eve sto mojata firma mi vika za Makedonija koga treba da si dojdam doma
Кажи и` на твојата фирма да направи целосна генералка на персоналот кој работи во одделот за совети за патување во странство, или да си ги скрати трајно маките и нека го затвори трајно тој оддел.
Водата за пиење не е здрава во подрачјата опфатени со поплавите, во Тетово од секогаш била нездрава, а не е здрава за пиење ниту во Миладиновци и останатите села во близина на ОКТА.
Во сите други населени места водата е чиста и безбедна за пиење, освен ако властите ептен добро ги прикриваат реалните факти за биохемискиот состав на водата и за нејзиниот реален квалитет.
Кога сме кај дијареата, и на мене ми се случува тоа секогаш кога патувам од еден во друг град, но не е ништо ново, бидејќи се случува насекаде низ светот кога се патува од едно населено место кое користи вода од извор на една надморска височина, во друго населено место кое користи вода од извор на друга надморска височина.
Ако инфекциските болести доминираа во Македонија, неразбирливо е како досега не прогласија епидемија, ако не од владата, тогаш од Светската Здравствена Организација.
Од целиот извештај, 70% се чисти глупости непоткрепени со конкретни факти.
Во останатите 30% од извештајот, точни се тврдењата за здравствениот систем, кој од година во година оди само кон полошо. Точни се тврдењата за вакцинацијата, но спомнатите болести се присутни во речиси сите држави низ северната хемисфера, со можен исклучок на најсеверните држави. Точни се тврдењата за локалните џепароши, но истите се присутни во речиси секоја држава низ светот, тешко се наоѓаат држави во кои нема луѓе кои сакаат лесна пара.
Се на се, извештајот е чиста колекција на глупости, со ретки вистини кои не се вистини само за Македонија, туку и за остатокот од светот. Лично ме изненадува како не спомнале дека во Македонија има опасност и од загинување во сообраќајни несреќи - нешто што е секојдневие низ целиот свет. За волја на вистината, имаат спомнато дека патиштата се застарени, но очигледно и во остатокот од светот патиштата не се баш за пофалба ако се земат во предвид сообраќајните несреќи на истите тие патишта.