Ај сеа признајте си...

Член од
21 август 2010
Мислења
209
Поени од реакции
7
Хахаха Леле значи како се изнасмеав. Секоја чест за искренoста
Инаку јас сум 2 пати шлапната по газот, а еднаш навредена ;) Бев и уште сум многу разгалена ама ете овие 3 дешавки се издвојуваат.
Првиот пат беше кога негде на 5 години ја барав сестра ми која отиде во продавница преку главна (и бајаги прометна) улица. Си поминав јас фино поштено, ама другарчињава мои ме накодошиле дома и мајка ми таква вознемирена ме шлапна еднаш. Не ме здоболе беше онака лагано, ама ја постигна целта.
Вториот пат беше кај мене дома, славевме нешто, знам имаше полно луѓе, а јас со другарка ми и братучетка ми на сред соба имавме растурено детска пошта, и имавме обичај да ги измешаме сите ливчиња и на крај да ги делиме подеднакво без разлика кој колку имаше претходно. И така мене ме удри нервоза, кај увек јас имав најмногу а секад ги делев па и имав најубави а мене ми се паднаа дупликати, почнавме да се караме онака сериозно и пошто гостиве сите се збунија, мајка ми ме одвлечка во соба и сите мои ливчиња им ги даде на тие двете :jaj:. Ми беше мнооогу криво, ама утредента ми купи пак.
Третото кога ја изнервирав најмногу и убаво ме шлапна по гз беше еднаш кога и се јавија дека треба да оди по роба (беше стигната на граница, ако памтам добро) и брзаше. Прво требаше да отиде кај една пријателка пошто заедничка беше робата па да одат заедно. И јас така пред да тргне се утепав од плачење да одам со неа. И го кренав притисокот и ај што ќе ми прави ме зема со неа. Арно ама планот и бил да ме остави да си играм со ќерка и на пријателката, а тоа ми го соопшти кога стигнавме таму. Сега почнав да плачам пак дека сакам со неа, а пошто многу нормално не можеше да ме земе со неа и покрај тоа што каснеше ми ја шлакна една добра по гзов и ме врати дома

--- надополнето ---

Инаку не ме караа никогаш кога ќе натепав некого ( а тепав многу) зашто никогаш не се закачав прва ама кој ќе ме закачнеше си го јадеше. Нормално ми доаѓаа на врата ама јас прва бегав дома, ќе и кажев на мајка ми и ќе се скриев да не случајно влезат тие, да ме најдат и да ме натепаат :pos2:
 
Член од
23 август 2010
Мислења
32
Поени од реакции
1
пред 3години и викав на мајка ми дека сум посвоена и нејќам да живеам со нив и добар "Ќотек изедов" :pos2:
 

BakoMevmedoski

Немирен
Член од
30 септември 2009
Мислења
525
Поени од реакции
55
Таткоми не помнам да кренал рака на мене.
Мајками ме има тепано многу, Ме има Бркано со Коприви, Ме има тепано и со Сукало Ама сето тоа беше кога бев мал од некаде од 5 до 12 години ја трпев сега не ја оставам да ме тепа само се штитам.
Причина за секое Тепање беше не согласувањето меѓу мене и неа, а тоа со сукало го добив затоа што у основно мислам 6 одд беше претепав едно глупаво девојче од мојот клас бидејки се жалаше на професорот дека сум и досадувал а ја врска немав дека и направив нешто ја направив Синила да незнае кај да се држи :).
 
Член од
31 октомври 2010
Мислења
338
Поени од реакции
58
Моите два ќотеци кога растев беа опасни и по мене и по родителите.

Се варосуваше дома имав 5 годинки и сакав и јас да мачкам по ѕидот. Сите нервозни, татко ми зема една пушка пластична и ме плесна по задникот. Се онесвестив, веројатно од миризбата и стравот од ударот, ме свестувале неколку часа, мислеле дека ќе ме изгубат.

Вториот беше кога бев седмо одделение, носев вода по скали и се лизнав, но водата не се истури на скалите туку се шлапна назад во легенот во кој ја носев. Мајка ми мислеше дека ја излажав и со ѓезве сакаше да ме акне по гава, јас ја ставив раката и таа ми го скрши прстот со ѓезвето, ѓезвето остана искривено, а и прстотј ми е криво зараснат и со здравје си го носам до денес.

Имаше обид за ќотек кога пораснав, не ми веруваа дека немам дечко и мислеа дека мојот најдобар другар кој е тоа и до ден денес ми е дечко, па за малку ќе си го добиев кога негирав. Но, вистината е посилна за мене од ќефот на било кој. Нема да го слушнат она што очекуваат туку она што е вистина.

Пробемот е во мојата индиферентност кон напади што иритира. Самата моја појава и незаинтересираност предизвикува насилство од неурамнотежени личности, па научив да ги препознавам и да ги елиминирам од мојот круг.
 
Член од
14 август 2010
Мислења
5.507
Поени од реакции
5.818
Јас се сеќавам на ќотек што го добив од баба ми. Кога имав 5 год, беше лето, заедно со братучетка ми отидовме кај наша братучетка, и фативме да се прскаме со вода, а баба и на братучетката чуваше пилиња и ние ги извадивме, фаќавме и ги изводенивме и нив. Лом во дворот направивме,од што се наводенивме само гаќите останаа на нас. Кутри пилиња што претрпеа од нас. Знам едно дури и пцовиса. Кога дојдоа во дворот нашите две баби, изнервирани еден добар ќутек ни удрија.:)

Еднаш сите три се заклучивме во спалната на вториот спрат од куќата и фативме да скокаме, изгледа беше викенд и мајките ни беа дома. Кога видоа кај сме, ни викаа од надвор да слеземе. Aма ние се израдувавме дека нема ништо да ни направат зашто го имавме клучот:). Но, знаевме да ја заклучиме вратата, а кога пробавме да излеземе не можевме да ја отклучиме, тогаш им го фрливме клучот одозгора и кога отклучија си добивме ќутек и од нив :)
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
945
Поени од реакции
1.196
Прв ќотек што го памтам е од мајка ми.Зедов со ножот да го испробувам мојот талент за "резбање",бидна шо бидна ја декорирав терасната вратата.Се ќе беше ОК ако дедо ми ги санираше дупките пред да се врати мајка ми од на работа.И потоа следеше добар ќотек,а богами ја почустував и дрвената лажица по грбот.Не се каам за ќотекот туку за тоа што поради него изгубив желба за резбање :pos2:
 

Anne.

~ Happiness In Slavery.
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.284
Бев палаво дете така да често ме плескаа по газето, ама еден ќотек никогаш нема да го заборавам. Мислам дека бев 4то одделение, и ептен ја навредив мајка ми. Кога ме докачи жената ми се чини дека не гледаше кај удира. Од тогаш изгледа ептен пазам да не навредам некого, ама од тогаш изгледа и мразам и плавуши:pos:
Шала на страна, заслужено си беше, а богами и запаметено :)
 

bonbon4e

100% крејзи :P
Член од
4 септември 2010
Мислења
226
Поени од реакции
17
Секој ден се тепаме со брат ми. :duel:
Не не раскачува никој. Затоа што никој не е присутен. Идеме до крај. Не смеам да кажам на родителите затоа што јас како поголема треба да ја контролирам ситуацијата и секогаш јас сум виновна. А несмеам ниту да го повредам затоа што ќе појде кај нив плачејки и пак јас виновна. :toe:

Завршуваме така што ќе избегам и по 5 мин. се враќам. Или така што тој ќе појде глумејќи кај родителите и мене ќе ми викаат.

А да. Јас се закачувам. Не се трпи кога ме нервира и ми доаѓа да се тепам :pos2::smir:
 
Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
Секој ден се тепаме со брат ми. :duel:
Не не раскачува никој. Затоа што никој не е присутен. Идеме до крај. Не смеам да кажам на родителите затоа што јас како поголема треба да ја контролирам ситуацијата и секогаш јас сум виновна. А несмеам ниту да го повредам затоа што ќе појде кај нив плачејки и пак јас виновна. :toe:

Завршуваме така што ќе избегам и по 5 мин. се враќам. Или така што тој ќе појде глумејќи кај родителите и мене ќе ми викаат.

А да. Јас се закачувам. Не се трпи кога ме нервира и ми доаѓа да се тепам :pos2::smir:

Брат ти е по:kickbox:мал од тебе нели?
 

Rabrobil

Seduce and Destroy
Член од
1 јули 2010
Мислења
886
Поени од реакции
294
Уфф пред некој ден брат ми (помал од мене 9ипол 10 год) седиме у соба и нешо почнуваме да се рчкаме и нешто го здивив и будалата ко што седеше на биро до него стаклена чаша фрлање накај мене ја се тргам (среќа) чашата у ѕид и цело стакло на кревет ее тогаш беше меераци викање ја мајками :pipi: а и таа беше нешто изнервирана коа го фати уф уф едно 10 минути добар ќутек падна брат ми рика ја се смеам ама после коа дое татко ми фатија мене да ми се дерат пошто ја сум бил иницијатор на целава дешавка али јебига.. :D
 
Член од
20 јануари 2012
Мислења
65
Поени од реакции
16
Ja dobiev samar od brat mideka i terav inaet na majka mi i pregovarav,vtora slucka dobiv samar od majka mi nesto za mackata bese,ne mi teknuva sto ama ja prodadovme pred nekoj den i treta slucka ednas dobiv samar od tatko mi ama ne mi teknuva za sto
 
Член од
3 февруари 2012
Мислења
24
Поени од реакции
3
Шамари највише имам добивано од мајка ми а од татко ми еднаш ама тој ќе го памтам заувек.
Еднаш у прво одделение си возев точак и меѓу коли као што си поминував му го собрав на комшијата петровизорот а тој да ме видел и одмана врата се појави тогаш татко ми кога ми залепи една убава калап ми остана и така одев со црвен образ цела недела а имам праено и други глупости ама сеа ич не ми текнува... :)
 
Член од
3 октомври 2011
Мислења
167
Поени од реакции
78
Не памтам некогаш да сум изела онака добар ќотек, мајка ми често ме шлакаше, ама врв на се беше еднаш кога таа не беше дома а јас и сестра ми се заинативме нешто и се караме, се дереме на цел глас. Мајка ми не чула уште од далеку и ја гледам едно време влегува дома мртва сериозна со чадор во раката :eek:. Што и се нашло при рака тоа. Сестра ми избега веднаш, а јас си го добив затоа што многу и се смеев кога ја видов со чадорот:pos:

И со сестра ми често се тепавме, дека она помала грев ми беше да ја тепам, а она идиотка ми ја земаше главата и ми ја трескаше од зид :pos:. Друг пат пак за време на карање, не и дадов да ме удри и незнаеше што да прави па го отвори прозорецот и почна да вика на цел глас, дада е глупачка!!! :facepalm:
 
Член од
27 март 2011
Мислења
347
Поени од реакции
150
тоа со сукало го добив затоа што у основно мислам 6 одд беше претепав едно глупаво девојче од мојот клас бидејки се жалаше на професорот дека сум и досадувал
so zenite samo strogo:)
--- надополнето: 14 март 2012 во 01:13 ---
Не памтам некогаш да сум изела онака добар ќотек, мајка ми често ме шлакаше, ама врв на се беше еднаш кога таа не беше дома а јас и сестра ми се заинативме нешто и се караме, се дереме на цел глас. Мајка ми не чула уште од далеку и ја гледам едно време влегува дома мртва сериозна со чадор во раката :eek:. Што и се нашло при рака тоа. Сестра ми избега веднаш, а јас си го добив затоа што многу и се смеев кога ја видов со чадорот:pos:

И со сестра ми често се тепавме, дека она помала грев ми беше да ја тепам, а она идиотка ми ја земаше главата и ми ја трескаше од зид :pos:. Друг пат пак за време на карање, не и дадов да ме удри и незнаеше што да прави па го отвори прозорецот и почна да вика на цел глас, дада е глупачка!!! :facepalm:
kretenizam i renesansa se lugeto
 

Kajgana Shop

На врв Bottom