Барате некој закон?

Член од
14 јануари 2011
Мислења
74
Поени од реакции
0
Zdravo,
Dali nekoj znae kako se regulirani odnosite EVN -privatna sopstvenost.Znaci situacija :na privaten imot EVN treba da pravi trafostanica za stambeni zgradi, so koj zakon e toa regulirano ?
 
Член од
16 јуни 2012
Мислења
28
Поени од реакции
4
dali nekoj znae so koj zakon e regulirana presmetkata na korisna povrsina te. kvadratura vo stanbeni zgradi, i koi bi bile organi za regulacija na istoto, te dali mozam da prijavam vo inspekcija dokolku se somnevam na izmama ili devijacija pri kupuvanje na obiekt, ili da najmam nekoj da izvrsi officijalna presmeta validna pred drzavata i sud. fala
 
G

Gjoksi

Гостин
dali nekoj znae so koj zakon e regulirana presmetkata na korisna povrsina te. kvadratura vo stanbeni zgradi, i koi bi bile organi za regulacija na istoto, te dali mozam da prijavam vo inspekcija dokolku se somnevam na izmama ili devijacija pri kupuvanje na obiekt, ili da najmam nekoj da izvrsi officijalna presmeta validna pred drzavata i sud. fala
Мислам дека градежната инспекција (или некој друг инспекциски орган) нема надлежност да постапува во твојот случај, иако можеби постои измама за вкупната (корисна) површина на станот. Мерење (пресметка) на површината може да изврши секој геодет од приватно геодетско друштво. Ако пак планираш да поведеш судски спор за сторената измама, сепак најдобро е да се консултираш со адвокат!
 
Член од
7 април 2012
Мислења
961
Поени од реакции
703
Може ли да го постира неко Законот за комисион..никаде не можам да го најдам..
 
G

Gjoksi

Гостин
Може ли да го постира неко Законот за комисион..никаде не можам да го најдам..
Не постои посебен закон за комисион!
Договорот за комисион е регулиран во Законот за облигационите односи:
Глава XXII
КОМИСИОН
Оддел 1
Поим
Член 827

(1) Со договорот за комисион се обврзува комисионерот за надомест (провизија) да изврши од свое име и за сметка на комитентот една или повеќе работи што му ги доверува комитентот.
(2) Комисионерот има право на надомест и кога овој не е договорен.
Примена на правилата за договорот за налог
Член 828

Врз договорот за комисион сообразно се применуваат правилата за налогот, доколку со правилата за комисионот поинаку не е определено.
Склучување работа под услови различни од налогот
Член 829

(1) Ако комисионерот склучил некоја работа под неповолни услови од оние определени со налогот кога тоа не го смеел, должен е да му ја надомести на комитентот разликата, како и причинетата штета.
(2) Во случај од став (1) на овој член, комитентот може да одбие да ја прифати склучената работа под услов за тоа веднаш да го извести комисионерот.
(3) Комитентот го губи тоа право ако комисионерот покаже готовност веднаш да му ја исплати разликата и да му ја надомести причинетата штета.
(4) Ако работата е склучена под поповолни услови од оние определени со налогот, сета така постигната корист му припаѓа на комитентот.
Продажба на стоки на презадолжено лице
Член 830

Комисионерот му одговара на комитентот за штетата ако му продал стоки на лице за чија презадолженост знаел или можел да знае.
Кога самиот комисионер купува стоки од комитентот или му продава свои стоки
Член 831

(1) Комисионерот кому му е доверено да продаде или да купи некои стоки котирани на берзата или на пазарот може, ако му го дозволил комитентот, да ги задржи стоките за себе како купувач, односно да ги испорача како продавач, по цената во време на извршувањето на доверената работа.
(2) Во тој случај меѓу комисионерот и комитентот настапуваат односи од договорот за продажба.
(3) Ако берзанската, односно пазарната цена и цената што ја определил комитентот не се согласуваат, комисионерот продавач има право на помалата од овие две цени, а комисионерот купувач е должен да ја плати поголемата.
Оддел 2
ОБВРСКИ НА КОМИСИОНЕРОТ
Чување и осигурување
Член 832

(1) Комисионерот е должен да ги чува доверените стоки со внимание на добар стопанственик.
(2) Тој одговара и за случајното пропаѓање или оштетување на стоките ако не ги осигурил, а според налогот бил должен тоа да го стори.
Известување за состојбата на примени стоки
Член 833

(1) При преземањето од превозникот на стоките што му ги испратил комитентот, комисионерот е должен да ја утврди нивната состојба и да го извести без одлагање комитентот за денот на пристигнувањето на стоките, како и за видливите оштетувања или кусокот, инаку ќе одговара за штетата што поради тоа пропуштање би настанала за комитентот.
(2) Тој е должен да ги преземе сите потребни мерки заради зачувување на правата на комитентот спрема одговорното лице.
Известување за промените на стоки
Член 834

Комисионерот е должен да го извести комитентот за сите промени на стоките поради кои тие би можеле да загубат од својата вредност, а ако нема време за чекање на неговите упатства или ако тој одолжува со давањето упатства, во случај на опасност од позначително оштетување на стоките, комисионерот е должен да ги продаде на најпогоден начин.
Соопштување на комитентот името на содоговарачот
Член 835

(1) Комисионерот е должен да му соопшти на комитентот со кое лице ја извршил работата што му ја доверил комитентот.
(2) Ова правило не важи во случај на продажба на подвижни предмети која се врши преку комисионите продавници, освен ако поинаку не е договорено.
Полагање сметка
Член 836

(1) Комисионерот е должен да положи сметка за извршената работа без непотребно одлагање.
(2) Тој е должен да му го предаде на комитентот сето што го примил врз основа на работата извршена за негова сметка.
(3) Комисионерот е должен да ги пренесе врз комитентот побарувањата и другите права што ги стекнал спрема третиот со кој ја извршил работата од свое име и за негова сметка.
Делкредере
Член 837

(1) Комисионерот одговара за исполнувањето на обврските на својот содоговарач само ако посебно гарантирал дека тој своите обврски ќе ги исполни (делкредере), во кој случај тој одговара солидарно со него.
(2) Комисионерот кој гарантирал за исполнувањето на обврските на својот содоговорач има право и на посебен надомест (делкредере провизија).
Оддел 3
ОБВРСКИ НА КОМИТЕНТОТ
Надомест (Провизија)
Член 838

(1) Комитентот е должен да му исплати на комисионерот надомест кога ќе биде извршена работата што ја извршил комисионерот, како и ако извршувањето на работата биде спречено од некоја причина за која одговара комитентот.
(2) Во случај на постапно извршување, комисионерот може да бара сразмерен дел од надоместот по секое делумно исполнување.
(3) Ако не дојде до извршување на склучената работа од причини за кои не одговараат ни комисионерот ни комитентот, комисионерот има право на соодветен надомест за својот труд.
(4) Комисионерот што постапил нечесно спрема комитентот нема право на надомест.
Висина на надоместот
Член 839

(1) Ако износот на надоместот не е определен со договор или тарифа на комисионерот му припаѓа надомест според извршената работа и постигнатиот резултат.
(2) Ако во дадениот случај надоместот е несразмерно голем спрема извршената работа и постигнатиот резултат, судот може на барање од комитентот да го намали на справедлив износ.
Надомест на трошоците
Член 840

(1) Комитентот е должен да му ги надомести на комисионерот трошоците што биле потребни за извршување на налогот, со камата од денот кога се направени.
(2) Комитентот е должен да му даде на комисионерот посебен надомест за употребата на неговите складови и транспортни средства, ако тој не е опфатен со надоместот за извршување на работата.
Авансирање пари на комисионерот
Член 841

Ако со договорот за комисион не е определено нешто друго, комитентот не е должен да му авансира на комисионерот потребни средства за извршување на доверената работа.
Оддел 4
ЗАЛОЖНО ПРАВО
Член 842

(1) Комисионерот има право на залог над предметите што се предмет на договорот за комисион додека тие предмети се наоѓаат кај него, или кај некој кој ги држи за него или додека тој има во рацете исправа со помош на која може да располага со нив.
(2) Од вредноста на тие предмети комисионерот може да ги наплати пред другите доверители на комитентот своите побарувања врз основа на сите комисиони работи со комитентот, како и врз основа на заемите и авансите дадени на комитентот, без оглед на тоа дали настанале во врска со тие предмети или со некои други.
(3) Право на првенствена наплата има комисионерот од побарувањата што извршувајќи го налогот, ги стекнал за сметка на комитентот.
Оддел 5
ОДНОСИ СО ТРЕТИ ЛИЦА
Права на комитентот на побарувања од работа со трет
Член 843

(1) Комитентот може да бара исполнување на побарувањата од работата што комисионерот ја склучил со трет за негова сметка дури откако комисионерот ќе му ги отстапи.
(2) Во поглед на односите на комитентот со комисионерот и со неговите доверители, овие побарувања од своето настанување се сметаат како побарување на комитентот.
Ограничување на правата на доверителите на комисионер
Член 844

Доверителите на комисионерот не можат заради наплата на своите побарувања, ни во случај на негов стечај, да преземат мерки на извршување врз правата и предметите што комисионерот, извршувајќи го налогот, ги стекнал од свое име, но за сметка на комитентот, освен ако се работи за побарувања настанати во врска со стекнувањето на тие права и предмети.
Стечај на комисионер
Член 845

(1) Во случај на стечај на комисионер, комитентот може да бара одлачување од стечајната маса на предметите што му ги предал на комисионерот заради продажба за негова сметка, како и на предметите што комисионерот ги набавил за негова сметка.
(2) Во истиот случај комитентот може да бара од третиот кому комисионерот му ги предал предметите, да му ја исплати нивната цена, односно нејзиниот уште неисплатен дел.
 

peter

Петар Пан...
Член од
6 септември 2005
Мислења
636
Поени од реакции
165
Каде може да го најдам најновиот закон за работни односи? Посебно ме интересира делот за годишен одмор за лица кои се со скратено работно време.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.816
Поени од реакции
15.739
dali nekoj znae so koj zakon e regulirana presmetkata na korisna povrsina te. kvadratura vo stanbeni zgradi, i koi bi bile organi za regulacija na istoto, te dali mozam da prijavam vo inspekcija dokolku se somnevam na izmama ili devijacija pri kupuvanje na obiekt, ili da najmam nekoj da izvrsi officijalna presmeta validna pred drzavata i sud. fala
комшијата, градежен инжинер во пензија, ми кажа дека имало случај дури на купувачот да му издадат и неточен елаборат ( со многу големо одстапување од квадратурата), па тој си ангажирал Друг геодет и потоа пријавил во катастар. Но се тоа треба да се праи пред давање на сите пари, т.е. да се бара во договорот да се внесе квадратура од имотен лист (елаборат). Ако нема имотен лист, многу е важно во Солемнизацијата да се внесе одвоено колку е квадратура на станот, колку се помошни простории ...инаку од суд не чекај тука ништо, работата е во договорот да се прецизира и да се прецизира порамнувањето ... најдобро да имаш за доплаќање барем 10-20%, како за доцнење, така и за усогласувањето квадратурата ( од нив не чекај пари назад)... Б.Т.В., мислам имаше во медиумите, оваа првата фабрика во Бунарџик ја имаа нашиве градежници утнато за доста во квадратурата... брука жива беше
 
G

Gjoksi

Гостин
Каде може да го најдам најновиот закон за работни односи? Посебно ме интересира делот за годишен одмор за лица кои се со скратено работно време.
Повели, ПРЕЧИСТЕН ТЕКСТ на законот од Февруари 2014 година, со вметнати ПОСЛЕДНИ измени и дополнувања на Законот!!!
 

Attachments

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
делот од законот за работни односи,каде е објаснето за повреди на работно место,казни,дисциплински постапки,суспензии и сл.
Поточно ме интересира повреда на работа(со лекарска интервениција и лекување-боледување) и осигурање-оштета,судови и сл.
 
Член од
10 февруари 2010
Мислења
92
Поени од реакции
6
Ме интересира колку изнесува празнична дневница, неможам во законот за работни односи да најдам ?
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
3.474
Поени од реакции
4.630
Со кој закон се уредуваат условите и начинот за работее на Трговските Друштва и од која година?????? ВЕ МОЛАМ ИТНО МИ Е...
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
2
Поени од реакции
1
Со кој закон се уредуваат условите и начинот за работее на Трговските Друштва и од која година?????? ВЕ МОЛАМ ИТНО МИ Е...
Регулирано со Закон за трговските друштва СЛВ 28/2004 од 30.04.2004
а потоа следат: 18 измени, дополнувања и одлуки на Управен суд.
Последно Дополнување 27.02.2014
За жал нема званичен пречистен (консолидиран) текст на законот
 
G

Gjoksi

Гостин
Со кој закон се уредуваат условите и начинот за работее на Трговските Друштва и од која година?????? ВЕ МОЛАМ ИТНО МИ Е...
Закон за трговските друштва
Објавен во „Сл. весник на Р.М.“ бр. 28/2004(30.04), 84/2005(03.10), 25/2007(02.03), 87/2008(15.07), 42/2010(26.03), 48/2010(09.04), 24/2011(25.02), 166/2012(26.12), 70/2013(16.05), 119/2013(29.08), 120/2013(30.08), 187/2013(30.12), 38/2014(24.02) и 41/2014(27.02)
Одлуки на Уставен Суд на Р. М. - „Сл. весник на Р.М.“ бр. 71/2006(08.06), 17/2009(05.02), 23/2009(19.02), 8/2011(24.01), 21/2011(21.02)
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Ми треба законот кој вели дека мајки на доенчиња може да имаат скратено работно време од околу 6 часа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom