Ај и јас да се уклопам у муабетов.
Студент сум на стоматологија, средно завршив фармација. 3 години веќе учам германски, па летово се решив парите наместо за одмор да си ги дадам за курс по германски во Германија. Веќе подолго време целам кон тоа таму да се префрлам на факултет и таму да си ги завшам студиите. Тешко е, затоа што бараат С2 ниво, но возможно е, сите предмети се признаени, јазикот е најголем проблем.
На неколку наврати пробав овде да волонтирам, значи ДА ВОЛОНТИРАМ!!! Одгововорот беше: „Немаме време девојче, а и вие студентите само сметате во сала“, или пак воопшто немаше одговор - лупање врата, онака дрско. Пратив на неколку места CV-а, за мизерна плата, пошо сум студент, па да си закрпам некои трошкови. Од тие неколку CV-а, едно пратив во Германија. Само од Германија добив повратен одгворов, на нашиве изгледа им е испод честа да ми одговорат, јер студент ваљда! ОСТВАРУВАМЕ нели? Пред два дена го имав првото интервју за работа, преку скајп, на германски. Работодавецот беше задоволен ... јас од него премногу. Разговарав со прав Германец, не со Балканец. Ми беше понудена солидна плата ко за почеток. Тоа ми е и целта колку да си го закрпам курсот и после да си терам даље, ако имам среќа, јбга.
На татко ми кога му кажав, занеме, очине му се насолзија, ама ништо не кажа. Страв му е, знам, ама не вика не. Душава ми се кине и мене, два дена око не можам да склопам, ама овде ко лајно да ме третираат нема да си дозволам!
А за Грујчињава шо коментираат погоре ... Шо ви е бе сонциња? При свест ли сте?
Мојот коментар можеби ќе ти делува суров, но сепак е реалистичен.
Не само како лекарка, туку и како човечко суштество, несомнено го знаеш едно од златните правила на природата, кое гласи:
Децата речиси секогаш ги надживуваат и ги погребуваат сопствените родители.
Од тука следува заклучокот дека твојот избор е едноставен:
1. Можеш да останеш за да бидеш блиску до родителите и семејството, но кога повеќе нема да бидат меѓу живите - извини бидејќи делувам вака сурово - ќе се погледнеш во огледало и ќе видиш што си постигнала додека родителите ти биле живи, а што се си можела да постигнеш ако си заминела во странство во потрага по подобар живот и огромни се шансите да ти биде криво бидејќи си пропуштила ваква шанса;
или
2. Можеш да заминеш во странство во потрага по подобар живот и да ги посетуваш родителите секогаш кога ќе имаш слободно време, а благодарејќи на Интернетот, секој ден можеш да одржуваш редовен аудиовизуелен контакт со нив, а твоите родители сигурно ќе бидат пресреќни кога ќе видат како напредуваш, без разлика дали напредуваш во или надвор од Македонија.
Доколку веќе ги имаш решено прашањата за работничка виза, за сместување и кирија, за студиите, за секојдневните трошоци и за месечните сметки, и доколку сите овие трошоци можат да ти бидат покриени од платата што ќе ја примаш во Германија или во било која друга држава, само напред - искористи ја шансата што ти се нуди, бидејќи можеби нема повторно да ти се понуди ваква шанса.
Секако дека е тешко за родителите да живеат оддалечени од сопствените деца, особено бидејќи нашите родители се родени и израснати во Народна/Социјалистичка Република Македонија, која била дел од СФР Југославија - држава во која имале многу повеќе и многу поголеми можности од можностите кои ги имаме ние денес во денешна Република Македонија.
Се соочуваат со нова сурова реалност - дека сите сме оставени сами на себеси, во држава комплетно поинаква од таа која постоеше се до 8 септември 1991, држава која последниве повеќе од 5 години се обидува да им се продаде на странските профитери како даночен и профитерски рај со евтина работна сила, а во таква држава нема место за високообразовани личности кои сакаат да напредуваат и да примаат плати кои ќе бидат задоволителни не само за нивните најосновни потреби, туку и за да можат да остварат и класен напредок, односно од сиромаштија да напредуваат во средна класа - а во вакви околности, нашите родители не успеваат да најдат излез од ваквата сурова реалност.
Но во едно можеш да бидеш 100% сигурна - твоите родители, колку и да им е тешко да живеат оддалечени од тебе, сепак ќе бидат среќни знаејќи дека напредуваш, примаш плата не само за живот, туку и за трошење, и дека си задоволна од својата работа и својот работодавач.
Со тек на време ќе можеш да заштедиш доволно пари за да те посетат родителите во Германија, со македонски пасош можат да останат во туристичка посета дури 3 месеци во текот на годината без виза. Германија не е од другата страна на Атлантскиот Океан како САД и Канада, или уште полошо, од другата страна на планетата како Австралија и Нов Зеланд. Oсвен преку воздушен превоз, односно со авион, може и преку копнен превоз, односно со автомобил, со автобус и со воз да се пристигне од Македонија до Германија и назад, а ќе можеш и да дојдеш да ги посетиш нив во Македонија секој пат кога ќе бидеш слободна и со тоа ќе бидете подеднакво задоволни и среќни.
Батали ја - но за памет не ја заборавај - татковината која ги остава сопствените деца на милост и немилост на околностите, таква татковина не го заслужува ни твојот измет, а камо ли па твојата жртва за нејзиниот корумпиран здравствен систем или за, не дај Боже, во случај на војна да ги лекуваш наивните бранители кои не знаат или намерно игнорираат како завршија нивните претходници од војната во 2001 година.
И батали го - но за памет не го заборавај - тоа традиционалното македонско трпение-спасение, тоа е наменето за тие кои не сакаат да излезат надвор од сопствената психолошка ќелија која тие самите ја создале по своја волја и во која тие самите своеволно се затвориле.