Бројот на пензионери ќе расте, а на работници ќе паѓа. Од каде пари за пензии?

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.209
Викторија Милановска

Додека земјите во регионот, испаничени од најновите проекции на Светска банка, веќе воведуваат рестриктивни реформи на пензискиот систем, македонската Влада ги игнорира алармантните бројки

Д
раматично ќе се намали работоспособното население и тројно ќе се зголеми бројот на пензионери во Македонија во наредните 30 години, предвидува Светска банка. Најновите податоци на оваа институција покажуваат дека во 2050 година, пензионерите ќе сочинуваат околу една третина од македонското население, што е речиси тројно повеќе отколку сега.
Од каде пари за пензии ако нема кој да плаќа придонеси?

Ако се анализираат сите три сценарија во актуарскиот извештај на ПИОМ, ќе се види дека дури и во најоптимистичките проекции има пораст на старото население на долг рок.
„Како последица на оваа демографска промена бројот на пензионерите континуирано расте во наредните 50 години, а потоа се намалува. Соодносот меѓу осигурениците и пензионерите, од околу 1,7 осигуреници на еден пензионер сега, долгорочно ќе се намалува на 1,2 осигуреник на еден пензионер. Овој тренд на соодносот значи дека сè помалку осигуреници ќе плаќаат за сè поголем број пензионери. Прашањето е од каде ќе се обезбедуваат пари за пензии?“, прашуваат познавачите.
Додека земјите во регионот, испаничени од сличните проекции упатени на нивна адреса, вклучуваат аларм и веќе воведуваат рестриктивни реформи на пензискиот систем, македонската Влада ги игнорира овие поразителни проекции. Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, одби да објасни дали Владата ќе стори нешто за долгорочна стабилност на пензискиот систем и кој ќе обезбеди пари за идните пензионери.
Хрватската Влада деновиве најави кратење на пензиите и намалување на привилегиите на земјоделските пензионери. Словенија, пак, не само што призна дека не е ликвидна да исплаќа пензии и дека ѝ се заканува банкрот, туку распиша и референдум за зголемување на границата за пензионирање на 65 години.
Гувернерите на централните банки во регионот ги предупредија граѓаните дека ако бунтуваат против пензиските реформи, нивната држава ќе се најде во ист кош со финансиски најзагрозените во еврозоната, Грција, Португалија и Ирска.
Во каква кондиција е македонскиот пензиски систем? Какви чекори треба да преземе Владата?
Покрај намалувањето на социјалните придонеси, рекордно високата стапка на невработеност во земјава, а со тоа и ниското ниво на приливи во социјалните фондови, аналитичарите дополнително ги загрижија и новите проекции на Светска банка. За иднината на пензискиот систем стравуваат дури и експертите кои учествуваа во воведувањето на пензиската реформа во земјава.
Кои фактори ја нарушуваат стабилноста на македонскиот пензиски систем?

Намалувањето на придонесите за пензиско осигурување од 21,2 на 18%;

Македонија е една од земјите во Европа кои имаат најниски старосни граници за пензионирање, жените на 62, мажите на 64 години;

Вториот столб го „јаде“ првиот затоа што по воведувањето на реформата дел од придонесите се влеваат во вториот;

Рекордно високата стапка на невработеност во земјава - ниско ниво на приливи во социјалните фондови;

Континуираниот раст на сумата која ПИОМ од година во година ја добива од централниот Буџет;

Криминалот на службеници во ПИОМ, кој пред неколку месеци го утврдија ревизорите.
Поранешната заменик-директорка на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), Олга Тикваровска-Михајловска, вели дека ПИОМ го очекува тотална хаварија.
„Проекциите на Светска банка и на ПИОМ се многу блиски и истите беа земени предвид во големата пензиска реформа. Но, непредвидената владина политика да ги намали социјалните придонеси ја поткопа реформата, за што доказ е последниот годишен финансиски биланс кој е тотално пореметен. Втор загрижувачки факт е што 33% од буџетот на ПИОМ го сочинуваат буџетски трансфери, а дозволен европски просек во овој дел е 8%“, објаснува Тикваровска.
Ексдиректорката на МАПАС, Зорица Апостолска, предупредува дека ниту една Влада не смее да експериментира кога е во прашање пензискиот систем.
„За да не се поткопуваат придобивките од реформата, пензиската политика во државава треба да се води врз основа на актуарски проекции. Најмалку се пожелни предизборни интервенции, како што беше зголемувањето на пензиите за повеќе од 20% во 2008 година, или стимулирање на вработеноста, која може да се решава со други активни мерки надвор од пензискиот систем. Не треба да се заборави дека пензискиот систем треба да биде финансиски избалансиран, со еднакви права за сите генерации на пензионери, а не да го уживаат само сегашните корисници на пензија“, вели Апостолска.
Директорот на НЛБ Нов пензиски фонд, Давор Вукадиновиќ, вели дека единствен лек против криза на пензискиот фонд на долгорочно ниво е драстично зголемување на странски инвестиции во земјава, а со тоа и на бројот на вработени.
„Според мене, зголемување на старосните граници не би било соодветно решение за стабилност на пензискиот систем. Сметам дека Владата само треба невработеноста да ја сведе на 10%, а тоа најлесно ќе го постигне со поголем број странски инвестиции. И мора да се игра со отворени карти, да им се каже на луѓето што ги очекува, за уште сега да почнат да инвестираат во алтернативни извори на штедење“, вели Вукадиновиќ.

Share




RSS
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
Кој од форумов ќе ја доживее 2050година, тогаш ќе си коментира од каде пари за пензии:D
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Нема многу варианти.
1. Повисока возраст за пензиониране и така остануване на работа на повеке луге.
2. Идивидуални сметки за пензиja
3. Дониране на дефицитот от државата
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.970
Од каде пари? од вујче од Америка.,.......од народот од каде......од казни ова она.....абе држава е ова
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Абе што ме заболе од каде пари,од парите што сум ги уплаќал ете од таму
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Абе што ме заболе од каде пари,од парите што сум ги уплаќал ете од таму
Парите што сега си ги уплаќал одат за денешните пензионери, кога ти ќе станеш пензионер треба и за тебе некој да уплаќа, како што денес тоа го правиш ти.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.209
Парите што сега си ги уплаќал одат за денешните пензионери, кога ти ќе станеш пензионер треба и за тебе некој да уплаќа, како што денес тоа го правиш ти.
Брат, ова да не е пирамидална штедилница?:pos:
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Парите што сега си ги уплаќал одат за денешните пензионери, кога ти ќе станеш пензионер треба и за тебе некој да уплаќа, како што денес тоа го правиш ти.
ili da se zemat od mmv da ne raboti nikoj da se davaat penzii i za 30 godini ko grcka
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.209
ili da se zemat od mmv da ne raboti nikoj da se davaat penzii i za 30 godini ko grcka
Имаат 3 решенија.
1. Да покачат даноци
2. Да земат кредит од ММФ
3. Да печатат пари.
Па ти бирај кој сакаш да ти го опне...:icon_lol:
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Парите што сега си ги уплаќал одат за денешните пензионери, кога ти ќе станеш пензионер треба и за тебе некој да уплаќа, како што денес тоа го правиш ти.
Изгледа имаш некој проблем со разбирање на работите....

Секој сам за себе си уплаќа!
... види закон за пензии!
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
`
Изгледа имаш некој проблем со разбирање на работите....

Секој сам за себе си уплаќа!
... види закон за пензии!
Da teoretski ama prakticno kako vicot od k15
dodeka ti plakjas ti gi trosi nekoj penzioner i taka nataka.......

Samo vo banka ako investiras dopolnitelno 3 stolb ili 4 togas stojat parite kako stedenje.

Tocno e toe deka parite vo PIOM ne se davaat direktno na drugi no tie se samo vrednost na piece of shit paper a indirektno kako sto rece deckoto se trosat preku rashodi na drzavata a tuka spagjaat penzionerite.

Mene ne me plasat penziite mene me plasi toa deka penzionerite povekje ziveat od mladite toa e paradoks.
 

ЛеоЛе07

Не биди трол
Член од
8 октомври 2010
Мислења
879
Поени од реакции
375
Пензискиов систем и пирамида и е граден за животен век на луѓето од 65 години. Нормално дека нема да има пари.

Бидејќи не постоел отсекогаш, првата генерација пензионери добила пензија без да даде никаков придонес. Поради тоа пензиите не се исплаќаат од тоа што пензионерите ставиле во фондот, туку од она што го внесуваат денешниве вработени.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.209
Пензискиов систем и пирамида и е граден за животен век на луѓето од 65 години. Нормално дека нема да има пари.

Бидејќи не постоел отсекогаш, првата генерација пензионери добила пензија без да даде никаков придонес. Поради тоа пензиите не се исплаќаат од тоа што пензионерите ставиле во фондот, туку од она што го внесуваат денешниве вработени.
Во основа принциот е како пирамидална штедилница ТАТ или Понзи превара. Системот функционира се додека има повеќе „будали“ што плаќаат од тоа што користат. Исто е и со социјално осигурување. Ако има многу вработени тогаш тие малкуте што користат осигурање може многу да земаат ама колку повеќе има корисници толку помалку донатори има. Системот е стабилен само ако расте бројот на учесници во однос на корисници.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom