Бизнис за 2000-3000 евра, Чист неуспех-Предизвик-Успех

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.723
Поени од реакции
6.660
Денеска со посредство на интернетот, оние кои знаат некои софтверски пакети, како и англиски, може прилично успешно да се снајдат на светскиот ИТ пазар. Треба само упорност, знаење, да се загрее малце столчето, минимални вложувања и секако малце среќа, само малце....како прстофат сол што ставате на салатата за да биде повкусна ;). Е сега, можда не се вадат илјадници евра, да се разбереме, не очекувајте дека така ќе ви паѓаат пари од небо, али како дополнителен приход на некоја основна работа со која ќе бидете осигурани и ќе ви тече стаж е и тоа како значајно.

Е сега работата е што ние сме Македонија, па ова овде што го кажувам е уствари екстра работа после стандардно раб време, што значи дека да речеме за 500 евра месечен приход, ќе ви се фатат 50-60 саати работа неделно, додека истите пари, со истата работа во јака странска земја би ги зеле за третина од истото време ;)
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Ве читам и стварно се чудам како може да бидете толку големи песимисти. Толку ли малку оптимизам има во младината па кој и да праша за отворање бизнис со мала сума на пари одма му викате дека нема да успее. И на друга тема кажав и овде ќе кажам и не, не се фалам туку само ви давам до знаење дека никогаш во животот не се знае која е вашата среќна комбинација. И јас почнав бизнис со 4.500 евра пред 5 месеци па еве го фала му на Бога тргна добро и баш пред недела дена ја направивме завршната сметка за фирмата и пописот па се е повеќе од одлично. Ако на почетокот бизнисот ми вредел 4.500 евра со тие пари што сум ги вложил за 5 месеци ми вреди нешто повеќе од 10.000 евра. Значи не е се така црно во животот и во државава. Без ризик нема добивка, ако еднаш пробате и се изгорите тогаш вториот пат ќе пробате нешто друго, нешто поразлично.

Ај кажи сеа колку ти вреди :)
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Ееее... Нејќам за тоа ни муабет да правам. Џабе е...

Не ме сфаќај погрешно, не ти се ситам на маката или нешто, стварно треба да каеш шо како ти се десило, за да си знаат овие паметњаковичи каква е ситуацијава у земјава..
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.028
Поени од реакции
36.206
Не ме сфаќај погрешно, не ти се ситам на маката или нешто, стварно треба да каеш шо како ти се десило, за да си знаат овие паметњаковичи каква е ситуацијава у земјава..

Го рапснаа инспекции нели? Секојдневие , ништо чудно ...

Ситуацијата е до тој степен грозна , што дури почнав да размислувам параноично дека владата намерно ги дава тие пакети од по 3000 евра , за и ти да си додадеш 2-3 па потоа заедно да ти ги земаат сите. Интересно беше пред некој во Куманово бев , на едно зелено пазарче каде што имаше и дуќани инспекции ги чешлаа , па колегите што држаа тезги ги замаваа со патлиџани и зелки , лудница беше. Овие бегаа како англичани од чума. :pos:

Стварно незнам каков човек треба да бидеш за да примиш наредба дека мораш да казнеш некој , да му уништиш се што работил со години , ако сакаш да земаш плата. Искрено ова не би можел да го правам , па нека ми понудат и 50 илади плата.
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Не ме сфаќај погрешно, не ти се ситам на маката или нешто, стварно треба да каеш шо како ти се десило, за да си знаат овие паметњаковичи каква е ситуацијава у земјава..

Имав пишувано за тоа пред некое време, имавме со леандра дискусија околу тоа што како. Неколку страни наназад сигурно стои муабетот, можеш да прочиташ. Одново не ми се пишува.

Го рапснаа инспекции нели? Секојдневие , ништо чудно ...

Ситуацијата е до тој степен грозна , што дури почнав да размислувам параноично дека владата намерно ги дава тие пакети од по 3000 евра , за и ти да си додадеш 2-3 па потоа заедно да ти ги земаат сите. Интересно беше пред некој во Куманово бев , на едно зелено пазарче каде што имаше и дуќани инспекции ги чешлаа , па колегите што држаа тезги ги замаваа со патлиџани и зелки , лудница беше. Овие бегаа како англичани од чума. :pos:

Стварно незнам каков човек треба да бидеш за да примиш наредба дека мораш да казнеш некој , да му уништиш се што работил со години , ако сакаш да земаш плата. Искрено ова не би можел да го правам , па нека ми понудат и 50 илади плата.

Јас си почнав со мои пари да работам, државата не ми даде ништо. Мајка ми и татко ми беа тие што ми помогнаа и ми ги дадоа последните пари за да создадам нешто. На почетокот ми тргна повеќе од одлично и за неколку месеци успеав да ги вратам вложените пари меѓутоа тие не ми ги побараа назад, не сакаа да ги земат. Пред 2-3 месеци ме затепаа инспекции и неможам глава да дигнам. Незнам дали е нивна рутина или некој од конкуренцијата околу мене намерно ме пријавува и се сити на мојата мака само знам дека сум бил слеп и глуп кога ми велеа сите да не си отворам проблеми на главата и да бегам од тука јас се правев патриот и имав надеж дека не е се така црно во државава. Сега сфатив дека сум згрешил многу ама касно е. Државата ме напика толку длабоко во долгови што нема да можам во наредните 5 години глава да дигнам. И вложените пари, и заработените ми ги земаа, плус 2 илјади евра кредит и пак имам долгови. И најлошо од се е што пак неможам да ја затворам фирмата бидејќи плива во долгови а немам доволно пари ни да работам како што треба. Деновиве пак прават патос низ Струмица, чиста среќа што кај мене не се дојдени сеуште ама ги очекувам секој ден, кај и да е ќе ми дојдат пак, си знам. За сите оние што планираат да отворат бизнис во државава а не се политички поврзани ги советувам и ги замолувам да не ја прават истата грешка како мене затоа што може да наебат многу јако. Можеби не веднаш, можеби не за една година, ама кога тогаш ќе ги стигне "државната правда".
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Лион сигурно ќе те прочита на темава.
--- надополнето: 19 септември 2013 во 07:30 ---
Сега ќе те прогласат за Вмровец со партиска книшка, со врски. Зошто човек без партиска книшка не може да успее според нив. Тоа ќе биде мислењето на "експертската" кајгана јавност.:D Не им ја уривај тезата со која си имаат оправдување во животот, нивното алиби за нивната неспособност.:) Несупешните луѓе главна занимација им е наоѓање оправдување, за нив сите се криви само они се прави, и светот се врти околу нив, во никој случај обратно:) Сите чекаат некој друг да ги спаси , државата, пријателот, родителите, општинаата, партијатата , комшијата, роднинатта, другарот итн. Само проблемот е ако ви сами не се спасите никој нема да ве спаси. Тоа е проблемот во Македонија секој чека некој друг да им ја заврши работата.
Икси и мислењево од експертов стави го после твоето. Да стои како доказ за експертиза.
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.028
Поени од реакции
36.206
Јас си почнав со мои пари да работам, државата не ми даде ништо. Мајка ми и татко ми беа тие што ми помогнаа и ми ги дадоа последните пари за да создадам нешто. На почетокот ми тргна повеќе од одлично и за неколку месеци успеав да ги вратам вложените пари меѓутоа тие не ми ги побараа назад, не сакаа да ги земат. Пред 2-3 месеци ме затепаа инспекции и неможам глава да дигнам. Незнам дали е нивна рутина или некој од конкуренцијата околу мене намерно ме пријавува и се сити на мојата мака само знам дека сум бил слеп и глуп кога ми велеа сите да не си отворам проблеми на главата и да бегам од тука јас се правев патриот и имав надеж дека не е се така црно во државава. Сега сфатив дека сум згрешил многу ама касно е. Државата ме напика толку длабоко во долгови што нема да можам во наредните 5 години глава да дигнам. И вложените пари, и заработените ми ги земаа, плус 2 илјади евра кредит и пак имам долгови. И најлошо од се е што пак неможам да ја затворам фирмата бидејќи плива во долгови а немам доволно пари ни да работам како што треба. Деновиве пак прават патос низ Струмица, чиста среќа што кај мене не се дојдени сеуште ама ги очекувам секој ден, кај и да е ќе ми дојдат пак, си знам. За сите оние што планираат да отворат бизнис во државава а не се политички поврзани ги советувам и ги замолувам да не ја прават истата грешка како мене затоа што може да наебат многу јако. Можеби не веднаш, можеби не за една година, ама кога тогаш ќе ги стигне "државната правда".

Знам друже и јас сум од Струмица , и мајками работи во бутик и кога ќе се расчујат гласини дека има инспекции сите се тресат , особено последната недела како само Струмица да е град во Македонија. Но јасно е зошто го прават ова , трн во око ми е Заев. Ако пратиш гледаш дека и на него сакаат да му најдат нешто само колку да билдат политички поени , но најжално е што обичниот народ мора да го јаде за препуцувањата на партиите.

Јас оддамна знам дека секогаш ќе биде вака во Македонија. Сега веќе не сум политички определен , ги мразам сите. Порано веев знамиња и одев по митинзи , но кога видов на какво ниво е паднато достоинството на народот и на што се се спремни за да добијат некое бедно работно место , ми се расипа дигестивниот систем. Нема аир од државата , тоа што го крадат нечесните , ќе биде надоместено од тие што си работаат поштено , а верувај ви ваков систем нема да трае уште долго , на оваа држава црни сценарија и се пишуваат.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
L

Luki Junior

Гостин
Не е само Струмица, секаде е истата ситуација. Ова е од овие три дена во Велес:
http://lisica.mk/index.php/veles/glavni-vesti/3432-neizdavale-fiskalni-smetki-ujp-zatvori-21-praven-subjekt.html

Или стварно се нечесни сите во Македонија со мали бизниси или сатарот се мава. Вие размислете што се случува.
Празен е буџето па од негде требе да го напунат. Оваа година само пред изборите исплатија негде около третина од субвенциите. Другите пари оште се чекат.... :(
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Празен е буџето па од негде требе да го напунат. Оваа година само пред изборите исплатија негде около третина од субвенциите. Другите пари оште се чекат.... :(
Ако е празен од каде најавени покачувања на плати на буџетари, социјална помош и пензии:
http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=63384#.UjqktH-0fnd

Ќе станува уште потешко за водење бизнис во МКД.
 
Такси, казни, инспекции, дерејне на народо...

Интересно ми е по која основа се качуват платите коа реално економијата уопште нема раст (инфлацијата го јаде самио раст).
Или ќе се задужуват, или ќе имат поголеми казни. Или и двете наеднаш...

Ќе има ного повеќе легендарни изјави на Ставрески: Голема чест е да се земе кредит од Дојче Банк со 7 % камата. :D:D

Идат и црни денове за земјоделието. Не се знае тутуно как ќе е оваа година. Зеленчуко и Овошјето оваа лето страшно потфрлија со цени, дериватите и репроматеријалите са со 10-15% поскапи, субвенциите оште ги нема.
Не знам шо направија гестарбајтерите оваа лето, дали са донеселе доволно девизи, или и тава стагнира заради рецесијата по свето.

Накратко да, станува ного тешко да се воде бизнис у Македонија.
 
Со такси и казни таа аждерија неможеш да ја прераниш. Ќе се обратат кај Дојче Дојчиновски повторно. Ништо чудно за некое време и да пуштат нова обврзница.

Оваа најава ја темелат на очекуван раст од 2% годинава. Септември го гледам и сама си се прашувам да не им се измрсат повторно плановите годинава?

Туку друго сакав да кажам од линков. Мерка за финансиска дисциплина ќе воведуваме. Мерката се вика јавно жигосување на фирми кои должат над 5000 евра. Си велам у памет ќе им го накрши. Али 5000 евра за мал бизнис се многу пари, ако некој им должи 4500 евра што ќе им се случи, а при тоа ќе ги банкротира? Ќе ги решат со судството?

Моменатлниот круг го пресметале на 4 месеци долг. Ако немаш капитал под перница, баш се прашувам 4 месеци како ќе ги издржиш. Тој круг го создаде најголемиот работодавец во државата - државните институции. Дали нив ќе ги има на листите за јавно плукање?
Смешно ми е од меркиве, ми иде да се расплачам над вакви мерки. Дефинитивно некој не си ја познава својата економија и како таа дише. Па и нема кој да ја познава кога на сите прво работно искуство им е на државна фотеља. Они не го знаат пулсот на приватниот сектор, они си се филмаат вака теоретски како Лион наш шо си треска глупости, памет си продаваат.
 
TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Вие, со бизнисите, што си патите од инспекции...да ве прашам нешто.

Дали знаете кои закони и правилници ја уредуваат дејноста која ја вршите?
Сте ги прочитале ли?

Бидејќи гледам се жалите од казни, ќе претпоставам дека не.

Сите инспекциски служби се создадени за да проверуваат дали на терен фирмите работат според законите. Доколку фирмата работи како што е пропишано, ниту една инспекција нема основ за казна.

За било која напишана казна од страна на инспекциска служба, криви сме самите ние, а не инспекцијата (или државата или комшијата или конкуренцијата), таа си ја врши работата.
 
SpiderWeb

ја заменува титулата под името во вашите мислења.
Член од
12 мај 2008
Мислења
632
Поени од реакции
622
Осмели се, направи го првиот чекор... И после ова ке ти се случи:

iksimkd, со твојте пари уште 6 месеци ќе ја вртат рекламата за првиот чекор, па некој друг ќе се заеби, па ќе го скинат и него, и тако даље. Поарно во Петрич да го отвореше бизнисот, ако ништо друго може ќе дојдеа од локалните телевизии и ќе те претставеа како странски инвеститор, ќе сечевте ленти :)
 
Kajgana Shop

На врв