Боб Марли

Член од
19 март 2011
Мислења
12.770
Поени од реакции
14.051
Роберт Неста „Боб" Марли (6 февруари 1945 година - 11 мај 1981 година) беше јамајкански пејач-текстописец и музичар. Тој е лидер, текстописец и гитарист на ска, rocksteady и реге бендовите Wailers (1964-1974) и Bob Marley & The Wailers (1974-1981). Марли остана познат и почитуван изведувач на реге музика, и е заслужен за помагање во ширењето на Јамајканската музика и движењето Rastafari ширум светот.
Најголеми хитови на Марли се: "I Shot the Sheriff", "No Woman, No Cry", "Could You Be Loved", "Stir It Up", "Jamming", "Redemption Song", "One Love" и, заедно со The Wailers, "Three Little Birds", како и постхумно објавените "Buffalo Soldier" и "Iron Lion Zion". Албумот Legend (1984), објавен три години по неговата смрт, е најдобро-продаван реге албум кој достигна 10 кратен платински (дијамантски) тираж во САД и продажба над 20 милиони копии ширум светот.

Живот и кариера
Боб Марли беше роден во малото село Nine Mile во Saint Ann Parish, Јамајка како Неста Роберт Марли. Подоцна некој службеник во Одделението за пасоши по грешка ќе го замени неговото средно име. Неговиот татко, Норвал Синклер Марли (Norval Sinclair Marley), беше Јамајканец со англиско потекло, чие семејство потекнува од Есекс, Англија. Норвал беше капетан во Кралската морнарица, како и надзорник на плантажи, кога се оженил со Cedella Booker, Афро-Јамајканка, тогаш на возраст од 18 години. Норвал финансиски ги обезбедуваше неговата сопруга и детето, но ретко се гледаше со нив бидејќи често патуваше. Во 1955 година, кога Марли имаше 10 години, неговиот татко почина од срцев удар на возраст од 60 години. Марли, како мал, често беше предмет на исмевање поради неговото мешано потекло и се соочуваше со прашања во врска со неговиот идентитет низ целиот живот. Тој еднаш рекол: „Јас немам предрасуди кон себе си. Татко ми беше бел, а мајка ми црна. Нека ме викаат полу-каста или како им е мило. Јас не сум на ничија страна. Нити сум на страна од црнците, ниту пак од страна на белците. Јас сум од страна на Бог, оној кој ме создаде и кој е причина да водам потекло од белец и црнкиња.“ Иако Марли го призна неговото мешано потекло, во текот на неговиот живот и поради неговите верувања, тој се само-идентификува како црнец од Африка. Во песните како “Black Survivor", "Babylon System", и "Blackman Redemption", Марли пее за борбата на црнците и Африканците против угнетувањето од Западот.
Марли се спријатели со Neville "Bunny" Livingston (подоцна познат како Bunny Wailer), со кого започнал да свири. Тој го напуштил училиштето на 14 годишна возраст за да започне да свири со Joe Higgs, локален пеjач и посветен Rastafari. На една сесија за џез импровизадија со Higgs и Livingston, Марли го сретна Peter McIntosh (подоцна познат како Peter Tosh), кој имаше слични музички амбиции. Во 1962 година, Марли ги сними своите први два сингла, "Judge Not" и " One Cup of Coffee ", со локалниот музички продуцент Leslie Kong. Овие песни, објавени на етикетата на Беверли под псевдонимот Боби Мартел, привлекоа малку внимание. Песните подоцна беа повторно ре-издадени во сетот Songs of freedom, постхумна колекција од музиката на Марли.

Музичка кариера
Во 1963 Боб Марли, Bunny Wailer, Peter Tosh, Junior Braithwaite, Beverley Kelso и Cherry Smith ја формираа ска и rocksteady групата The Teenagers. Подоцна го променија нивното име во "The Wailing Rudeboys", потоа во "The Wailing Wailers", кога беа откриени од продуцентот Coxsone Dodd, и конечно во "The Wailers". До 1966, Braithwaite, Kelso и Smith ги напуштија The Wailers, оставајќи го триото Bob Marley, Bunny Wailer, and Peter Tosh. In 1966, Maрли се ожени со Рита Андерсон и за кратко се пресели во близина на куќата на неговата мајка во Вилмингтон, Делавер, САД, за кратко време за кое работеше како помошник во лабораторијата на DuPont и на лентата за берба на плантажата Крајслер, под името Доналд Марли.
Кога се врати во Јамајка, Марли стана член на Rastafari движењето и започна да го носи она по што стана препознатлив, неговите суканици. После недоразбирањето со Дод, Марли и неговиот бенд се соединија со Lee "Scratch" Perry и неговиот студио бенд, The Upsetters. Иако сојузот траеше помалку од една година, тие, според многумина, ги снимија најдобрите хитови на The Wailers’. Марли и Пери се разделија по несогласувањето во односот на правата за снимање, но тие ќе останат пријатели и ќе работат повторно заедно помеѓу 1968 и 1972 година. Боб и Рита Марли, Питер Тош и Бани Вејлер издадоа некои стари снимки од JAD Records, во Кингстон и Лондон, во обид да го комерцијализираат звукот на The Wailers'. Бани подоцна тврдеше дека овие песни „никогаш не требаше да се објават во албум… тие беа само демо снимки кои продуцентските компании ги слушаа." Во 1968, Боб и Рита го посетија Бронкс за да се видат со текстописецот на Џони Неш, Џими Норман. Тридневната сесија за џез импровизација со Норман и останатите, вклучувајќи го и ко-авторот на Норман, Al Pyfrom, резултираше со 24 минутна снимка на која Марли изведуваше неколку негови и композиции од Норман и Pyfrom, што според Реге архиварот Роџер Стефенс е ретко тоа што беше под влијание на поп наместо на реге, како дел од обидот Марли да се пробие на Американските топ листи. Според една статија во The New York Times, Марли на таа снимка експериментираше со различни звуци, приспособувајќи го doo-wop стилот на "Stay With Me" и „бавниот стил на артистите од 1960-тите" на "Splish for My Splash". Првиот албум на The Wailers, Catch a Fire, беше издаден во 1973 год. и добро се продаваше. Година подоцна беше издаден Burnin', во кој се наоѓаа песни како: "Get Up, Stand Up" и "I Shot the Sheriff". Ерик Клептон направи хит сингл од "I Shot the Sheriff" во 1974, подигнувајќи го на повисоко ниво интернационалниот профил на Марли. The Wailers се растурија во 1974, секој од трите главни членови тргна во своја соло кариера. Има повеќе претпоставки за причините за распадот на гурпата; некои веруваат дека имаше несогласувања помеѓу Бани, Пиетри Боб околу нивните изведби, додека други тврдат дека Бани и Питер едноставно сакаа да започнат соло кариери.И покрај распадот, Марли продолжи да снима под името " Bob Marley & The Wailers". Неговиот нов бенд кој го придружуваше на настапите ги вклучуваше браќата Carlton и Aston "Family Man" Barrett на тапани и бас, односно Џуниор Марвин и Ал Андерсон како гитарист, Tyrone Downie и Earl "Wya" Lindo на клавијатури и Alvin "Seeco" Patterson на ударни инструменти. "I Threes", во состав Judy Mowatt, Marcia Griffiths и сопругата на Марли, Рита, беа придружни вокали.

 

GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.552
Поени од реакции
2.130
Боб Марли мојот херој во живот.Имам голема почит спрема овој човек и неговата работа.Ги знам најголемиот дел негови песни, и ги слушам буквално секој ден.Некако чудно пленат.
Посебна песна ми е оваа
За жал дрогата го уништи, но за среќа останаа многу негови дела.Тој сеуште живее преку нив, и сеуште неговите песни кои ги остаде зад себе ги исполнуваат срцата на Реге слушателите
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.357
Поени од реакции
4.879
Боб Марли мојот херој во живот.Имам голема почит спрема овој човек и неговата работа.Ги знам најголемиот дел негови песни, и ги слушам буквално секој ден.Некако чудно пленат.
Посебна песна ми е оваа
За жал дрогата го уништи, но за среќа останаа многу негови дела.Тој сеуште живее преку нив, и сеуште неговите песни кои ги остаде зад себе ги исполнуваат срцата на Реге слушателите
Да,да кажуваа како бил на тешки дроги. Навлечен бил на хероин. Ах што нема да прочиташ :tapp:
 
Член од
8 септември 2011
Мислења
17
Поени од реакции
6
Боб Марли мојот херој во живот.Имам голема почит спрема овој човек и неговата работа.Ги знам најголемиот дел негови песни, и ги слушам буквално секој ден.Некако чудно пленат.
Посебна песна ми е оваа
За жал дрогата го уништи, но за среќа останаа многу негови дела.Тој сеуште живее преку нив, и сеуште неговите песни кои ги остаде зад себе ги исполнуваат срцата на Реге слушателите
Можеби го сакаш, почитуваш, ама не можам да кажам и дека знаеш многу за него. Те молам ако сакаш да ми кажеш од каде ти е информацијава дека дрогата го уништила???
 

GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.552
Поени од реакции
2.130
Информацијата не е од никаков валиден извор.
Така имам слушнато од повозрасни слушатели, како и од мои другари.Дали се вистина или не никогаш не ми текнало да истражам и да дознаам.Затоа можеби и погрешив.:(
Незнам многу за него тоа е факт.
Јас го почитувам, и ја почитувам неговата музика.Ги почитувам неговите песни и го сметам за крал на регето.
Јас никогаш немаше да слушам Реге да непостоеше овој човек.Како што за верникот(христијанинот во овој случај) библијата е света книга, за мене неговите песни се нешто свето.
 
I

indigo child

Гостин
Telefonot mi dzvoni so Blackman redemption ( :
Prekrasni tekstovi polni emocii i ubava muzika ( :
 
Член од
8 септември 2011
Мислења
17
Поени од реакции
6
Информацијата не е од никаков валиден извор.
Така имам слушнато од повозрасни слушатели, како и од мои другари.Дали се вистина или не никогаш не ми текнало да истражам и да дознаам.Затоа можеби и погрешив.:(
Незнам многу за него тоа е факт.
Јас го почитувам, и ја почитувам неговата музика.Ги почитувам неговите песни и го сметам за крал на регето.
Јас никогаш немаше да слушам Реге да непостоеше овој човек.Како што за верникот(христијанинот во овој случај) библијата е света книга, за мене неговите песни се нешто свето.
Во ред е барем си признаваш дека не знаеш многу за него...па би можел да ти кажам некоја работа. На едно прашање од страна на еден новинар, зошто пуши марихуана тој одговара: " Па зошто вие пиете ЧАЈ? Тоа ви е исто еден вид трева ја конзумираме на различен начин јас ја пушам, а вие ја пиете " и на ова новинарката само занеме малце и продолжи со другите прашања :) Инаку многумина мислат дека е починат од дрогата, но тоа не е ни малку точно. Еднаш додека играл фудбал(една од неговите две љубови музиката и фудбалот), бос, го убива(ранува) нескајќи малиот прст на левата нога, при што по некое време при еден преглед му кажале дека тој всушност има рак на истиот прст. Му велат дека треба само да му го ампутираат и ќе го отстранат ракот. Но тој како што знаете е растафаријанец и неговата религија проповеда дека човечкото тело е еден храм кој доколку било кој дел му се одземе ја губи својата вредност, затоа и растафаријанците имаат долга брада и долга коса. Така тој одбива да му го ампутираат прстот, но им дозволува да го лекуваат само со примитивна медицина т.е. со билки. Но сето тоа е неуспешно. За време на лекувањето изјавил " Ме излекуваа, не физички туку психички. Сега ја прифатив смртта како дел од животот и 100 % сум подготвен да заминам од овој свет. ". За време на неговата последна турнеја неговата состојба се влошува и со авион веднаш сакаат да го пренесат во нековата родна Јамајка, но поради состојбата, авионот принудно слетува во Мајами, Флорида и таму умира. Неговите последни зборови биле упатени кон неговиот најстар син Зиги Марли и гласат : " Парите не можат да купат живот. ". :)
 

pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.480
Поени од реакции
598
Денес ќе го славеше 68-иот роденден.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom