Можеби тоа им е целта, но родителите, браќата и сестрите на помладите нема вечно да бидат меѓу живите, порано или подоцна македонските граѓани кои живеат и работат во странство, ќе останат без свои роднини во Македонија и ќе немаат на кого да му праќаат пари.јас мислам дека на владеачката класа и одговара што повеќе луѓе да заминат во странство, бидејќи од парите што ги праќаат дома на своите, Макеоднија живее. Едноставна логика, што повеќе луѓе надвор, повеќе дознаки, подобра економска состојба. секако дека не се сите за странство, некој може добро да се снајде и дома. Баш би сакал да знам колку албанци а колку македонци заминуваат надвор.
Мислиш дека им одговара на тие што имаат пари (па и тие од власта), децата да им ги лечат неписмени доктори ?јас мислам дека на владеачката класа и одговара што повеќе луѓе да заминат во странство, бидејќи од парите што ги праќаат дома на своите, Макеоднија живее. Едноставна логика, што повеќе луѓе надвор, повеќе дознаки, подобра економска состојба. секако дека не се сите за странство, некој може добро да се снајде и дома. Баш би сакал да знам колку албанци а колку македонци заминуваат надвор.
Богатите и тие од власта сепак можат да си дозволат лекување во странство, па затоа и не им е гајле како ни е на нас, обичните смртници.Мислиш дека им одговара на тие што имаат пари (па и тие од власта), децата да им ги лечат неписмени доктори ?
Да ќе кажеш имаат пари ќе платат, ама проблемот не е во парите, во стручноста е. Замисли да треба авион да фатиш за Германија, да ти кажат дадат вистинска дијагноза за детето, да речеме сипаници или некоја болест што татко му ја прележал на времето (т.е комунистичкото).
Моменталната ситуација не е толку алармантна, но за да стане некој добар доктор треба време и амбиција. Сите амбициозни доктори ќе поседат во Македонија, ќе видат колку е саат и ќе летнат во друга држава, а сигурно и помалку амбициозните ќе го направат тоа.
Ќе останат тука лекарите на кои не им се работи, едвај чекаат да помине денот и со препишување и врски го завршиле факултетот, а тие не можат да те излечат ниту за сите пари на светот, може само да те умрат што побрзо.
Да тука во право си, но има работи за која е битна итност, како на пример, качена температура, срцев удар и слични итни случаи.Богатите и тие од власта сепак можат да си дозволат лекување во странство, па затоа и не им е гајле како ни е на нас, обичните смртници.
Точно, но и во Македонија сепак има лекари кои се подготвени за сериозни ризици - вистински лекари кои си ја знаат работата, а не верувам дека се вработени во државните здравствени институции.Да тука во право си, но има работи за која е битна итност, како на пример, качена температура, срцев удар и слични итни случаи.
Мислиш дека богатите што имаат пари ќе палат авион до Германија за температура и слични заебанции ?
Поарно да се преселат да живеат во Германија отколку тука. Да за рак, туберкулоза и болести за кои не е потребна голема итност (да речеме реагирање во неколку часа) не е проблем да си дозволат лекување во странство.
Пример ти е лажната лекарка од Кавадарци, која го усмрти детето со грешка превенција (а тоа само се онесвестило на ракометен натпревар) и колку што знаеме не е заглавена во затвор, а за некоја година пак ќе биде вработена како лекар.
Имаше Балашевич една песна напишана уште во времето на Милошевиќ вика ,, Путници за Сиднеј, ајмо, излаз тај и тај,,. Е така и ова денешницава.
Bas takov kadar sto i kaj nas go nema ili ubrzano go snemuva so odenjeto na starite vo penzija, ili gi ima ama samo so list toaletna hartija takozvan diploma i so mozok od vrapce.Pабота во Шведска, Норвешка и Германија веднаш без Бугарски пасош
Конечно, Македонците без Бугарски пасош можат да работат во Норвешка, Шведска и Германија. Со посета на сајтот, ec.europa.eu/eures, можете да најдете вработување на еден од огласите кои се објавени.
За да се замине во Шведска, потребен е само пасош, а останатите услови се договараат со работодавецот. Според претставникот на Шведската амбасада во Хрватска, за во скандинавската земја не постои иселеничка виза. Доволно е само еден член од семејството да најде работа и потоа може да ги повлече и останатите членови.
Речиси идентично е и заминувањето во Норвешка. Таму се работи 7,5 часа дневно, а работниците добиваат 30 дена одмор. www.jobboerse.arbeitsagentur.de. Ова е веб страната за работа во Германија.
Во продолжение дефицитарните кадри во овие земји
Германија: ИТ, Машински инженери, Електорничар, Електричар, Електроинсталатер, Водоинсталатер, Лекар, Медицински сестри и Негуватели на стари луѓе и болни деца
Шведска: Стоматолози, книговодители, Кувари, Пекари, Молери, Градежни техничари и инженери, Електроинженери, ИТ Сектор
Норвешка: Кувари, Пекари, Градежни техничари и инженери, Медициснки сестри и лекари.
http://studenti.inf.mk/?p=1200
Ако ти не се гледаш во листата на професии, како продавач на половни возила, кој избегнува плаќање на данок, не значи дека другите не се гледаатBas takov kadar sto i kaj nas go nema ili ubrzano go snemuva so odenjeto na starite vo penzija, ili gi ima ama samo so list toaletna hartija takozvan diploma i so mozok od vrapce.
Eve vo Svedska trazat knigovoditeli, spas za stotinata iljadi diplomirani makedonski ekonomisti. Hihi.
Inaku nekoj od vas se gleda vo nekoja od navedenive profesii? Aj da pogodam, nema nikoj takov?
Валче ајде нели купи диплома од факс?Bas takov kadar sto i kaj nas go nema ili ubrzano go snemuva so odenjeto na starite vo penzija, ili gi ima ama samo so list toaletna hartija takozvan diploma i so mozok od vrapce.
Eve vo Svedska trazat knigovoditeli, spas za stotinata iljadi diplomirani makedonski ekonomisti. Hihi.
Inaku nekoj od vas se gleda vo nekoja od navedenive profesii? Aj da pogodam, nema nikoj takov?
- КУМАНОВО
15%
Помал број има, на пример, во Липково каде што годинава во прво одделение во основните училиштата се запишани 300 деца, што е 70 деца помалку во однос на лани (23%). Причината за намалувањето веројатно треба да се бара во големата емиграција од овој крај, но и во намалениот наталитет.
- Родителите се иселуваат во странство и ги носат децата со себе. Најголем број првачиња има во Матејче и во Слупчане, и тоа околу 65, а најмалку во Лојане и во Ваксинце, каде има по 25 деца. Вкупно 300 деца се запишани во шест централни и неколку подрачни училишта, а некои од наставниците треба да заминат во пензија, со што автоматски се намалува и бројот на паралелките - вели Џевдет Рахмани, одговорен за образование во Општина Липково.
- КИЧЕВО
Во Кичево се помалку Албанчиња во прво оделение
Бројот на првачињата во Кичево постојано се намалува, пишува порталот Плусинфо. Печалбарите сè почесто си ги земаат и нивните деца во странство, па бројот на учениците низ училиштата од година во година станува сè помал.
– Во минатото, албанските ученици беа најмалку 30 отсто повеќе од бројот на македонските ученици, заедно со Турците и со Ромите. Сега речиси нема разлика. Бројот на албанските ученици што се запишани оваа година во прво одделение е околу 180 ученици колку што е и бројот на македонските ученици заедно со Турците и со Ромите – вели Нуредин Асани, соработник на Секторот за образование во Општина Кичево.
Основното училиште „Реџо Рушит Зајази“ некогаш беше училиште со најголем број ученици во Кичево и во околината, но последниве години не е така.
– Во последните пет години намалувањето на бројот на учениците се стабилизира, но бројот пак е мал. Од 135 ученици што се на списокот, само околу 50 од нив се запишани во прво одделение, што значи дека две третини од нив не живеат овде, туку во странство. Ова е загрижувачки – вели директорот на ОУ „Реџо Рушит Зајази“, Сулејман Дервиши.
- ПРИЛЕП
Бројот на првачиња во Прилеп е во постојано опаѓање. Пред почетокот на оваа учебна година се запишале само 790 ученици. Лани беа запишани 830, а претходните години за дваесетина повеќе првачиња.
- КРИВА ПАЛАНКА
Од денеска во училишните клупи во Kрива Паланка ќе има 11 првачиња помалку од лани или запишани се само 149 деца.
- ДЕБАР
Во трите основни училишта во општина Дебар, две во градот и едно во село Долно Косоврасти, денеска во школските клупи седнаа 223 првачиња.
Од вкупниот број првачиња, 108 се за настава на македонски јазик. Од нив, 73 се во ОУ „Ристе Ристевски“ во село Долно Косоврасти со подрачните училишта, додека 34 во ОУ „Братство единство“ во градот со подрачното училиште во село Џепиште. Остантите 115 првачиња се за настава на албански јазик во двете основни школи во градот, изјави Решат Ќормемети, раководител на секторот за образование при општина Дебар.
Пред две декади во основните училишта во Дебар имаше по 600 првачиња. Намалениот број ученици, според педагозите, главно се должи на масовната емиграција во странство, но и миграцијата град-град
10 или 20, пак е помалку
- ОХРИД
01.09.2014
Во општина Охрид денес за прв пат во училишните купи седнаа 511 првачиња, што е за 50 помалку споредено со минатата година. Од локалната самоуправа негираат дека бројот на првачиња во општина Охрид годинава е за 20% помал, како што беше информирано во дел од медиумите.
(За Охрид фалат информации за вкупниот број деца на возраст за запишување, бројките на заминати цели фамилии со млади родители и 1-2 деца одат нагоре).
- СТРУГА
Во соседна Струга ситуацијата е уште подраматична каде за разлика од минатата година каде од регистрираните 1247 ученици, бројот на запишани првачиња е само 572, што има намалување за околу 60%
„Досега во вкупно 11 Централни училишта (заедно со периферичните) што се во општина Струга, запишани се вкупно 572 ученици во прво одделение. Уписот е отворен до крајот на овој месец, но меѓутоа ќе има простор за регистрација и до септември, заради граѓаните што моментално не се во Македонија туку работат некаде во странските држави. За разлика од минатата година оваа бројка е помала.
- БИТОЛА
Само десет првачиња повеќе од лани во Битола
По подолго време забележан е мал пораст во бројот на ученици, кој во изминатите години бележеше надолен тренд. Лани имаше дури за 50 првачиња помалку отколку во претходната година.
- ВЕЛЕС
ВЕЛЕС ГОДИНАВА ИМА 20 ПРВАЧИЊА ПОВЕЌЕ ОД ЛАНИ
Во Велес за 14 години бројот на ученици-основци e намален за 2.123, но годинава ќе бидат запишани 20 првоодделенци повеќе во споредба со лани. Kако што вели Марија Настова, раководител за образование при Општина Велес, во учебната 1999/ 2000 во Велес имало 6.678 основци, а тој број во изминатата учебна година бил намален и изнесувал вкупно 4.555 ученици. Намалувањето е драстично изразено за овие 14 години, додава Настова.
- ШТИП
Директорите на четири основни училишта во Штип побарале согласност од Советот на Општината за формирање паралелки со помал број ученици во учебната 2014/2015 година. Претседателот на Kомисијата за статус и прописи при Советот на Општината, Нако Наков, изјави дека барањето на училиштата паралелките во прво одделение да бидат со помал број е пракса последниве неколку години бидејќи се намалувал бројот на првачиња.
Но, од кабинетот на градоначалникот Илчо Захариев велат дека, напротив, годинава има повеќе првачиња од лани. Имено, од одделението за образование во штипската општина посочуваат дека лани биле запишани 393 првачиња, а годинава, на неколку дена пред почетокот на училишната година, биле пријавени 426 деца, кои би требало да тргнат во училиште.
Пријавени и запишани не е исто!