Бизнис за 2000-3000 евра, Чист неуспех-Предизвик-Успех

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Вие, со бизнисите, што си патите од инспекции...да ве прашам нешто.

Дали знаете кои закони и правилници ја уредуваат дејноста која ја вршите?
Сте ги прочитале ли?

Бидејќи гледам се жалите од казни, ќе претпоставам дека не.

Сите инспекциски служби се создадени за да проверуваат дали на терен фирмите работат според законите. Доколку фирмата работи како што е пропишано, ниту една инспекција нема основ за казна.

За било која напишана казна од страна на инспекциска служба, криви сме самите ние, а не инспекцијата (или државата или комшијата или конкуренцијата), таа си ја врши работата.
Колку убаво звучи напишаново, за момент помислив дека збориш за Германија, наместо за Македонија.

Прост пример: Законски е пропишано дека можеш да му ја заплениш робата, доколку фактурата во договорениот рок не е подмирена. Си одиш по закони му ја запленуваш робата и ја складираш во склад. Он со три телефони дознава во кој склад му е робата и си ја зема во пропишаниот рок од 5 дена дека потоа можеш да ја продадеш. Со твојот пропишан закон и правилник го даваш на суд. Судот те казнува тебе со казна за задржување на робата плус трошоци. Имало недоречености во законот на хартија. Се разбира ти се дуплирале две фактури неплатени. Фирмата е со блокирана сметка долго време, наплатата ја врши од другата фирма, обврските од блокираната.

Би сакала да те прашам по кои закони и правилници функционира дејноста која ја вршиме?

Јас знам дека сме криви ние самите, првенствено оти сме отвориле фирма во државата па потоа за се останато.
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
329
Поени од реакции
218
Златните времиња за отварање бизнис беа пред 15 до 20 години. Приватните фирми се броеја на прсти, затоа одма се знаеше кој плаќа на време кој не, дедеве не постоеше, а и многу други даноци, регулации помалку. На рекет не се ни помислуваше, кражбите беа реткост. Уште имаше и тек тук по некоја непропадната фабрика па колку толку се живуркаше. Али битно сеа некој пробува да не убедува колку сме напреднале и како е супер да се отвори бизнис.
 
TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878

Ама мора некогаш да го стигнеме германскиот систем, нели? Макар и третина.

Дупки во законите секогаш постојат, ама за да се најдат треба прво да се прочитаат. Сепак, џабе ќе се читаат ако законите се несинхронизирани. Не е сјајно. И мене ми пречи тоа што фактурите ми се исплаќаат по 100-160 дена, ама па од друга страна ако си во некој бизнис, треба секогаш да бидеш подготвен да можеш да издржиш минимум година дена од сопствени средства за да почне да се случува обртот како што треба. Така е кај нас во сите дејности и нема бегање од тоа. Сите знаеме дека не треба така, ама верувам дека претпоставуваш чии фирми практикуваат да исплаќаат фактури после шест месеци.

Конкретно мојот бизнис функционира и се регулира со над 20 закони и уште толку правилници. Во поголемиот дел од нив и самиот сум бил дел од работната група што ги изработувала, во времето пред да напуштам државно за да работам свој бизнис (веројатно според наши стандарди сум глуп). Кај нашите SME се игра „Тешкото“ од единствена причина што дејностите функционираат според заедничките закони со ЕУ, кои се само преведени, препишани и со сменети вредности и валути.

И сега, како може да имаме европски закони, а сепак да ни трокира бизнис заедницата? Епа, така што тие закони се конструирани според „чергата“ на тамошните стопанства, не според нашите.

Еден конкретен пример за тоа е Законот за земјоделство. Се испењавија да го препишеме од Хрватска (иако сугестијата беше да биде од Словенија како земја со идентичен земјоделски систем на Македонскиот пред да почнат да воведуваат реформи) и владата го прифати. И сега имаме еден куп земјоделци со стагнација во развој, со неприменување на нови технологии, со поскапи репроматеријали и непроменети пазари цени. Само, сега им се исплаќаат субвенции за да им се оправда мрзеливоста.

Заклучок: Колективната неорганизираност ќе не изеде сите индивидуално, еден по еден. Малите претпријатија сакааат да им се среди ситуацијата, а не сакаат од годишниот буџет да одвојат ни еден процент за организација/лоби група/правно тело кој ќе ги анализира маките, нелогичностите и нефункционалните членови во законите и правилниците и ќе поднесува предлог измени на законите до владата/собранието.

Затоа, убаво реков претходно. Сами се криви. Не ги читаат законите. Не знаат како да ги променат во своја корист, а не сакаат да се организираат и да платат некој што знае и може.
 
Оние работни групи и тела во државни институции немаат сенс, ниту искуство во приватен сектор да изработуваат закони и правилници. Јас секој пат тоа го напоменувам, ние имаме судир со законите на хартијата и реалноста, со вестите за економијата и фактичката состојба, со најавите и реалните можности.

Ние немаме систем, ние се трудиме да имаме некаков систем на хартија. Новните кои се носат не ни помагаат воопшто во реалноста. Слободно можам да зборам за реформацијата на судството. Се донесе закон за наплата преку извршители, почнаа сите да практикуваат приговор и те внесува во суд. На суд рочиштата за дело „неплатена фактура“ идат по 2 или 3 години. Јас имам конкретен случај во моментов како функционира судство за наплата на побарувања од 2012 поднесена тужба Септември месец, рочиште закажано за 9 септември 2013 и тоа го одложија следно на 28 Јануари 2014.

Свој капитал некој да има годишен обрт да покрие, се сомневам. Кругот додека заврти во првите три месеци со резултати од 20%, следниот уште - 80% сигурно дека годината ќе ја дочекаш. зависи каков бизнис и какви вложувања имаш.

Јас сум член на две здруженија од мојот сегмент на работење. Да бидам искрена повеќе се игра за политика, одколку за нас. Некако здружувањата ми се фотокопија на политиката од Влада.
Се разбира моето искуство вели: Леандра бркај си ја работата како што знаеш и умееш, батали ти политики и здружувања. Македонија ми даде голема ука за животот, кој моментално ми се наоѓа: Како да бидеш фрик во среден систем.
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Да беше толку лесно и едноставно да се води бизнис во Македонија нели сте се запрашале зошто никој од дијаспората неќе да си ги вложи парите тука?

Знам дека како народ и самите понекогаш сме криви за некои работи, ама законите тука за еден важат за друг не... Ако одиме според закони кажете ми која продавница помала дава фискална сметка? Како беше тоа демек ако не добиеш фискална смееш да си ја земеш робата без да ја платиш...

Значи да сумираме за да работиш кај нас мора на некој начин или да прикриеш данок или да прекршиш некој закон за да опстоиш. После доаѓа следното промена на власта што е болно за сите.Пошто ако си врзан за една партија автоматски другара ќе ти ебе матер кога ќе биде на власт..

Возможно е во Македонија да се води бизнис само со многу повеќе пари и многу повеќе мучки, далавери, криења, врски со инспекции и сл.. Баш зборев со дргуар што има продавница, ми рече он ако дава фискална на секој производ што го продава тогаш нема да има ќар од работењето, такада се дур има вакви дупки во законите ќе опстојуваат бизнисите... Ако инспекциите стегнат да се почитува секој закон тогаш 1 компанија нема да постои кај нас... Пошто секој прави нешто што е против законот, дали пари на рака дали нешто др.
 
Неможеш да си чист со законите и да сакаш. Од проста причина што се соработува меѓугранично каде владеат други закони. Наплатата во Турција, Албанија и Бугарија е дозволива да биде во кеш, за која само им доставуваш фактура. Нашиот систем не дозволува кеш. Ете ти го првиот судир. Или ќе ги земеш парите за извршената услуга или остави им ги ако не, бидејќи кај нас се против законски тие наплати. Смешно е дури да се зборува во различни системи во кои функцинираме да те мете инспекција како криминалец. Приватниот сектор ги плаќа и сите неусогласувања на законите на Балканов. Замисли и затоа сме криви ние.
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Ако е празен од каде најавени покачувања на плати на буџетари, социјална помош и пензии:
http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=63384#.UjqktH-0fnd

Ќе станува уште потешко за водење бизнис во МКД.

Од кредити работат и они. Денеска пак имаат одобрено кредит од некоја Кинеска банка само незнам колкав износ. Тие кредити имаат милионски рати, а тие милионски рати мора граѓаните и фирмите да ги плаќаат. Владата ја бива само за позајмување и трошење ама кога станува збор за враќање на долговите од граѓаните ги црпат парите. Жално!
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Од кредити работат и они. Денеска пак имаат одобрено кредит од некоја Кинеска банка само незнам колкав износ. Тие кредити имаат милионски рати, а тие милионски рати мора граѓаните и фирмите да ги плаќаат. Владата ја бива само за позајмување и трошење ама кога станува збор за враќање на долговите од граѓаните ги црпат парите. Жално!
И тоа има крај. Се има крај.
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
И тоа има крај. Се има крај.

Нормално дека има крај, ќе дојде ден кога државата ќе се испразни скроз а нема да има ни кредити од странство. Неможат народот и фирмите секоја година да плаќаат илјадници евра за лигавештините на Владата, ќе го исцицат народот до дно и после ќе гледаме како ќе почнат да се случуваат други работи. Како и да е ако продолжиме вака не ни претстои светла иднина туку тотален колапс на државата.
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Неможеш да си чист со законите и да сакаш. Од проста причина што се соработува меѓугранично каде владеат други закони. Наплатата во Турција, Албанија и Бугарија е дозволива да биде во кеш, за која само им доставуваш фактура. Нашиот систем не дозволува кеш. Ете ти го првиот судир. Или ќе ги земеш парите за извршената услуга или остави им ги ако не, бидејќи кај нас се против законски тие наплати. Смешно е дури да се зборува во различни системи во кои функцинираме да те мете инспекција како криминалец. Приватниот сектор ги плаќа и сите неусогласувања на законите на Балканов. Замисли и затоа сме криви ние.

Тоа ми беше зборот, некој ако сака да ти најде дека работиш противзаконски ќе ти најде нешто па што сака нека биде... Прочитав пост погоре, ако самите ги кршите законите самите сте си криви... Епа неможе на секоја ебана работа ние да ги кршиме законите...

Или нека постојат ама сите да ги применуваат или нека не постојат ич ! А не некад се признава, некад не, А да тргне инспекција во сите можни дуќани, продавници, бизниси ќе најде барем по една работа што се работи незаконски... Било да се пари на рака , затајување данок и сл...

Стварно е многу тешко да се збори на оваа тема пошто е каша попара... Кога се донесе закон за земјоделците тие што се ситните што чуваат по 2-3 крави дека без сертификат нема да можат млеко да продаваат абе да се згазиш од смеење... Демек тие ќе ги послушаат па нема да продаваат млеко пошто владата така сакала :facepalm:

Има многу вакви работи кои од една страна изгледаат смешни ама кога ќе се погледнат законите кај нас барем кеш на рака е забрането како што кажа ти..
 
Член од
4 септември 2010
Мислења
136
Поени од реакции
32
Не е само Струмица, секаде е истата ситуација. Ова е од овие три дена во Велес:
http://lisica.mk/index.php/veles/glavni-vesti/3432-neizdavale-fiskalni-smetki-ujp-zatvori-21-praven-subjekt.html

Или стварно се нечесни сите во Македонија со мали бизниси или сатарот се мава. Вие размислете што се случува.
Vo Veles parce napravija se ispozatvorija,trafika otvorija kaj mene vo komsii i rabotese samo 3 dena uste cela roba ja nemaa naredeno lugeto i ja mavna inspekcijava :)
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Vo Veles parce napravija se ispozatvorija,trafika otvorija kaj mene vo komsii i rabotese samo 3 dena uste cela roba ja nemaa naredeno lugeto i ja mavna inspekcijava :)
Таман е на 90% невработеност меркава за градов. Плус франкфурт мафија утринава ги сотреа сите до еден, ќе нема ни црни пари, така да Велешани на шкрги.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Златните времиња за отварање бизнис беа пред 15 до 20 години. Приватните фирми се броеја на прсти, затоа одма се знаеше кој плаќа на време кој не, дедеве не постоеше, а и многу други даноци, регулации помалку. На рекет не се ни помислуваше, кражбите беа реткост. Уште имаше и тек тук по некоја непропадната фабрика па колку толку се живуркаше. Али битно сеа некој пробува да не убедува колку сме напреднале и како е супер да се отвори бизнис.
Фирмите со дејност експорт-импорт, да ги паметам тие времиња, скоро секоја будала имаше фирма и се направи голема фама и еуфорија.
Истото се случуваше и со берзата во 2007-2008, кога луѓе ставаат станови под хипотеки за да играат лото на берзата.
Ама и двете еуфории се умрени одамна и тешко дека ќе се направи такво нешто во иднина иако од петни жили не убедуваат
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Нормално дека има крај, ќе дојде ден кога државата ќе се испразни скроз а нема да има ни кредити од странство. Неможат народот и фирмите секоја година да плаќаат илјадници евра за лигавештините на Владата, ќе го исцицат народот до дно и после ќе гледаме како ќе почнат да се случуваат други работи. Како и да е ако продолжиме вака не ни претстои светла иднина туку тотален колапс на државата.
Ќе се снајдат за нови свежи пари. Вака ќе оди до официјалната федерализација на Македонија. После ќе отворат дупла администрација секаде и сами себе си ќе се изедат. Малите бизниси дотогаш ќе се проретчат, ќе остане Ѕинго, Минчо и Фершпед да се прилагодат на новото време и пак по старо. Работи ко вол за слама.
 
W

Werther

Гостин

Добро, барем нема долго да трае таквата ситуација...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom