- Член од
- 12 јануари 2009
- Мислења
- 26
- Поени од реакции
- 0
Роберт „Боб“ Неста Марли (англиски: Robert "Bob" Nesta Marley) (6 февруари 1945 – 11 мај 1981) е легендарен јамајкански пејач, композитор, гитарист и растафаријанец. Тој е акредитиран со ширење на јамајканската реге музика низ светот. Негови најпознати песни се „I Shot the Sheriff“, „No Woman, No Cry“, „Exodus“, „Could You Be Loved“, „Stir It Up“, „Jamming“, „Redemption Song“, „One Love“, „Three Little Birds“, како и постхумно-издадените хитови „Buffalo Soldier“ и „Iron Lion Zion“. Компилацискиот музички албум со неговите најголеми хитови, „Legend“, од 1984, е најдобро-продаваниот реге албум на сите времиња (10 пати платински).Марли имаше татко кој беше бел Англичанец и мајка Јамајканка. Боб беше задеван и тепан од другите деца заради неговото мешано потекло, што беше олеснато од неговата ситна физичка конституција. Со време тој научи самоодбрамбени вештини и го доби прекарот „tuff gong“, во превод „жилав, тврд гонг“.Во 1977, Марли беше дијагностициран со малигнен тумор на големиот прст од стапалото. Ракот можеше да се отстрани со ампутација на прстот, но Mарли одби од религиозни причини, велејки дека според растафаријанството, „телото мора да остане цело“. Тој продолжи со музички настапи и турнеи, но еден ден, при џогирање, изгуби сила и падна во Сентрал Парк во Њујорк. Со тоа, остатокот на неговата турнеја „1980 Uprising Tour“ беше откажан. Подоцна, летајки од Германија кон родната Јамајка, неговата состојба се влоши и мораше да слета во Мајами, каде што почина во болница на 11 мај 1981.Марли имаше 13 деца. Тој посвои две од минатата врска на сопругата Рита, со која имаше три други деца, и осум други деца со различни мајки. Неговите деца: Шерон, Цедела, Зиги, Стефан, Џулиан, Кај-мани и Дамјан сите станаа музичари како татко им. Син му Рохан беше професионален играч во Американската рагби лига.
Е сеа ваке...ова е кратко за Боб Марли (од википедија, ме мрзеше да тражим на друго место )...ваше мислење за Боб Марли, дали ви се допаѓа неговата музика и слично...
Е сеа ваке...ова е кратко за Боб Марли (од википедија, ме мрзеше да тражим на друго место )...ваше мислење за Боб Марли, дали ви се допаѓа неговата музика и слично...