Љубовта е навистина слепа

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544


Баронесата Марија Вечера, е родена на 19 март 1871. Нејзиниот татко, ја добил баронската титула инку бил дипломат. Нејзината мајка била 22 години помлада од сопругот.
Љубовта на Марија бил крунскиот принц и престолонаследникот на австоунгарскиот престол Рудолф
Рудолф бил роден 1858, но тој бил веќе оженет 1881 со белгиската принцеза Стефани.
Тој брак не бил среќен, затоа што Рудолф бил претходно заболен од некаква сексуална болест и со неа ја заразил Стефани, така да таа не можела да има деца, освен првата ќерка.
Во 1887 Рудолф го купува дворецот Мајерлинг. Во есента 1888, во него смртно се вљубува Марија Вечера тогаш на возраст од 17 години. Рудолф не ја сакал посебно Марија, но таа била слепо вљубена
Тоа ќе биде фатална врска
На 13 јануари 1889, двајцата ќе бидат најдени мртви.
Званичната верзија ќе биде дека извршиле самоубиство и тоа верзија ќе е тема на неколку филмови.
Но најновите истражувања покажуваат дека се работи за убиство
http://en.wikipedia.org/wiki/Baroness_Mary_Vetsera
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544

Jeлица Сретеновиќ е родена на 3 март 1954 во Белград. Уште како дете се занимавала со глума. На возраст од 16 години се запишала на Факултетот за драмски уметности
Љубовта на нејзиниот живот бил Милош Сретеновиќ - правник. Тој бил 11 години постар од неа, а таа го познавала уште од својата пета година како школски другар на нејзината тетка.
Додека студирала случајно се сретнале и ... љубовта е слепа
Додека била на втора година студии таа ја родила првата ќерка
Ќе останат заедно се до неговата смрт
http://sh.wikipedia.org/wiki/Jelica_Sretenović
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544


Џун Картер е родена на 23. јуни 1929 година во Вирџинија. Таа потекнува од семејство на музичари. Уште како млада настапувала заедно со својата мајка и своите сестри како музичка група „ Мајката Мејбел и сестрите Картер “
Љубовта на нејзиниот живот е Џони Кеш.
Џун и Џони се сретнале уште јуни 1950 година. И сите години тие ќе сороботуваат на разни начини во музиката- но љубов нема да има
Џун ќе има два брака пред бракот со Џони и во секој брак ќе има по едно дете. И Џони ќе има еден брак
Слепата љубов помеѓу Џун и Џони ќе започне после еден заеднички настап во живо во Лондон. Ќе се венчаат во март 1968 и ќе останат заедно се до нејзината смрт 2003. Џони ќе ја надживее само четири месеци. Во бракот имаа едно дете
http://en.wikipedia.org/wiki/June_Carter_Cash
Со овој пример се докажува дека можеби Вашата „ животна љубов “ е некој кој Ви е пријател, колега од работа, некој кого долго го познавате и сл. Џун и Џони се познавале и тесно соработувале речиси две децении пред да „ ја откријат “ љубовта
На овој пост ме инспирира веста од медијумите дека писмата кои Џони и ги праќал на Џун се сметаат за најубави љубовни писма
http://www.rollingstone.com/music/news/johnny-cashs-love-letter-to-wife-june-carter-named-most-romantic-of-all-time-20150211
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544


Jeлена Ќосиќ е родена на 21. 06. 1974.
На 13. 02. 2011. таа се омажи за познатиот глумец Тихомир Арсиќ
Меѓутоа пред да се склопи бракот тие беа во врска цели 18 години
Уште сосема млада таа слепо се вљубува во Тихомир. Тихомир е роден 1957 година и во моментот на вљубување тој е оженет со Биљана Крстиќ. Во бракот со Биљана, Тихомир има две ќерки Ленка и Милица.
Пред склопување на бракот со Тихомир, Јелена Ќосиќ, вонбрачно со Тихомир има исто две ќерќи, Вера и Арсенија
За време на венчавката на Јелена и Тихомир присутни беа и први им честитаа сите четири ќерки
Се на се многу возбудливо за учесниците на овој љубовен триаголник
А како им е на децата?
Тихомир сега изјавува: Горд сум на мајките на своите деца!
http://www.story.rs/vesti/svet-poznatih/7985-tihomir-arsic-ponosan-sam-na-majke-svoje-dece.html
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544


Џејми Ли Кертис е родена на 22. ноември 1958. Таа е ќерка на актерите Тони Кертис и Џенет Ли
Најзината слепа љубов е Кристофер Гест актер, режисер писател.. роден 1948
Како дошло до таа врска?
Во 1984 Џејми видели негови фотографии во весник. И веднаш и рекла на својата пријателка Дебра Хил. „ Јас ќе се омажам за овој човек “
По пет месеци, на 18 декември 1984 тие стапиле во брак
http://en.wikipedia.org/wiki/Jamie_Lee_Curtis
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544


Вистинското име на Ана Бекута е Гордана Надежда Полиќ.
Родена е на 6 септември 1959 во Прибој, Србија
Својата слепа љубов ја сретнала уште како малолетна тинејџерка.
Таа љубов кратко траела но од неа и останал синот Игор, Игор најнапред го дале во дом за деца без родители но по 8 месеци Ана го зела назад и целата се посветила на него
Игор рател, пораснал и се оженил. 1998 е роден првиот внук на Ана, Бранко, а две години подоцна и внуката Соња.
Но Ана „ не е родена да живее сама “ и од 2012 година е во врска со Милутин Мркоњиќ.
А како се викла првата љубов на Ана?
Тоа тајна, која таа ја соопштила само на својот син Игор
http://en.wikipedia.org/wiki/Ana_Bekuta
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544


Шарлиз Терон е на 07. 08. 1975, во провинцијата Трансвал, во Јужна Африка.
Како дете присуствувала на грозен настан. Нејзината мајка го убила во самоодбрана нејзиниот татко. Според неа, овој настан ќе остане во нејзината крв засекогаш
Нејзината слепа љубов беше актерот Стјуард Таунсенд. Тие се сретнале 2001, на снимањето на филмот Заробени, а подоцна заедно ќе настапат во 2004 во филмот Главата во облаци
Тие не беа венчани, но нивната врска се сметаша како многу цврста
Но, во 2010 години Шарлиз ќе напушти Стјуард. Наводно, станале повеќе брат и сестра од колку љубовници
http://en.wikipedia.org/wiki/Charlize_Theron
 
M

Moon Child

Гостин


Џејми Ли Кертис е родена на 22. ноември 1958. Таа е ќерка на актерите Тони Кертис и Џенет Ли
Најзината слепа љубов е Кристофер Гест актер, режисер писател.. роден 1948
Како дошло до таа врска?
Во 1984 Џејми видели негови фотографии во весник. И веднаш и рекла на својата пријателка Дебра Хил. „ Јас ќе се омажам за овој човек “
По пет месеци, на 18 декември 1984 тие стапиле во брак
http://en.wikipedia.org/wiki/Jamie_Lee_Curtis
Можеби ќе звучи малку клише, иако не е.
Пред јас да се запонаам со мојот сопруг, мојата мајка го запознала прво бидејќи доаѓал во ресторанот каде она работеше.
Многу го засакала како свое дете и во една прилика му покажала слика од мене.
Кога ме видел, рекол, Она ќе биде моја еден ден.

По точно 6 месеци дојдов јас таму. Ког слушнал дека ќе дојдам уште првиот ден дошол да ме запознае, но не сум била присутна во моментот. Истото се случило и вториот пат кога дошол.

Третиот пат бев таму, и никогаш нема да го заборавам моментот кога ни се сретнаа погледите.
Само што се запознавме, 6 дена откако дојдов, наредниот ден излеговме, и се бакнавме за прв пат.
Така со само 1 ден познавање започна нашата врска, која по 4 месеци ја веривме, и подоцна венчавме.
Дејан е љубовта на мојот живот. И јас на неговиот.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544


Елизабет Авелан Велос е филмски продуцент и е родена на 8 ноември 1960 година во Каракас Венецуела. На возраст од десет години, нејзините родители и таа се селат во Хјустон Тексас. Студирала и дипломирала на унивезитетот Рајс во Хјустон
Љубовта на нејзиниот живот е режисерот Роберт Родригез роден 1968 година
1990 година таа се омажила за Роберт
Во тоа време и двајцата биле непознати. Во наредните години тие заедно и со нивниот пријател Квентин Тарантино ќе направат извонредни кариери.
Во бракот Елизабет и Роберт имаат пет деца. По шеснаесет години брак, неколку месеци по раѓањето на најмалото дете, во април 2006 тие се разведоа
Но заедничкото претпријатие и нивната соработка на филмот и понатаму трае
Дали им верувате дека нивната љубов завршила?
http://en.wikipedia.org/wiki/Elizabeth_Avellán
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
upload_2015-5-4_0-23-32.jpeg

Ингрид фон Росен или Ингрид Бергман е родена во Стокхолм на 17 јануари 1930 година под името Ингрид Карлебо
Многу млада, во 1953 година се омажила за шведскиот гроф Јан-Карл вон Росен.
Нејзината слепа љубов е, славниот режисер, Ингмар Бергман. Нивната врска започнала 1957 година, а во тоа време и двајцата имале бракови со други
Ти ќе се венчаат дури во 1971. Во меѓувреме Ингмар ќе има уште два брака и сериозна врска со глумицата Лив Улман
Бракот со Ингмар ќе и трае се до нејзината смрт 1995
Ингмар ќе умре 2007 и е погребан во иста гробница со неа
http://en.wikipedia.org/wiki/Ingrid_von_Rosen
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544


Наталија Ревуелта е родена на 26 декември 1925 во Хавана. Родена е како припадничка на највисоката класа на Куба. Се школувала во Хавана но и во САД
Била омажена и имала дете за познатиот кардиолог Орландо Фернандез кога во во ноември 1952, на скалите на Универзитетот во Хавана ја сретнала својата слепа љубов - Фидел Кастро.
Во тоа време и Фидел Кастро бил исто оженет.
Но љубовта е слепа и ќе се разгори меѓу овие двајца револуцуонери
Во јули 1953 Кастро ќе организира напад на касарна и ќе биде уапсен и осуден на долгогодишен затвор .
За време на робијата Наталија го посетувала и помагала на секој начин
Во мај1955 Кастро ќе биде помилуван и ќе замине егзил во Мексико. Натали ќе го следи. Во тоа време е родена нејзината ќерка Алина на 19 март 1956
По тоа Натали ќе се врати на Куба, ќе се разведе и ќе продолжи со револуционерната борба. И Кастро ќе се разведе ќе се врати и ќе победи во револуцијата. И Натали по револуцијата ќе зазема високи позиции но нема да му дозволи Фидел повторно да и се приближи.
http://en.wikipedia.org/wiki/Natalia_Revuelta_Clews
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544


Kристијана фон Гете е родена со моминско има Јохана Кристијана Софи Вулпиус на 1 јуни 1765 година во Вајмар
Таа потекнува од многучлено но сиромашно семејство
На 13 јули 1788 ја сретна својата слепа љубов - Јохан Волфганг Гете роден 1749. Тој ден таа отишла да го моли Гете за помош на нејзиниот брат.
Љубовта веднаш се разгорела и веќе на 25 декември 1889 е роден првиот син на Гете - Август
Но баркот меѓу нив не бил можен, бидејќи била огромна социјалната разлика на нивните семејства. Таа ќе остане само негова љубовница се до 1806 кога во Вајмар ќе влезе војската на Наполеон
На 19 октомври 1806 тие ќе стапат во брак
Јохана беше инспирација за многу стихови на Гете
http://en.wikipedia.org/wiki/Christiane_Vulpius
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544


Гвен Вердон е родена 13 јануари 1925, во Калифорнија. Нејзините родители биле луѓе од шоу бизнисот. Нејзината мајка и била прв учител за данцот.
Најголема слава ќе доживее на Бродвеј во шеесетите години.
Тогаш ќе ја сретне слепата љубов на својот живот Боб Фоси.
Гвен Вердон и Боб Фоси ќе стапат во брак 1960 и ќе имаат ќерка Никол родена 1963 година
Боб Фоси постојано ќе ја изневерува и тие ќе се раздвојат 1971, но нема никогаш да се разведат и постојано ќе одржуваат контакт.
Тешкиот инфаркт, од кој Боб Фоси починал го доживеал во нејзино друштво и на нејзини раце додека заедно следеле театарска представа.
По неговата смрт таа ќе се погрижи неговите посмртни остатоци да бидат кремирани и спуштени во океанските длабочини
https://en.wikipedia.org/wiki/Gwen_Verdon
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544


Алфреда Мичел е родена 1874. Таа е внука на њујоркшкиот златар Чарлс Тифани
На 20 ноември 1900 година таа се омажила за љубовта на својот живот Хајрам Бингам III.
Taa со него имала пет деца. Хајрам, не бил богат како неа но бил силна личност целосно посветен на науката и политиката. Хајрам Бингам III го открил Мачу Пикчу и бил херој во Првата светска војна, бил професор, сенатор и гувернер. Филмскиот лик Индијана Џонс е инспириран од неговиот живот.
Во 1937 година на Алфреда и здодеало да живее во сенка на својот маж и се развела
http://www.telusplanet.net/public/dkbing/AncestorPix01.htm#Bingham
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544


Габи Новак е родена на 8 јули 1936 во Берлин. Нејзиниот татко кој бил Хрват и нејзината мајка која била Германка, се запознале на летовање, се земале и решиле да живеат во Берлин.
Љубовта на својот живот таа ја сретнала уште во 1958 година, Се работи за Арсен Дедиќ, но ќе поминат многу години пред да тие стапат во брак. Имено во тоа време Габи Новак, била млада и афирмирана пеачка и била веќе во брак. А Арсен Дедиќ бил студент и тој бил во брак.
Габи Новак најнапред била во брак со сликарот Богдан Дебењак, а потоа со музичарот Стипица Калогера. Двата брака траеле кратко, само неколку години и во тие бракови таа немала деца
Арсен Дедиќ бил во брак со Весна Матош со која ја има ќерката Сандра. Но Весна го избркала Арсен една година по раѓањето на девојчето
И така двајцата со скршени срца и со пропаднати бркови почнале да се дружат. Но љубовта не почнала веднаш, најнапред се дружеле со музиката а потоа полека, полека.... Се додека Габи, во 1973 не го родила заедничкиот син Матија. Веднаш потоа се венчале
Габи Новак и Арсен Дедиќ се и денес во брак
https://en.wikipedia.org/wiki/Gabi_Novak
 

Kajgana Shop

На врв Bottom