Барате некој закон?

4NHK0

Јас сум ти батка у суштина многу флексибилен шизик
Член од
9 април 2014
Мислења
1.153
Поени од реакции
846
По 100ти пат ќе прашам и сум 100ти што прашува... Кој е законот за нож во Македонија?
Освен тоа што е ,,забранет'' ништо друго не пишува. Најбитно што закам да знам е должината на сечилото. Бидејќи ако го гледаме постоечкиот ,,закон'' ќе утврдиме дека и ножето од ноктарката или срчката заглавена во ѓонот на чизмите се забранети. Знам дека пред некое време било дозволено 7цм сечило, а сега верувам дека ниту полицајците не знаат. Кој што е 100% сигурен нека врати...ако воопшто има таков.
 
Член од
23 јули 2014
Мислења
2
Поени од реакции
0

spored mene,kakov i da e noz,ako povredis nekoj ke dobies obit ubistvo,a za sekoj slucaj mozes da nosis nos
 
G

Gjoksi

Гостин

http://www.mvr.gov.mk/Uploads/neoficijalen precisten tekst 03.12.13.pdf
„“Ладно оружје“ се сите предмети направени за вршење напад или нанесување на телесна повреда, со употреба на физичка сила на напаѓачот, како и предмети погодни за нанесување телесна повреда кога тие се носат на јавни собири, локали и слични места;“ (ножот е ладно оружје, така?)
„Категорија Д-оружје што е потребно да се пријави и за кое се издава потврда:
1) пневматско оружје со кинетичка енергија помала од 10,5 Ј или со брзина на проектил помала од 200 м/с и калибар до 4.5 мм;
2) оружје со тетива со јачина на натегнувањето до 45 килограми и;
3) ладно оружје.“
И толку, нема други одредби, на пр. колку долго смее да биде сечилото, освен дека треба да го пријавиш.
 
4NHK0

Јас сум ти батка у суштина многу флексибилен шизик
Член од
9 април 2014
Мислења
1.153
Поени од реакции
846
spored mene,kakov i da e noz,ako povredis nekoj ke dobies obit ubistvo,a za sekoj slucaj mozes da nosis nos
А шти правиме ако те претресат? Мене тоа ми е повеќе, да не ми прават проблеми со 6-7цм сечило.[DOUBLEPOST=1406158443][/DOUBLEPOST]
http://www.mvr.gov.mk/Uploads/neoficijalen precisten tekst 03.12.13.pdf
„“Ладно оружје“ се сите предмети направени за вршење напад или нанесување на телесна повреда, со употреба на физичка сила на напаѓачот, како и предмети погодни за нанесување телесна повреда кога тие се носат на јавни собири, локали и слични места;“ (ножот е ладно оружје, така?)
„Категорија Д-оружје што е потребно да се пријави и за кое се издава потврда:
1) пневматско оружје со кинетичка енергија помала од 10,5 Ј или со брзина на проектил помала од 200 м/с и калибар до 4.5 мм;
2) оружје со тетива со јачина на натегнувањето до 45 килограми и;
3) ладно оружје.“
И толку, нема други одредби, на пр. колку долго смее да биде сечилото, освен дека треба да го пријавиш.
Тоа ги имам прочитано, затоа прашувам некој ако знае, таму нема ништо одредено и дефинирано.
 
almostanangel

...за малку =)
Член од
22 декември 2008
Мислења
121
Поени од реакции
13
Прочитав погоре за тоа дали е потребна согласност од родител/старател за лице од 16 години - не треба, треба само за лице до 14 години (малолетно лице). Што тоа би значело, дека некој кој има 17 години на пример не е малолетно лице, и може да патува само, без некаква потврда?

Важи ли таа гранична возраст за секој друг закон поврзан со малолетници, до 14 години? Не ми е јасно...
 
marinium

Even Cops Dial 911 -S.W.A.T !
Член од
5 мај 2013
Мислења
984
Поени од реакции
496
дечки дознав дека имало некој закон сега летово донесен незнам точно за забрана на малелетниците во вмешување и контакт со било какви воени дејствија ...нешто така
 
Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.046
Поени од реакции
17.712
Здраво. Побарав на страната pravo.org.mk, ама не ми излезе ништо. Е сега ме интересира некој правник по можност ако е запознаен со тоа дали во нашето законодавство има закон за уредување на меѓународни трансакции?
 
Не знам што поконкретно ти треба, меѓутоа најдобро да провериш во некој од овие 3 закони:

Закон за платниот промет
http://www.nbrm.mk/WBStorage/Files/WebBuilder_Zakon_za_platniot_promet_SVnaRM170_2013.pdf

Закон за девизно работење
http://www.nbrm.mk/WBStorage/Files/WebBuilder_Zakon_za_devizno_rabotenje_SVnaRM188_2013.pdf

Закон за вршење на услуги брз трансфер на пари
http://www.nbrm.mk/WBStorage/Files/WebBuilder_Zakon_zabrztransfernapari_precistentekst.pdf
 
Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.494
Дечки, дали знаете дали има закон што го уредува работењето односно дејноста на „тезга-бендовите“ во кафиќите? Во поглед на авторски права, данок на добивка , дали треба фирма да се регистрира и така натаму
 
Член од
19 јули 2012
Мислења
103
Поени од реакции
67
Ме интересира каде може да прочитам и што кажува законот за интернет рекламирање/огласување/продавање на одредени производи. Дали постои забрана нешто да се рекламира/продава на интернет? Пр. оружје, тутунски производи, лекови.

Ако некој знае или може да ме упати би ми било од голема помош.
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.864
Поени од реакции
34.909
Како функционира сега овој закон да неможеш да отвараш бизнис на домашна адреса? .. Дали јас еве на пример под куќата ако имам деловен простор , неможам да го користам како место за отварање на продавница?
 
Dr.House

Аудиофил
Член од
18 февруари 2010
Мислења
2.546
Поени од реакции
3.845
Денеска во Окта ми наполнија погрешен гориво од пумпата, иако пишуваше дизел на пумпата(колата ми корсти дизел). Наполнето беше бензин во колата кај мене и уште кај 5-10 муштерии истото се случи. Колата застана после 200 метри, а на повеќето други коли застанаа после првите 10м. Сметката ја чувам, ми кажаа дека ќе ми надокнадад гориво и дизел пумпата ќе се среди и другите оштетени делови, дури и дека можеби моторот ќе се смени или нова кола ќе добијам(за ова последново верувам дека ми го кажаа да се откачат). Сакам да прашам дали можам да ги тужам и за што, и што реално да очекувам дека претпоставувам дека колата нема да ја имам барем една недела и под услов кога ќе ми ја вратат не сум сигурен дали колата ќе биде исправна како што беше предтоа.
Значи прашањето ми е што може да се превземе и како да ги исцедам максимално копилињата скапани од Окта? :mad::mad::mad::mad::mad:
 
Уфф штета што си ја запалил , вака ќе се испереше само резервоарот за 2000 ден и ќе немаше никаква штета. Штедат на мотори за пумпање гориво , и сигурно бил двонасочен мотор за пумпање на горивото , и дефектот е во пренасочувањето. Сигурно заглавил на бензин и така останал.

Не сум правник , али како што спомна горе не било само на тебе , така да ако се договорите може да покренете заедничка тужба. Дефектот е на фирмата па одтука и одговорноста , али чим се согласиле да ви исплатат штети мислам дека би ти било подобро да прифатиш , зошто Окта сепак е јака фирма и сигурно има еден куп адвокати кои ќе го влечат случајот со месеци , можда и година. Нека ти ја средат колата , нека ти надокнадат гориво и тоа е , поарно 10тина дена без кола отколку да се влечкаш по судови и да ти одзима и нерви и време.
 
Види проблемот беше што ставаше од рачка каде што пишува дизел а течеше бензин не само кај мене кај сите. Во големиот резервоар било наполнето бензин место дизел. За поправање ќе ја поправат ама нема да биде со нови делови и нема да биде тоа што било предтоа. Сакам да се тужам ако треба само ме интересира дали ќе биде исплатливо дека ме сечат од работа и од факс. Сакам да ги исцедам колку можам дека вакво нешто не се десило до сега никогаш колку што знам.
 
Yugo

Law rules
Член од
12 декември 2005
Мислења
8.251
Поени од реакции
28
Денеска во Окта ми наполнија погрешен гориво од пумпата, иако пишуваше дизел на пумпата(колата ми корсти дизел). Наполнето беше бензин во колата кај мене и уште кај 5-10 муштерии истото се случи. Колата застана после 200 метри, а на повеќето други коли застанаа после првите 10м. Сметката ја чувам, ми кажаа дека ќе ми надокнадад гориво и дизел пумпата ќе се среди и другите оштетени делови, дури и дека можеби моторот ќе се смени или нова кола ќе добијам(за ова последново верувам дека ми го кажаа да се откачат). Сакам да прашам дали можам да ги тужам и за што, и што реално да очекувам дека претпоставувам дека колата нема да ја имам барем една недела и под услов кога ќе ми ја вратат не сум сигурен дали колата ќе биде исправна како што беше предтоа.
Значи прашањето ми е што може да се превземе и како да ги исцедам максимално копилињата скапани од Окта? :mad::mad::mad::mad::mad:
Друже, за тужење можеш да ги тужиш... Само ќе треба да најдеш некој добар адвокат да им ги извлече парите... а ќе земеш многу, ако докажеш дека со колата која по нивна вина ти ја расипале имаш изгубено било каква корист (материјална или нематеријална), со што ќе бараш да ти ја направат во овластен сервис каде што имаш оригинал делови за марката и моделот на колата. Така да обрати се до некој подобар адвокат и уживај си :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom