Агенција за вработување - ИНФО

Член од
16 август 2011
Мислења
64
Поени од реакции
12
Се разбира секој си бара провизија за својата услуга Агенциите сами си прават политика како ќе ги наплатуваат своите услуги тука нема ништо спорни тинодј!

И они плаќаат трошоци за телефон,интернет,струја,лиценца и така натака.......
добро - мене тоа ми е јасно, но има други вакви агенции освен посочената или таа е монопол?
--- надополнето: Sep 21, 2011 10:49 PM ---
Легално законски не е возможно некој да работи за тебе, а да не плаќаш придонеси. (НЕ)Легално можеш само еден месец да видиш дали знае да работи и да го осигураш. Во сите останати случаи без амин од трудова ќе те гонат кривично. А амин трудова дава со свој печат на овие договори.
Ова доста помага. Каде да се обратам за таквиот амин? Кои критериуми треба да ги исполнува кандидатот? Што да им правам на оние што идат и што велат дека факултетот ги пратил (некои од нив имаат некој документ од факултетот кој не е аминован од трудова)?
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
добро - мене тоа ми е јасно, но има други вакви агенции освен посочената или таа е монопол?
--- надополнето: Sep 21, 2011 10:49 PM ---

Ова доста помага. Каде да се обратам за таквиот амин? Кои критериуми треба да ги исполнува кандидатот? Што да им правам на оние што идат и што велат дека факултетот ги пратил (некои од нив имаат некој документ од факултетот кој не е аминован од трудова)?
За жал ова е монопол. Не е агенција туку се води како проект финансиран од УСАИД и од нашата ценета влада. Затоа печат од трудова ставаат само кај нив и за некоја паричка ти ги враќаат документите. Потоа на 6 месеци можеш да мењаш практикант.
 
Член од
16 август 2011
Мислења
64
Поени од реакции
12
За жал ова е монопол. Не е агенција туку се води како проект финансиран од УСАИД и од нашата ценета влада. Затоа печат од трудова ставаат само кај нив и за некоја паричка ти ги враќаат документите. Потоа на 6 месеци можеш да мењаш практикант.
Така и мислев :( а што сме ние сите овде овци? И јас сакам владата да ми отвори ваков бизнис!!! Како бил одбран овој бизнис партнер? Како владата ги контролира цените на овој партнер? Дали државата добива нешто од ова? Зошто не овозможила конкуренција? Ова е сигурно спротивно на многу закони и добар правник може да направи добар бизнис од ова. Зошто си молчат другите агенции за вработување (човечки ресурси) ?

Страшно!
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Така и мислев :( а што сме ние сите овде овци? И јас сакам владата да ми отвори ваков бизнис!!! Како бил одбран овој бизнис партнер? Како владата ги контролира цените на овој партнер? Дали државата добива нешто од ова? Зошто не овозможила конкуренција? Ова е сигурно спротивно на многу закони и добар правник може да направи добар бизнис од ова. Зошто си молчат другите агенции за вработување (човечки ресурси) ?

Страшно!
Имам работено на проекти и знам како се добива овој бизнис. Прво идејата за овој проект ја дава невладина организација (што е всушност и ова) која потоа бара пари од невладини амерички агенции, амбасади и еу организации. Кога ќе го одобрат проектот и парите се вклучува државен орган како партнер во проектот и државата издвојува средства дали финансиски или административи. И така почнува да работи проектот под покровителство на дражава и на странски фактор во земјава. Кога ќе заврши терминот за кога е одобрен со помош на резултатите во бројки се бара продолжување на проектот. И се така додека државата не најде капацитет сама да го организира. Во случајов намалување на невработеноста. Министерството гледа само бројки, пр. од 2374 практиканти, 458 останале да работат. И тоа се смета за успех.
Агенциите за привремени вработувања се едно, проектите се друго.

Во превод на нашки мижи мујо да ти баам. Ова го искористија сите фирми за да не плаќаат придонеси и да имаат бесплатна работна сила. Од друга страна децата стекнаа искуство. И така.
 
Член од
16 август 2011
Мислења
64
Поени од реакции
12
Имам работено на проекти и знам како се добива овој бизнис. Прво идејата за овој проект ја дава невладина организација (што е всушност и ова) која потоа бара пари од невладини амерички агенции, амбасади и еу организации. Кога ќе го одобрат проектот и парите се вклучува државен орган како партнер во проектот и државата издвојува средства дали финансиски или административи. .
А париве зошто ми се ? да направам онаков мизерен веб сајт кој не функционира и кој не ги отвора документите кои би требало да се јавни? Кој дава различна грешка на секое кликнување? Или за да го поткупам министерот? Мене не ми требаат пари од странска агенција, само министерот нека ми вети дека ке ме аминува - и имам 100пати повеќе капацитет и со поконкурентни цени од тие на моја кариера одлично да работам. Уствари оваа агенција не мора ни да прави ништо - фирмите сами ја најдуваат и приморани се да ја молат, затоа што како сама рече - можат скоро бесплатно да ги пробаат кандидатите (односно без договори за вработувања и придонеси).
--- надополнето: Sep 21, 2011 11:43 PM ---
Практиканството во МК тие е легално искористување. Во Телеком можеш да си практикант и година, година и пол и да ти кажат ауфидерзен :helou:
А ова телеком како го прави? И ова е аминувано од државата? Некој спомна и Стопанска банка, и тутунска банка, и тие се аминувани?
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
А париве зошто ми се ? да направам онаков мизерен веб сајт кој не функционира и кој не ги отвора документите кои би требало да се јавни? Кој дава различна грешка на секое кликнување? Или за да го поткупам министерот? Мене не ми требаат пари од странска агенција, само министерот нека ми вети дека ке ме аминува - и имам 100пати повеќе капацитет и со поконкурентни цени од тие на моја кариера одлично да работам. Уствари оваа агенција не мора ни да прави ништо - фирмите сами ја најдуваат и приморани се да ја молат, затоа што како сама рече - можат скоро бесплатно да ги пробаат кандидатите (односно без договори за вработувања и придонеси).
--- надополнето: Sep 21, 2011 11:43 PM ---

А ова телеком како го прави? И ова е аминувано од државата? Некој спомна и Стопанска банка, и тутунска банка, и тие се аминувани?
Не разбираш проект како функционира очигледно. Тоа е само за продавање магла и за перење пари. Што им е гајле каков е сајтот кога се единствените со амин од државата. Не е финтата квалитет него квантитет. Сите се под овој проект, неможеш да направиш бизнис во овој дел. И стопанска и прокредит и телеком и сите. Значи правно во МКД не смееш да држиш практиканти без пари и придонеси. Тоа го може само овој проект.
 
Член од
16 август 2011
Мислења
64
Поени од реакции
12
Тоа сакав да го слушнам! Прекрасно! А некаде да се пожалам? Да кажам дека правењето на монополски позиции е забрането? На вести ? Во МТСП? Или да си ќутам и п**ам? Во принцип разбирам како функционира - само сакав да дојдеме до ист заклучок кој јавно ќе го искажеме па можеби и некој ќе налета и ќе го прочита. Не сакам да го премолчам ова уште еднаш. Благодарам за твојата помош!
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.290
Поени од реакции
15.508
Не разбираш проект како функционира очигледно. Тоа е само за продавање магла и за перење пари. Што им е гајле каков е сајтот кога се единствените со амин од државата. Не е финтата квалитет него квантитет. Сите се под овој проект, неможеш да направиш бизнис во овој дел. И стопанска и прокредит и телеком и сите. Значи правно во МКД не смееш да држиш практиканти без пари и придонеси. Тоа го може само овој проект.
Колку си сигурна дека правно не е дозволено практиканството кога лани имаше иницијатива од самиот министер за Образование за задолжителна пракса :)
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Колку си сигурна дека правно не е дозволено практиканството кога лани имаше иницијатива од самиот министер за Образование за задолжителна пракса :)
100%. Барав за мојата фирма практиканти, ми рекоа дека можам само волонтери на кој се плаќа персонален данок, а на практиканти не се плаќа ништо. Овој проект е само легален.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
100%. Барав за мојата фирма практиканти, ми рекоа дека можам само волонтери на кој се плаќа персонален данок, а на практиканти не се плаќа ништо. Овој проект е само легален.
На што се одредува тој персонален данок ..?? 10% од ништо или 10% од минималната плата која колку знам уште не е дефинирана???
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.290
Поени од реакции
15.508
100%. Барав за мојата фирма практиканти, ми рекоа дека можам само волонтери на кој се плаќа персонален данок, а на практиканти не се плаќа ништо. Овој проект е само легален.
Дека јас бев на пракса но не преку тој проект, и од факултет кај нас се земаа упатници за пракса низ банкиве, никој не оди преку проектов.


А ако се плаќа персонален данок врз основа на нешто, и ако ти не го плаќаш практикантот, значи и не плаќа ништо :)

Којзнае...
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Од факултет пракаса е друго, ова е за дипломирани. Факултетот директно си склучува договор со практиканти и фирми.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.290
Поени од реакции
15.508
Тоа е веќе друго ако збориме за дипломирани :)
 
Член од
1 јули 2010
Мислења
138
Поени од реакции
22
150 денари плаќаш еднаш за изработка на апликација.Они заработуваат од твоето вработување 50% од првата плата.
Добро три години каснам со прашањево :) ама можеби уште функционира ова.Дај некој линк од таква агенција ако имаш чисто да ја пробам среќата,нека ми најдат добра работа и цела прва плата ќе им ја дадам;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom