Ќе стане ли Македонија земја со највисоки давачки/придонеси за плата и надоместоци во Европа?

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Се предлага да се укине ограничувањето на највисоката основица за пресметка и плаќање на придонесите по основ на плата, на приходи остварени од договори за дело, авторски договори или друг вид на договор со кој е определен надоместок за извршена работа.
Во сите европски држави постои максимална основица до која може да се плаќаат задолжителните придонеси, зошто најголемата висина на пензиите од државните фондови е ограничена обично до максимум 2-3 месечни плати.

Целта на ограничувањето на највисоката основица за пресметка и плаќање на придонеси е да им се обезбедат основните човекови права на еднаквост и правичност на лицата со високи примања, зошто со ограничувањето на висината на државната пензија, лицата со високи приходи добиваат далеку помал процент од просекот на своите приходи врз основа на кои се определува висината на пензијата во споредба со лицата кои добиваат нормални плати и надоместоци. Не е праведно и дискриминирачки е, некој, кој со труд заработува 20.000 ЕУР месечно да плаќа месечни придонеси и даноци од 7500 евра, а притоа во иднина да прима најголема пензија од 700 евра и да добива исти здравствени услуги како и оној кој уплаќал придонеси од 50 евра.

Доколку се укине највисоката основица за пресметка и плаќање на придонесите, лицата со високи примања ќе бидат дискриминирани да плаќаат придонеси за пензии и здрвствени услуги за останатите обврзници, а ќе добиваат многу помала пензија од она што учествувале во полнењето на фондот.

И до сега Македонија имаше во Европа највисока месечна основица од 6 бруто плати за пресметка и плаќање на придонесите во однос на бројот на бруто платите кои влегуваат во максималната основица. Во Германија на пример, највисоката основица за пресметка и плаќање на задолжителните придонеси е 2 бруто плати. Наместо Македонија да ги следи европските искуства и да ја намали највисоката основица за пресметка и плаќање на придонесите на ниво на земјите од ЕУ, кај нас дури се размислува таа да се укуне.

Укинувањето на највисоката основица за пресметка и плаќање на придонесите ќе ја направи Македонија лидер со највисоки давачки и неконкуретна на пазарот на трудот, посебно зошто до нас е Бугарија, земја во ЕУ, каде не се плаќаат придонеси на надоместоци/хонорари, а персоналниот данок на доход е 10%.

Кој странски инвеститор ќе дојде во Македонија да плаќа највисоки придонеси на надоместоците и платите за своите раководители и менаџерски тимови?
Се планира отварање на слободни финансискии зони во Македонија, а како платите и надоместоците во финансискиот сектор се многу високи, кои финансиски организации би дошле во Македонија да плаќаат највисоки придонеси за своите вработени?

И да не ги заборавиме фриленсерите кои остваруваат приходи од странство, многу од нив и премногу добро заработуваат и се “премија“ за Македонија со нивните приливи од странство, па со високите придонеси постои опасност фриленсерите да се иселуваат од Македонија.

Се надевам дека власта убаво ќе размисли за несогледливите економски и финансиски последици доколку го укине ограничувањето на највисоката основица за пресметка и плаќање на придонесите и државава да биде позната во светот како првак по највисоки придонеси за плата и надоместоци. И придонесите се јавна давачка како и даноците, така што не ќе може после да се вели дека Македонија имала најниски даноци во Европа :)
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Мислам дека не е фер и не транспарентно некој да плаќа повисоки давачки од причина што заработува повеќе...Да не должам многу еден поранешен член на форумот го има убаво објасното ова.

Тие што перат пари не плаќаат даноци.

Македонија има совршен даночен систем со рамни ниски даноци од 10%.

Сите луѓе се еднакви и затоа сите еднакви даноци треба да плаќаат.

Не е фер некој што заради своите лични способности годишно легално заработил 52000 евра да се даночи со 42%, а некој 0% зошто заработил само до 8000 евра.


Кој странски инвеститор ќе дојде во Македонија да плаќа највисоки придонеси на надоместоците и платите за своите раководители и менаџерски тимови?
Се планира отварање на слободни финансискии зони во Македонија, а како платите и надоместоците во финансискиот сектор се многу високи, кои финансиски организации би дошле во Македонија да плаќаат највисоки придонеси за своите вработени?
И тука би те демантирал од одма, Македонија има најниски даноци на свет за странски инвеститори и навистина ме чуди што вака без никаков резон се напаѓа цел труд што го вложува премиерот и владата.
Да не должам ќе го цитирам уште еднаш еден поранешен член на форумот кој убаво објасни пред неколку години зошто Македонија е лидер во регионот.

Бреј...само да се критикувало, а гледам дека “критичарите“ се скарале со логиката и аргументите.
Изгледа се плашат да не инвестира индиецов тука, па да не испадне дека нивните опозиционерски партии ќе останат вечна опозиција, зошто нема веќе што да критикуваат :pos::pos:

Абе луѓе, дај размислувајте трезвено. Индиецот дошол тука и ако сака да инвестира тоа ќе биде добро за Македонија и Македонците, без разлика кој е на власт и кој утре ќе биде на власт. Се прашувате зошто би можел да инвестира?! Па имаме најниски даноци во Европа (заедно со БГ), данокот на добивка е само 10%, додека во Индија истиот тој корпоративен данок изнесува 33% за мали фирми, 36% за средни фирми и 41% за големи фирми со голем обрт. Секој бизнисмен ќе инвестира и ќе произведува добра и услуги, онаму каде има најповолни услови за тоа. А Македонија тоа моментално го нуди со најниските даноци и безданочните ТРИЗ, каде во првите 10 години не се плаќа данок на добивка и персонален данок! Најголема расходна ставка која ја намалува заработката на фирмите не е работната сила, туку даноците, па потоа иде енергијата, па суровините и на крај работната сила. Во ЕУ вообичаена даночна стапка на данокот на добивка е 24% односно 240% повисока од македонската.

Само фирмата на Рој САХАРА ИНДИА ПАРИВАР вреди 26 милијарди долари. Малку погуглајте и видете кој доаѓа во Македонија, па после снимајте филмои.
 
Последно уредено:

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.659
За инвеститорите најмал данок, за да можат да направат роботи од нас за ебани 10.000 денари плата, додека за фриленсерите ќе стапи нов закон со 35% оданочување на заработените пари, затоа што нашле подобра работа отколку роботиката во познативе фирми во Македонија.
Голем дел се иселија од нив, ќе се иселат и многу други, пошто го избркаа секој нормален човек кој што не дели нивно мислење и став.
 
Член од
16 септември 2013
Мислења
687
Поени од реакции
514
Странските инвеститори не плаќаат ни 1евро данок.
Имам информации дека и поголеми Македонски фирми се ослободени од данок, додека помалите плаќаат.

Знам дека платата во странските фирми е многу мизерна, и владата доплаќа некоја сума на пари за вработените да можат да земат едвај 250евра.
Зашто дава владата пари како плус плата на луѓе запослени во приватниот сектор на сите ни е јасно.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Не се секирајте, уште еден мандат и биче боље!

 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.073
Поени од реакции
19.865
За инвеститорите најмал данок, за да можат да направат роботи од нас за ебани 10.000 денари плата, додека за фриленсерите ќе стапи нов закон со 35% оданочување на заработените пари, затоа што нашле подобра работа отколку роботиката во познативе фирми во Македонија.
Голем дел се иселија од нив, ќе се иселат и многу други, пошто го избркаа секој нормален човек кој што не дели нивно мислење и став.
Не може да направат роботи од нас, освен ако не им дозволиш. Тие што потпишале договор да работат за 10.000, свесно го направиле тоа, свесно се согласиле да бидат роботи. Ако на некој не му се допаѓа тоа, слободно може да напушти работно место.

На битушко му ги скратија хонораирите за пишување на кајгана, и сега збесна. :icon_lol:
Хакнат му е акаунтот. :icon_lol:

Иначе, на темава, абе кур да пушат! Идеологиите им се каша-попара на партииве кај нас. Десничарите левичари. Левичарите десничари. Абе кур да пушат.
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Мислам дека не е фер и не транспарентно некој да плаќа повисоки давачки од причина што заработува повеќе...Да не должам многу еден поранешен член на форумот го има убаво објасното ова.







И тука би те демантирал од одма, Македонија има најниски даноци на свет за странски инвеститори и навистина ме чуди што вака без никаков резон се напаѓа цел труд што го вложува премиерот и владата.
Да не должам ќе го цитирам уште еднаш еден поранешен член на форумот кој убаво објасни пред неколку години зошто Македонија е лидер во регионот.
Благодарам на трудот да извадиш мои цитати од порано со кои се потврдува мојата конзистентност во ставовите дека даноците треба да бидат ниски. Во 2014 г. не сум се согласувал со прогресивната даночна стапка во Германија и даночењето на Германците со високи приходи со повисоки даночни стапки, а сега не се согласувам со зголемувањето односно укинувањето на основицата за плаќањето придонеси во Македонија.[DOUBLEPOST=1423587421][/DOUBLEPOST]
Странските инвеститори не плаќаат ни 1евро данок.
Имам информации дека и поголеми Македонски фирми се ослободени од данок, додека помалите плаќаат.

Знам дека платата во странските фирми е многу мизерна, и владата доплаќа некоја сума на пари за вработените да можат да земат едвај 250евра.
Зашто дава владата пари како плус плата на луѓе запослени во приватниот сектор на сите ни е јасно.
Треба да правиме разлика меѓу данок и придонеси за плата и надоместоци. Едно се даноци, а сосема друго се придонеси. Само во техничко-индустриските развојни зони- ТИРЗ не се плаќа данок (персонален данок, данок на добивка и ДДВ), додека и таму се плаќаат сите придонеси од ца. 27% на платите и надоместоците.[DOUBLEPOST=1423587798][/DOUBLEPOST]
И тука би те демантирал од одма, Македонија има најниски даноци на свет за странски инвеститори и навистина ме чуди што вака без никаков резон се напаѓа цел труд што го вложува премиерот и владата.
Да не должам ќе го цитирам уште еднаш еден поранешен член на форумот кој убаво објасни пред неколку години зошто Македонија е лидер во регионот.
Точно дека има Македонија најниски даноци, но има просечни придонеси и ако се воведе плаќање придонеси на неограничена основица, тогаш ќе имаме највисоки придонеси во Европа. Се надевам дека правиш разлика меѓу даноци и придонеси.
 
Последно уредено:
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Редно тие со 80к Е плата, да си ја намалат платата и да ја поделат на останатите вработите т.е тие што зимаат 200Е плата, само што ова е лош начин на имплементирање т.е оние што се човек фирма ќе наебат.
 
D

Darko_ufo

Гостин
Ова е најголем криминал јас знам еден другар што заработува вртоглава сума на интернет и редовно си плаќа данок, сеа со новиот закон ќе му ја растурат работата, односно грубо пресметано: вложил 10 000 евра за да заработи 20 000, со новиот закон сите институции го убедуваат дека треба да плаќа придонеси иако нема никаков хонорарски договор и не му признаваат никакви трошоци. Значи заработил 20 000 евра од кои само 10 000 се чисти а они ќе му лупнат на 20 000 давачки од 36 посто и ќе мора да плати 7200 евра што значи за него остануваат само 2800 евра. Па дали утре ќе му дадат пензија од 4000 евра? Дали за мочаното здраство на Тодоров вреди да плаќа 1600 евра месечно? Што ќе добие он од тоа здраство? Ова е невиден криминал.

Останува уште да се направи да се плаќаат придонеси за игри на среќа и по основ на дивиденди. За сите да бидеме среќни и еднакви.
 
Последно уредено од модератор:

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
А не братче нема бегање сега. Сега ти има да платиш за се.
Го поддржувам секој закон со кој битушанец ќе биде избричен со 99% од заработка. И не само тоа туку и ќе ги гласам од следна година. Не основица на придонеси да зголемат, абе леб да нема да јаде се дотогаш ќе ги гласам.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.182
Поени од реакции
17.993
Ова е најголем криминал јас знам еден другар што заработува вртоглава сума на интернет и редовно си плаќа данок, сеа со новиот закон ќе му ја растурат работата, односно грубо пресметано: вложил 10 000 евра за да заработи 20 000, со новиот закон сите институции го убедуваат дека треба да плаќа придонеси иако нема никаков хонорарски договор и не му признаваат никакви трошоци. Значи заработил 20 000 евра од кои само 10 000 се чисти а они ќе му лупнат на 20 000 давачки од 36 посто и ќе мора да плати 7200 евра што значи за него остануваат само 2800 евра. Па дали утре ќе му дадат пензија од 4000 евра? Дали за мочаното здраство на Тодоров вреди да плаќа 1600 евра месечно? Што ќе добие он од тоа здраство? Ова е невиден криминал.

Останува уште да се направи да се плаќаат придонеси за игри на среќа и по основ на дивиденди. За сите да бидеме среќни и еднакви.
Да законов и вака променет повторно е килав. Нема ослободување на платени трошоци, само со фирма тоа, но со оглед дека не итернет треба да плаќаш на многу поединици најчесто индијци и филипинци, немаш начин да си ги вратиш трошоците ни како фирма.

Така да за таквите најверојатно ќе мора да работат во некоја поразвиена земја и таму да плаќаат данок.
 
D

Darko_ufo

Гостин
Искрено ова што се прави е невидено. Има многу луѓе од типот ''ако зема пари треба да дава'' и со тоа премолчуваат и го одобруваат овој апсурд, па некој на 20 000 евра да плати за пензија 3600 евра во еден месец, и така континуирано и полсе да добие пензија од 500 евра нема никаде во свет. Само во Грујоленд тоа може а за здравството да не правам муабет ќе плаќаш 1700-2000 евра месечно и пак некој преку врски пред тебе ќе оди а да не зборам за условите. Па сите приватни болници ке се истепаат да им дадеш 2000 евра во нивниот фонд. Не им е доволно данокот, па придонеси и покрај тоа што се без никакви договор, и тоа не им е доволно па сеа ќе се укине и 6 просечни плати. Утре ќе бидат 60 посто. А до тие што се ситат '' на комшијата да му умре козата'' ќе се најдат во иста ситуација.

Решението е да се работи од Бугарја па таму ќе се плаќа данок, овие криминалциве тука што си играат држава може слободно да продолжат да угнетуваат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom