, испаничени од сличните проекции упатени на нивна адреса, вклучуваат аларм и веќе воведуваат рестриктивни реформи на пензискиот систем, македонската Влада ги игнорира овие поразителни проекции. Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, одби да објасни дали Владата ќе стори нешто за долгорочна стабилност на пензискиот систем и кој ќе обезбеди пари за идните пензионери.Ако се анализираат сите три сценарија во актуарскиот извештај на ПИОМ, ќе се види дека дури и во најоптимистичките проекции има пораст на старото население на долг рок.
„Како последица на оваа демографска промена бројот на пензионерите континуирано расте во наредните 50 години, а потоа се намалува. Соодносот меѓу осигурениците и пензионерите, од околу 1,7 осигуреници на еден пензионер сега, долгорочно ќе се намалува на 1,2 осигуреник на еден пензионер. Овој тренд на соодносот значи дека сè помалку осигуреници ќе плаќаат за сè поголем број пензионери. Прашањето е од каде ќе се обезбедуваат пари за пензии?“, прашуваат познавачите.
Хрватската Влада деновиве најави кратење на пензиите и намалување на привилегиите на земјоделските пензионери. Словенија, пак, не само што призна дека не е ликвидна да исплаќа пензии и дека ѝ се заканува банкрот, туку распиша и референдум за зголемување на границата за пензионирање на 65 години.
Гувернерите на централните банки во регионот ги предупредија граѓаните дека ако бунтуваат против пензиските реформи, нивната држава ќе се најде во ист кош со финансиски најзагрозените во еврозоната, Грција, Португалија и Ирска.
Во каква кондиција е македонскиот пензиски систем? Какви чекори треба да преземе Владата?
Покрај намалувањето на социјалните придонеси, рекордно високата стапка на невработеност во земјава, а со тоа и ниското ниво на приливи во социјалните фондови, аналитичарите дополнително ги загрижија и новите проекции на Светска банка. За иднината на пензискиот систем стравуваат дури и експертите кои учествуваа во воведувањето на пензиската реформа во земјава.
Кои фактори ја нарушуваат стабилноста на македонскиот пензиски систем?
Намалувањето на придонесите за пензиско осигурување од 21,2 на 18%;
Македонија е една од земјите во Европа кои имаат најниски старосни граници за пензионирање, жените на 62, мажите на 64 години;
Вториот столб го „јаде“ првиот затоа што по воведувањето на реформата дел од придонесите се влеваат во вториот;
Рекордно високата стапка на невработеност во земјава - ниско ниво на приливи во социјалните фондови;
Континуираниот раст на сумата која ПИОМ од година во година ја добива од централниот Буџет;
Криминалот на службеници во ПИОМ, кој пред неколку месеци го утврдија ревизорите.
Поранешната заменик-директорка на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), Олга Тикваровска-Михајловска, вели дека ПИОМ го очекува тотална хаварија.„Проекциите на Светска банка и на ПИОМ се многу блиски и истите беа земени предвид во големата пензиска реформа. Но, непредвидената владина политика да ги намали социјалните придонеси ја поткопа реформата, за што доказ е последниот годишен финансиски биланс кој е тотално пореметен. Втор загрижувачки факт е што 33% од буџетот на ПИОМ го сочинуваат буџетски трансфери, а дозволен европски просек во овој дел е 8%“, објаснува Тикваровска.

Share
RSS