Љубовта е навистина слепа

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544


Ена Беговиќ е родена во Сплит на 15 август 1960
Уште на возраст од 18 година за првпат настапила во филм. Иако очекувала филмска кариера, најголем успех постигнала како театарка глумица. Шеснаесет години била првенец на Хрватското народно казалиште во Загреб.
Исклучитено убава, талентирана, шармантна, важеше за една од најпривлечните жени во Јуославија
Љубовта на нејзиниот живот беше бизнисменот Јосип Радељак, роден 1943, со кого ќе стапи во врска во средината на 90-тите години
Јосип Радељак претходно беше во брак со глумицата Беба Лончар.
Врската помеѓу Ена и Јосип најнапред беше тајна врска, а бракот помеѓу нив е склопен дури 2000 година
Но Ена нема да има среќа. 45 дена по раѓањето на ќерката Лана, на 15 август 2000, Ена ќе загине во сообраќајна несреќа
http://en.wikipedia.org/wiki/Ena_Begović
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544


На 12 јануари 1966 Мариз Масиера се омажи за Џо Дасен
Тие се запознале на 13. декември 1963 на една забава и тогаш започнала нивната романса
Но парот нема веднаш да има деца и проблемите со желбата да имаат деца ќе бидат фатални за оваа врска
На 12 септември 1973, Мариза ќе роди машко дете. Ова дете е родено два и полмесеци предвреме и ќе живее само пет дена
Други деца нема да имаат
Во 1977 парот ќе се разведе
На 14 јануари 1978, Џо Дасен ќе се ожени со Кристин Делво
Нивниот прв син; Џошуа е роден на 14 септември 1978, а вториот син Жилиен е роден 22 март 1980
Џо Дасен ќе умре ненадејно од инфаркт на 20 август 1980
Кристин Делво ќе умре 1995
Децата ќе ги одгледаат родителите на Џо и неговите сестри
Мариз Масиера сега ја нерекуваат Големата госпоѓа Дасен.Ректко се појавува во јавноста, но кога ќе се појави жали за својата голема љубов
http://www.joedassin.info/fr/index.html
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544


Попеа Сабина е родена 30 година од новата ера во Помпеи
Се омажила многу млада, на 14 години, за командантот на преторијанската гарда Руфие Криспин, на тој начин се појавила во дворот на римските императори
Руфие ќе биде сменет и со неа ќе се ожени Марко Салвие Отон, близок пријател на императорот Нерон
58 година во неа се загледал и вљубил лично Нерон.
Но во таа љубов Нерон ќе има пречки
Со Отон лесно ќе се справи, Нерон ќе го прати како амбасадор во далечна земја. Така Попеа ќе му стане љубовница
Пред се Нерон беше оженет и имал мајка Агрипина која го донела на престол
Нерон ќе ја убие својата мајка Агрипина 59 година
А својата жена, Клаудија Октавија, Нерон ќе ја протера и убие 62 година
Така Попеа ќе стане сопруга на Нерон и римска царица
Но нема долго да ужива во тоа
Во шеснаестата книга од Аналите, Тацит не известува за нејзиниот крај
Во бес Нерон ќе ја удри во стомак иако очекувала дете и таа ќе умре во 65тата година од нашата ера, на возраст од 35 години
http://en.wikipedia.org/wiki/Poppaea_Sabina
Еве овој пример го давам за да покажам дека „ слепата љубов ’ не е секогаш пријатна ниту убава
Сепак Нерон ја убил и мајката Агрипина и жената Клаудија Октавија поради неа
И сега кога ја гледаме скулптурата на Попеа ни се чини дека е тоа некоја мирна жена
Но таа Попеа барала да и се донесе одсечената глава на Клаудија Октавија
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544


Џулија Робертс е родена на 28 октомври 1967 година Џорџија - САД
Како дете сакала да стане ветеринарен лекар, дури и почнала да студира. Но сепак се одлучила за глума
Настапувала и како модел.
Поради својата привлечност и шарм, остварила врски со многу познати глумци, на пример Лијам Нисон, Кифер Сандерленд, Џејсон Петрик и други, Со Кифер Садерленд дури била верена, но веридбата ја раскинала три дена пред свадбата.
1993 се омажила со Лајом Лавет, но тој брак траел само до 1995
Очигледно, во тоа време, таа ја барала својата љубов
Нејзината љубов таа ќе ја сретне, дури 2001 година, кога ќе го снима филмот Мексиканец
Тоа ќе биде камерманот Даниел Модер роден 1969
Даниел во тоа време беше оженет, но ќе се разведе и тие ќе се венчаат на 4 јули 2002
Во тој брак Џулија има три деца
http://en.wikipedia.org/wiki/Julia_Roberts
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544


Тања Бошковиќ е родена на 27 јуни 1953, во Белград, Но набргу семејството се сели во Аранѓеловац, каде што живеела до својата седумнаеста година. Нејзините родители биле професори во гимназија, а татко и бил и директор на гимназијата.Завршила гимназија во Аранѓеловац и Факултет за драмски уметности во Белград.
Како млада беше исклучитлно привлена. На неа Богдан Тијананиќ своевремено и рекол „ Тања, половина Белград сонува за тебе, а ти седиш дома и плетеш. Самата раскажува дека, не смеела да се качи во градски атвобус, бидејќи носела изразито мини здолниште
Но се има свој крај
Љубовта на нејзиниот живот бил Дејан Караклајиќ, Познат филмски режисер, но уште попознат по големиот број бракови со познати глумици и пред и после бракот со Тања.
Бракот ќе и трае кратко. Во тој брак ќе се родат нејзините две деца, синот Ѓорѓи и ќерката Лана. Тања сама ќе ги одгледа децата и целата ќе се посвети на децата

http://en.wikipedia.org/wiki/Tanja_Bošković
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544


Доли Ребека Партон е родена на 19. јануари 1946 година во Севирвил -Тенеси. Потекнува од семејство со многу деца. Вкупно биле 16 деца
Кога ја завршила средно училиште, отишла во Нешвил, да се обиде како пејачка
Во Нешвил ја сретнала љубовта на својот живот - Карл Дин
Се сретнале 1964 во една пералница за алишта. Карл е четири години постар од неа и бил тих и повлечен градежен предприемач во Нешвил, кој се занимавал со асфалтирање и поплочување на улици
Љубовта е слепа
Тие се венчале во мај 1966.
Тогаш и двајцата биле непознати
Доли денес ја нарекуваат жива икона на кантри музиката. Карл Дин и понатаму, се до пензионирањето се занимавал со асфалтирање и поплочување на улици во Нешвил
Тие се и денес заедно и Доли вели дека се сакаат како и првиот ден
За жал, двојката нема деца, меѓутоа се грижела за децата од Нешвил и ги помагала децата од целиот Свет
http://en.wikipedia.org/wiki/Dolly_Parton
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544


Лепосава Лепа Перовиќ е родена на 29 август 1911 во селото Машиќи, во близината на Бања Лука. Таа беше најстара, а покрај неа семејството имало уште три ќерки.
Се школувала во Бања Лука, каде што завршила гимназија и учителско училиште. Работела како учителка. Како многу млада се приклучила кон револуционарното движење. Била апсена и прогонувана
Љубовта на својот живот, Лепа ја сретнала уште при првото апсење 1933 во затворот на Ада Циганлија во Белград. Се работи за Коча Поповиќ, подоцна прославениот партизански командант.
Уште кога го видела си рекла - Ќе биде мој!
Но тоа не било така лесно и нема да биде веднаш. Во време на првата средба, 1933, Кочо бил веќе оженет со Вера Бакотиќ ( За Вера Бакотиќ ќе напишам нешто во некој друг пост - се работи исто за интересна личност ). Во време на средбата Лепа имала 22 и Кочо 25 години. Во затворот и двајцата ќе бидат претепани со тоа што Лепа добила повеќе ќотек. После тепањето ќе ги стават во една просторија и така ќе се запознаат.
Коча Поповиќ, ќе се ожени со Лепа , дури после војната.
А што го привлекло кон неа Кочо Поповиќ ќе опише со следниве зборови:
„ Боље је да с њом разговарате. Она има далеко узбудљивију биографију од мене. У рату је, у елегантном костиму и сукњи, улазила у Загреб, а у ташници је носила дамски пиштољ. На улици је као псе убијала усташе и издајнике, показујућу на своју другу супругу, Лепу Перовић: – Зар ви мислите да бих ја са обичном женом провео 40 година!?
Лепа Перовиќ и Коча Поповиќ, во бракот немаа деца
http://sr.wikipedia.org/wiki/Лепа_Перовић
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544


Mира Сорвино е родена на 28 септември 1967. Потекнува од семество на актери и е најстаро дете во семејството. Дипломирала на Харвард, една година живеела во Пекинг, поради усовршување на Кинескиот јазик. Но сепак ја одбрала глумата како професија. 1995 ја добила наградата Оскар.
Од 1996 до 1998 била во романтична врска со Квентин Тарантино, но тој не бил љубовта на нејзиниот живот
Во август 2003, таа ќе ја сретне љубовта на својот живот, Кристофер Бакус. Тие ќе се венчаат на 11 јуни 2004 и од тогаш се во среќен брак во кој имаат четири деца.
Интересно во оваа врска е што Кристофер е роден 30 октомври 1981, односно помлад е од Мира 14 година
Но очигледно дека годините не се важни кога љубовта е слепа
http://en.wikipedia.org/wiki/Mira_Sorvino
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544


Естел Олдхам е родена на 19. февруари 1897 година.
Љубовта на својот живот таа ја сретнала, уште како тинејџерка. Нејзината љубов бил, нејзиниот врсник и другарче од детството, Вилијам Фокнер.
И кога сите очекувале двајцата, млади и вљубени да се венчаат, непосредно пред Вилијам да ја побара нејзината рака, во 1918 година, во нејзиниот живот се појавува Корнел Франклин, роден 1892. Во тоа време Корнел е млад правник. неговото семејство е во пријателски врски со семејството на Естел и таа, со наговор на своето семејство ќе се омажи за него. Во бракот со Корнел, Естел ќе има две деца. Ќе живеат во Кина. Но љубовта е слепа.....
Во април 1929, Естел ќе се разведе од Корнел
Веќе во јуни 1929, Естел Олдхајм и Вилијам Фокнер, кој во тоа време е само на почетокот од писателската каријера, ќе стапат во брак.
Тој брак ќе трае се до неговата смрт 1962 година
Во првите четири години од бракот, тие ќе имаат четири деца

http://www.findagrave.com/cgi-bin/fg.cgi?page=gr&GRid=13603052
http://en.wikipedia.org/wiki/William_Faulkner
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544


Џорџија О Киф е родена на 15 ноември 1887, во САД - Висконсин
Таа е една од најпознатите американски сликарки.- ја нарекуваат мајка на Американскиот модернизам
Љубовта на нејзиниот живот бил Алфред Стиглиц, уметнички фотограф, роден 1864
Врската со него започнала 1916, уште на почетокот на нејзината каријера
Тој ќе биде промотор на нејзиното творештво
Во 1918 тој ќе и најнапред стане љубовник - во тоа време тој бил оженет
Подоцна ќе се разведе и тие ќе стапат во брак 1924. Во почетокот врската ќе биде страсна, но подоцна таа ќе наоѓа мир во Ново Мексико
По неговата смрт, 1946, таа речиси постојано ќе живее во Ново Мексико
Џорџија О Киф почина, во длабока старост, на 6 март 1986
https://en.wikipedia.org/wiki/Georgia_O'Keeffe
 
Последно уредено од модератор:

коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.056
Поени од реакции
13.554


Џорџија О Киф е родена на 15 ноември 1887, во САД - Висконсин
Таа е една од најпознатите американски сликарки.- ја нарекуваат мајка на Американскиот модернизам
Љубовта на нејзиниот живот бил Алфред Стиглиц, уметнички фотограф, роден 1964
Врската со него започнала 1916, уште на почетокот на нејзината каријера
Тој ќе биде промотор на нејзиното творештво
Во 1918 тој ќе и најнапред стане љубовник - во тоа време тој бил оженет
Подоцна ќе се разведе и тие ќе стапат во брак 1924. Во почетокот врската ќе биде страсна, но подоцна таа ќе наоѓа мир во Ново Мексико
По неговата смрт, 1946, таа речиси постојано ќе живее во Ново Мексико
Џорџија О Киф почина, во длабока старост, на 6 март 1986
https://en.wikipedia.org/wiki/Georgia_O'Keeffe

едно прашање....таа била родена 1887ма а тој 1964та? а врската ја започнале1916та? :)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544


Meрил Стрип е родена на 22 јуни 1949 година во Њу Џерси. Нејзиното вистинско име е Мери Луис Стрип. Потекнува од семејство од средната класа и има уште двајца браќа
Студирала на Универзитетот Јел, драмски уметности и ја започнала кариерата како театерски актер во Њујорк во 70-тите години.
Во тоа време таа ја сретнала љубовта на својот живот, Џон Казал роден 1935
Во тоа време Џон бил млад и талентира актер од кого сите очекувале големи успеси
Заедно ќе настапат во филмот Ловецот на елени
Во тоа време на младата двојка сите и предвидуваа убава иднина
Самите велеле дека ќе стапат во брак кога ќе имаат малку слободно време
Но тоа нема да се случи.
Џон ќе заболи од рака на белите дробови и за кратко време ќе почине. До последните моменти крај него ќе биде Мерил
Во тие моменти околу неа ќе бидат нивните заеднички пријатели Ал Пачино, Роберт Де Ниро, Раул Хулија... но за неа ќе нема утеха
Самата раскажувала за тие моменти: За нашата љубов ќе пишуваат поетите. Јас не можам да живеам во тој стан без него
Во тие моменти младиот скулптор Дон Гамер инаку другар на нејзиниот брат, се понудил да ја одведе на патување низ Европа
По три месеци тие ќе се вратат и веднаш ќе стапат во брак
Мерил ќе рече дека мора и понатаму да живее а Дон Гамер и покажал како да го направи тоа
Бракот на Мерил Стрип и Дон Гамер се уште трае. Во него тие имаат четири деца кои се веќе возрасни
Нивниот брак е карактеристичен по нивните филантропски активности
Најголемиот дел од своите приходи и двајцата ги донираат
http://en.wikipedia.org/wiki/Meryl_Streep
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544


Француската глумица Арлети е родена на 15 мај 1898 година под вистинско име Леони Батиа и таа е вистинска парижанка
Како млада станала модел и глумица и се дружела сп познати уметници ( Коко Шанел, Пикасо и многу други ).
Но за време на Втората светска војна, за време на одупацијата, таа ќе ја сретне својата слепа љубов.
Се работи за германскиот потпоковник Ханс Јирген Шеринг роден 1908. Ханс ќе сака да се ожени со неа и ќе и понуди брак. Но таа ќе ја одбие понудата и врската ќе се прекине во 1943.
Поради ваквата слепа љубов и двајцата ќе страдаат
Ханс ќе биде деградиран и ќе го испратат на фронт
А Арлети, по ослободувањето ќе биде уапсена за соработка со окупаторот како љубовница на германски офицер
Арлети, на тоа ќе каже „ Мене срцето ми е француско, но газот ми е меѓународен “ - Si mon cœur est français, mon cul, lui, est international
После Војната Арлети и Ханс ќе одржуваат пријателски врски се до неговата смрт 1962
https://en.wikipedia.org/wiki/Arletty
 

Kajgana Shop

На врв Bottom