Ќе стане ли Македонија земја со највисоки давачки/придонеси за плата и надоместоци во Европа?

D

Darko_ufo

Гостин
Антиуставно е да се укине максималната основица за пресметување придонеси, зошто висната на најголемата пензија е ограничена (сега мислам дека е 36,000 денари), зошто со тоа се загрозува правото на еднаквост на луѓето со високи примања, кои ќе плаќаат 25,3% придонеси на своите приходи, а со ограничувањето на висината на пензијата за нив нема да важат процентите по кои се пресметува пензијата, односно за нив ќе важат далеку пониски проценти за одредување пензија од пропишаните во законот за задолжитгелно пензиско и социјално осигурување во споредба со луѓето со пониски приходи, што е во спротивност со уставот дека сите луѓе се еднакви и имаат еднакви права.
Дали е антиуставно или не е нив тоа не ги интересира еве денес ќе си ги изгласаат. А тоа дека работава ја заебаа организаторите на протестот е непобитен факт, Груевски и компанија едвај чекаа некој да каже да се зголеми или да се укине основицата, иако они мислеа само за плати се разбира дека ќе биде и за хонорарци ама еве за да не се почуствува некој изоставен.

За информација ВМРО ја зголеми од 3 на 4 па им се виде малку па на 6 просечни плати, и сеа им дојде како кец на десетка да нема граница. Најлошото е што сите мислеа дека се нето плати а тоа се БРУТО просечни плати, коа зима владата секогаш е во бруто за да зима повеќе а нешто коа дава секогаш е во нето ко во случајов со останатите ''олеснувања'' ако си во работен однос од другите хонорари да не плаќаш придонеси до 21 000 односно до 1 просечна плата но не бруто туку НЕТО
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.074
Поени од реакции
581
Најпрвин, треба да се донесат законски решенија сите универзитетски професори да мораат да поминат психо-тестови и тестови за интелегенција и знаење од својата бранша на секои 4 години, за да им се верификува работното место, и, така циклично на периоди од по 4 години, да се проверува знаењето и менталното здравје на оние кои ги образуваат академските граѓани.

Кога скоро насекаде во соседството се воведува рамен и низок данок, ние треба да се враќаме наназад со прогресивен данок? Ако Македонија воведе прогресивен данок, нема да бидеме воопшто конкурентни за странските инвеститори, за што релевантен доказ се никаквите инвестиции додека имавме прогресивен данок наследен од СФРЈ.
Рамниот данок е најпромашен концепт досега. Прочитај малку и ќе видиш зошто е тоа така. Многу од земјите веќе се на пат да го вратат прогресивниот данок (не планирам да објаснувам кои и зошто,може се да се најде на нет). Кај нас е неопходно враќање на истиот барем парите да се земаат по пропишана постапка, а не преку воведување ДДВ на физички лица од причина што немаат веќе од кај да грабаат. А, инаку државата собра многу даноци од СДИ,со тоа што ги ослободи од плаќање на данок за 10 години и 100 други нон сенс бенефиции.
Нам не ни требаат СДИ кога на нивна сметка државата го задуши домашниот приватен сектор. Чисто информативно да не се изгубиш во информациите кои ги имаш.
No hard feelings!!!
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.073
Поени од реакции
19.878
Фала богу им текна на ненормалниве барем да ја вратат највисоката основица за плаќање придонеси.
Допрецизиран и појаснет законот за придонеси. Собранието ги усвои измените во законот за плаќање придонеси од задолжително социјално осигурување. Во него е определена највисоката основица за плаќање придонеси.

Секое лице кое месечно зема над 12 просечни плати, или над 4,000 евра, не е обврзан да плаќа придонеси, туку само персонален данок. Втората група се однесува на самовработените лица, каде сумата е дефинирана на над 8 просечни месечни плати.

-Овде зборувам на адвокати, нотари, извршители и други лица. За нив највисоката основица за плаќање придонеси изнесува 8 просечни плати. Значи овие лица кои земаат над оваа сума, ќе плаќаат само персонален данок, изјави Крсте Мукоски, предлагач на законските измени

Во законот е допрецизирано дека секое лица што зема било каков паричен надомест, ќе плаќа придонеси. За невработените, сумата е над минималната загрантирана плата, односно над 9,590 денари. Лицата пак кои се во работен однос, и имаат некој друг вид договор, придонеси ќе плаќаат само ако сумата им надминува над 21,588 денари.

Во законот е допрецизирано дека обврска да плаќање придонеси имаат и функционерите членови на Управни и Надзорни Одбори. Плаќањето придонеси нема да биде 5 дена по исплатата на хонорарот, туку до 5 дена по истекот на месецот. Овие најнови измени стапуваат на сила од март.
@Darko_ufo
Пријателот твој има повод за частење. :D
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
....незнам зошто.., постојано сум се прашувал кој е тој бизнис во Македонија кој оправдува ПЛАТА од 4000 евра.. за било кого во нешто што се вика компанија во Македонија.
Нормално ..тука не мислам на парите кои се по основ на сопственост....или удел во бизнисот. Ама тие колку знам не се третираат како плата и давачки по плата, туку само се оданочуваат .
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
....незнам зошто.., постојано сум се прашувал кој е тој бизнис во Македонија кој оправдува ПЛАТА од 4000 евра.. за било кого во нешто што се вика компанија во Македонија.
Нормално ..тука не мислам на парите кои се по основ на сопственост....или удел во бизнисот. Ама тие колку знам не се третираат како плата и давачки по плата, туку само се оданочуваат .
Немој да поаѓаш од просекот во Македонија кој најчесто се користи за да се формира плата, туку од реалната придобивка која вработениот би ја донел на компанијата. Ако вработениот заработува 6К во име на фирмата, зошто да не земе плата од 4К? Зарем мора да биде газен затоа што по грашка се родил тука?
Со газење не се гради компанија која може да продолжи да функционира без основачите да глумат диктатори. Со реално пресметана плата (врз основа на квалитет не на политика) може да се формира тим кој ќе продолжи со успешна работа додека газдите си ги ладат табаните на море.
Колку според тебе треба да зема директор на фабрика (не газда, директор) кој успешно раководи со 200-300 луѓе? Или пак директор на финансиска институција кој покрај менаџирањето на процесите, својата глава ја става на гиљотина пред УЈП?
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Знае некој дали највисоката основица за плаќање придонеси се 6 просечни НЕТО или 6 просечни БРУТО плати?
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
Знае некој дали највисоката основица за плаќање придонеси се 6 просечни НЕТО или 6 просечни БРУТО плати?
Незнам со последните измени дали се 6 или 100, ама бруто се сигурно.

Едит: прав си, 6 се ... еве и извор за точен износ на просечно исплатена бруто плата: http://www.ujp.gov.mk/s/javnost/soopstenija/pogledni/495
 

Kajgana Shop

На врв Bottom