Агенција за вработување - ИНФО

Попај

Буржоазија
Член од
10 јуни 2006
Мислења
699
Поени од реакции
9
Планирам да отворам агенција за вработување,а планирам целата работа да оди стриктно преку интернет,контакт со голем број на фирми кои бараат работници и физички лица.Дали поискусните мислите дека е некоја просперитетна работа од која ќе има доволна заработувачка?
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Вака стојат работите кај некои агенции за вработување.Плаќаш 150 денари и пополнуваш апликација и доколку те вработат од првата плата даваш 50%.Пресметај колку луѓе можеш да вработиш на денешницава,со кој фирми (со колкави плати),персонал,патни трошоци и храна.Не го заборавај и елементот на традиционално поврзани фирми од типот на т мобил,банки и други големи компании со високи плати со досегашните агенции за вработување(пр Мотива,Импулс).За да опстанат секогаш воведуваат консултантски услуги и обука за проект активности.
Овој сектор ќе се развива,но сепак е ограничен од пазарот на труд.Има многу што пропаднаа,има многу неефикасни.Размисли добро,мојот одговор за оваа област на заработка е негативен.
 
city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276

Да, да многу често агенциите за вработување нудат и посебно дизајнирани за клиентите консултантски услуги во комбинација со добар "know how" кои влегуваат во целата таа услуга за која наплаќаат дебело.

Значи мала е веројатноста да има агенција која ќе нуди услуги од типот “Посредување при вработуавање„ и тоа да е се.

Парите во овој бизнис се кај големите компании кои ангажираат моќни имиња како: Мотива, Импулс, Декра и др. кои имаат вработено еден куп луѓе, професионалци за човечки ресурси, за обука и сл.

Според мене, вработување.ком максимално амбициозно настапи на пазарот, но со оглед на таа голема абмицизионост мислам дека не се добија ефектите кои беа планирани.

Од друга страна да ги тргнеме големите фирми, малите фирми сеуште не се доволно развиени и свесни за да ангажираат консултантска компанија за таа намена. Оглас во весник по СМС е 5 ден. и им изгледа како доста поприфатлива опција.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Сити знам дека се појави Декра на македонскиот пазар,долго време неможеше да се снајде иако во соседните земји е доста успешна агенција за посредување при вработување.Не верувам ни дека има успешни приказни зад нив во Македонија,ме интересира што беше причината што не продолжи со темпото како во останатите земји?
За вработување ком. имам информации за поголема бројка на вработени луѓе.Впрочем и моето прво вработување беше преку нив.Не плаќа оној што бара работа,туку оној на кој му треба работник.Ми се допаѓа тој концепт,но имаат големи пропусти.Прво не го вршат они интервјуто,само прават селекција на св.Второ абмициозно почнаа преку интернет,денес тоа не функционира.Трето неможеа да воспостават добра комуникација со големите фирми од каде ќе можат константно да влечат пари,тоа ми зборува за лош менаџмент.
 
city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Сити знам дека се појави Декра на македонскиот пазар,долго време неможеше да се снајде иако во соседните земји е доста успешна агенција за посредување при вработување.Не верувам ни дека има успешни приказни зад нив во Македонија,ме интересира што беше причината што не продолжи со темпото како во останатите земји?
Моја претпоставка за Декра, е дека во Македонија малку е другата состојбата. Станува збор за Македонец која ја има лиценцата и сега џабе ти е лиценца и се друго, ако со тој бренд не знаеш успешно да работиш на пазарот.

За вработување ком. имам информации за поголема бројка на вработени луѓе.Впрочем и моето прво вработување беше преку нив.Не плаќа оној што бара работа,туку оној на кој му треба работник.Ми се допаѓа тој концепт,но имаат големи пропусти.Прво не го вршат они интервјуто,само прават селекција на св.Второ абмициозно почнаа преку интернет,денес тоа не функционира.Трето неможеа да воспостават добра комуникација со големите фирми од каде ќе можат константно да влечат пари,тоа ми зборува за лош менаџмент.
Да, вработување.ком има голема бројка на вработени луѓе, но мислам дека во овој момент не е тоа што беше. Сум имал искуство да соработувам со нив и искрен ќе бидам дека ми изгледаа многу аматарски т.е. како оние останати агенции кои со 2-3 вработени сакаат да понудат квалитетни услуги.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Најново за агенцииве за вработување,е тоа што шансите да ви се јават се многу големи,но временскиот период е неопределен:)
Една по друга ми се јавија двете спомнати агенции,Декра има св кога завршував факултет,тоа е од далечната 2005:)а вработување од 2006.Сега сме 2008 година,е арно им текна де:)и тоа со старо св,ако им го пратам моменталново може побрзо ќе ме викнат,некаде почеток на 2010.Важно надеж да не губите,кад тад.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
230
Поени од реакции
9
Вака стојат работите кај некои агенции за вработување.Плаќаш 150 денари и пополнуваш апликација и доколку те вработат од првата плата даваш 50%.Пресметај колку луѓе можеш да вработиш на денешницава,со кој фирми (со колкави плати),персонал,патни трошоци и храна.Не го заборавај и елементот на традиционално поврзани фирми од типот на т мобил,банки и други големи компании со високи плати со досегашните агенции за вработување(пр Мотива,Импулс).За да опстанат секогаш воведуваат консултантски услуги и обука за проект активности.
Овој сектор ќе се развива,но сепак е ограничен од пазарот на труд.Има многу што пропаднаа,има многу неефикасни.Размисли добро,мојот одговор за оваа област на заработка е негативен.
:jaj:Плаќаш еднаш 150 денари или секој месец? Стварно не знам како иде тоа:toe:.
Зашто ако плаќа еднаш само нема никва заработка агенцијата, а пак во спротивно ако плакаш на некој одреден период може да те влече две години да му плаќаш па кога ке смета дека е доста ке ти понуди нешто (што можно е да не ти одговра и пак да се вратиш кај него да плаќаш)

Не сум имала со нив искуство...ама не би ги препорачала ниту као почеток на бизнис ниту као место за барање работа:coffee:
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
150 денари плаќаш еднаш за изработка на апликација.Они заработуваат од твоето вработување 50% од првата плата.
 
city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Да и јас се изненадив кога ми се јавија од ITC и тоа за прилично добро работно место за кое како никогаш не би очекувал дека ќе ми го понудат.

Во суштина оваа ITC Co. e нова агенција за човечки ресурси која може да се пофали со богато портфолио за солидни компании. Членството е бесплатно а може да се направи со полнување на апликација (тука).
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
ITC Co. е релативно нова,но првенствено се занимава со обуки и во тоа се одлични.Ако некој не им наметне кандидат го избираат најдобриот:)
 
Член од
8 август 2005
Мислења
456
Поени од реакции
78
Leandra, абе отворив една тема, Се вика Агенции за привремени вработувања, и имав поставено некое прачанање. Во прв момент не сакав да ја мешам темата со оваа, ама очигледно никој не ми одговара :( може ли да го пребациш барем како мислење тука? ти си модератор нели или..не?
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Каде отвори тема?Овде во економија?
 
Член од
8 август 2005
Мислења
456
Поени од реакции
78
ахам, да во економија отворив,тема: Агенција за привремени вработувања.
Бидејки тука ;овек пра[уваше за почнување на бизнис, а мене ме интересираше друго околу агенциите за вработување па решив да не му ја мешам темата :) ама толку ли глупи прашања поставив, или повеке никој не се занимава со економија и бизнис )) сите на политика и на секс се оддале:)
слободно бриши го постов, ако се пребаци темата
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Сега ќе ја спојат:)
 
city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
ITC Co. е релативно нова,но првенствено се занимава со обуки и во тоа се одлични.Ако некој не им наметне кандидат го избираат најдобриот:)
Да знам дека е нова и дека се доста квалитетни и успешни во тоа што го работата. Затоа искрено бев изненаден што ми се јавија и жал ми беше што морав да ги одбијам и покрај тоа што стануваше збор за доста добро работно место.

Во суштина фактот дека ITC Co. се главната компанија која вршеше регрутација на кадри за ВИП кажува доволно за нивниот квалитет.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom